Забрана за емитување на македонска музика во Македонија

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
На глупоста и нема крај... Уште еден удар врз Македонската музичка сцена а тоа е забраната за емитување на Македонска музика во Р.Македонија. Е сеа моабетов е што некои 100тина души - автори се собрале и решиле дека во име на 5,500 други автори и сл. да се забрани да се емитува македонската музика во нашата земја. Забраната се однесува на емитување класична, забавна, народна, хорска, џез и детска музика, како и на композиции користени во други уметнички дела, реклами, шпици и слично. Значи тоа се односи на радијата - телевизиите, но не и на вас, вие можете по дома или пак во кола да си слушате како што ви милува душата.

Тука е оргиналниот документ доколку сакате да го прочитате.

Еве дел од коментарите во врска со оваа глупост:

АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ, КОМПОЗИТОР

- Нѐ доведоа во ситуација човек да мора своето дело да го забрани, да откине дел од својата душа. Ако гледате површно, тогаш вината ќе ја барате во авторите.

Но ако треба, ќе бидеме и виновници. Правдата е една, неприкосновена и непоткуплива.

КОКАН ДИМУШЕВСКИ, КОМПОЗИТОР

- Авторите се излажани од страна на ЗАМП, повеќе години им се скратени правата и надоместоците, некој друг се богати со наш труд и наши дела! ЗАМП ќе добие тужба, бидејќи не сум ги овластил да забрануваат во мое име.
Секој автор што сака да забрани да се пушта негова музика, треба да си даде лична изјава.

БОЈАН ТРАЈКОВСКИ, ВОДАЧ НА ГРУПАТА „АЈ КЈУ“

- Ова е обид за оневозможување на примената на меѓународно право за заштита на авторските права, удар врз интелектуалната сопственост. И ЦИСАЦ, како водечка светска асоцијација за авторска заштита, која обединува 239 организации од 123 земји во светот, вршеше притисок врз нашето министерство и други законодавни тела за наплата на авторските права кај нас, но без успех. Ваков случај на непочитување, според нив, имало само во Украина, пред дваесетина години. Инаку, со овој своевиден штрајк, нашата цел е да се сменат условите, да не се обезвреднуваат веќе домашните автори, да не се убива нашата култура.

КРИСТИНА АРНАУДОВА, ПЕЈАЧКА И КОМПОЗИТОРКА

- Сите автори-членови на ЗАМП ја поддржуваат оваа одлука и, се разбира, никој не сака нашата музика да не се емитува, едноставно ова е нашиот последен обид некој да нѐ слушне. Евидентно е дека во последниве години Министерството за култура постојано ги намалува тарифите, а тоа никаде во светот не постои.

Забраната не е само од ЗАМП, туку од сите здруженија што ги штитат авторските права во светот. Гледано низ бројки, кај нас еден од најплодните автори чии песни се емитуваат на сите радија добива до 15.000 евра годишно, а во соседна Србија 150.000 евра. Слично е и во Хрватска и во други балкански држави, а да не зборуваме како е во европски и светски рамки.


Кое е вашето мислење околу оваа нова забрана да не се пушта македонска музика во сопствената држава?
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Ako ova znaci deka nema da slusam gjubre na radio u kola, super.
Ima isklucoci normalno... ama sega novive pesni sto gi pustaat... mislis ja peel/pishuval dur sere na sholja
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ako ova znaci deka nema da slusam gjubre na radio u kola, super.Ima isklucoci normalno... ama sega novive pesni sto gi pustaat... mislis ja peel/pishuval dur sere na sholja
Ништо лично ама најчесто вакви коментари доаѓаат од луѓе кои од македонски артисти знаат за Кристина Арнаудова, Јован Јованов и Деникс Екс па си носат заклучок дека секоја македонска песна е булшит.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ништо лично ама најчесто вакви коментари доаѓаат од луѓе кои од македонски артисти знаат за Кристина Арнаудова, Јован Јованов и Деникс Екс па си носат заклучок дека секоја македонска песна е булшит.
Брат дени екс напраи една - две песни... и тоа тоа остајте го дечкото на мира :pos:
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Ништо лично ама најчесто вакви коментари доаѓаат од луѓе кои од македонски артисти знаат за Кристина Арнаудова, Јован Јованов и Деникс Екс па си носат заклучок дека секоја македонска песна е булшит.
Zatoa rekov ima isklucoci.Cim ti donesuvaat zakon, moralna da e MK muzika na radio... zamisli u kakvo stanje ni e muzikata momentalno.
I MK muzika pustaat od 1 do 6 saat sabajle.. zaso nikoj nejke da slusa.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Од некаде дува оваа пропаганда, Лавина од предпоставки а вистината најверојатно ке ја разбереме кога ке поодмине време.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
... Е сеа моабетов е што некои 100тина души - автори се собрале и решиле дека во име на 5,500 други автори и сл. да се забрани да се емитува македонската музика во нашата земја.

...
ВМРО си формираше свој ЗАМП за да не идат парите кај другиов оригиналниот ЗАМП.
Тоа е причината за спорот.
Па нели сме капиталистичка држава, односно држава на слободниот пазар ?

Каков е тој слободен пазар на кој неколку десетици или неколку стотици луѓе, без никакво овластување, донесуваат одлуки за забранување на туѓ производ да се продава на истиот тој наводно слободен пазар ?

Како и да е, среќа во несреќа е тоа што поради технички проблеми не може да се форсира македонската музика во етерот - не бидејќи не чини, што не е целосно точно, бидејќи факт е тоа дека има песни кои чинат, туку бидејќи не е во ред да се форсира одреден производ. На мене лично не ми е јасно како и зошто досега ниту еден електронски медиум не ги оспорил ваквите идиотизми пред Уставниот Суд, бидејќи во целост е спротивно на слободната трговија државата да им форсира на приватни компании производи кои ќе мораат да ги продаваат.

Како и да е, за лекување на душата, тука се Џоле, Бајага, Бора Чорба и друштво.

А и Чарли Гарсија и аргентинскиот рок воопшто не се за потценување.


 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.642
Поени од реакции
13.092
Што сакаат да постигнат со ова не ми е јасно?
Да скренат внимание. Колку само џокери имаат во фиока, рачунајте на све се спремни и ништо не им е свето... Дури ни пивара. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Повторно се потврдува она................., нашето го плукаме, а туѓото го величаме.

Не дека до сега којзнае колку се емитуваше Македонската музика по телевизиите и радијата, ама па сега и тоа малку да го прекинат би било срамота. И најнелогично од се е тоа што поради неколку што тоа го прифатиле, останатите ќе трпат, а притоа ќе им бидат земени пари. Јес да точно е и тоа дека најголемиот дел од нашите пејачи во последно време создаваат шкарт музика, но кога подобро човек ќе размисли тоа го прават чисто колку за да се појават и некој да слушне дека сеуште постојат, знаејќи дека нивното дело нема да се емитува на телевизија или радио, затоа што се емитува странска музика. Па затоа и тој мал број на наши квалитетни пејачи си го фаќа патот за Србија или Бугарија, затоа што таму медиумите на прво место ги ставаат пејачите.

Но тоа е, можеби нашите некогаш и ќе се свестат дека ни треба и Македонска музика:unsure:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
...

Јес да точно е и тоа дека најголемиот дел од нашите пејачи во последно време создаваат шкарт музика, но кога подобро човек ќе размисли тоа го прават чисто колку за да се појават и некој да слушне дека сеуште постојат, знаејќи дека нивното дело нема да се емитува на телевизија или радио, затоа што се емитува странска музика.

...
Зошто да знаеме дека сеуште постојат, ако не снимаат ништо асално ?

Не, не снимаат за да знаеме дека сеуште постојат, туку снимаат за пари.

Ако не снимаат за пари, зошто не се спротивстават на ваквата забрана на ЗАМП и не ги повлечат овластувањата кои му ги дале ?

Сакаат пари, а свесни се дека немаат што да продадат за тие пари.

Ако снимаат за да знаеме дека сеуште постојат, нека ги направат своите песни бесплатни и нека ги закачат на нивните официјални веб сајтови за бесплатно симнување.

Тие на кои ќе им се допаднат нивните песни ќе платат за да имаат оригинални копии од албумите, а тие на кои нема да им се допаднат нивните песни ќе им остават по некој коментар со критики за песните.

Некои бендови започнуваат така што првите албуми ги закачуваат на The Pirate Bay, па дури и Пауло Коељо ги закачи своите книги на торент бидејќи сака неговиот напишан збор да допре до сите. Очигледно парите ги ставил на второ, ако не на последно место, за разлика од нашите музички анти-уметници.

Пиратеријата е најдобриот маркетинг агент и тоа бесплатен, некои компании дури и намерно дозволуваат нивните музички/филмски/софтверски производи да бидат закачени на пиратски канали пред истите да бидат пуштени во продажба за да го осетат пулсот на слушателите/гледачите/корисниците.
 
Последно уредено:

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ne trebase vakvo nesto,trebase da se ogranici vremeto i toa denski,preteraa so mk muzika po 2 casot po polnok
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
BBC извести за забраната на емитување на музика на пејачка од рангот на Каролина во македонските медиуми
http://www.bbc.com/news/blogs-news-from-elsewhere-37429277
Бреееј, музиката на пејачка од рангот на Каролина забранета во македонските медиуми, каков силен удар. Нека прогласат уште сега банкрот радијата и телевизиите, без битолчанката не можат ни милиметар да мрднат, ни денар да заработат, Бог знае како преживуваа пред таа да се појави на македонската музичка сцена. :tapp:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom