Забранети растенија во Македонија

Член од
22 јануари 2011
Мислења
50
Поени од реакции
4
Здраво!
Ме интересира дали постои некоја официјална листа на забранети растенија во Македонија.
Го прочитав законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци (од 2008 година), но никаде не најдов конкретна листа на растенија кои се забранети, па ме интересира дали може да се најде конкретна листа?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Се забранети, ама па на кој би му текнало да ти ровари по двор по опојни печурки :D
Psilocybin mushroom
 
Член од
22 јануари 2011
Мислења
50
Поени од реакции
4
Поконкретно ме интересираше за Salvia Divinorum, Mimosa Hostilis и разни такви ствари, пошто гледам по интернет легално се продаваат дел од тие растенија, ама не сум сигурен дали би ги заплениле на царина или такво нешто :)
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Поконкретно ме интересираше за Salvia Divinorum, Mimosa Hostilis и разни такви ствари, пошто гледам по интернет легално се продаваат дел од тие растенија, ама не сум сигурен дали би ги заплениле на царина или такво нешто :)
Почнувајќи од lactuca virosa, leonotis leonurus, nymphaea caerulea, passiflora па се до mimosa hostilis и salvia divinorum во Македонија се класифицирани како хербални производи од висок ризик и се забранети за увоз поради нивните ефекти при конзумирањето (да не ги набројувам). Како и секоја супстанца од обично семе за коноп па до полониум на илегален начин може да се најде без проблем, меѓутоа ако мислиш да ги порачуваш преку нет или пренесуваш преку граница можеш да си направиш проблем. Точно е дека семе од mimosa hostilis или некои од другите билки слободно може да се најде на нет во слободна продажба, кај нас тоа е сеуште ,,табу" тема.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Да не отварам посебна тема, има други нелогични работи, укинување на лекови а нема замена. Во многу држави на ЕУ е легализирана марихуаната во медицински цели, а од друга страна европски комитет почна да блокира и спречува производство на еден куп стари добри лекови. Еве последен пример ќе наведам, дражеите со беладона ( и додатоци), а кој порано ги имаше речиси секаде, во сфрј ги правеше Лек Љубљана. Лек ги прекина во 80-тите, на прашање на пациентите зошто е прекинат лекот одговараа дека наркоманите кршеле стакла и обивале апотеки ?!, глупост невидена бидејќи во апотеките има и морфин и преработки од кокаин. Ги правеше и Новартис, Швајцарија, но и они прекинаа пред 12-13 години и ги упатуваа пациентите на Софарма Софија. Од лани и овие прекинаа, нема замена за овој лек, последните резерви се продаваа по онлајн германски апотеки по цена од 25 до 29 еур ( а цената им беше 1,3 Лева). И сега кога ќе завршат и тие, што ќе прават пациентите ? А има такви лекови ама само во Канада и Тајланд. Но не може да порачаш од таму залиха еден пакет, сепак треба лекарски упат и контрола.
Најново се збори дека ќе се забранат дури и лекови како кафетинот :mad:. Може ќе ги упатуваат пациентите на марихуана...:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom