Забрана за градба на плац наменет за изградба на куќа.

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Веќе подолго време се соочувам со проблеми од страна на Општина Кавадарци. Имам плац во кавадарци од 1988 година купен од страна на мајка ми и доделен на мене како поклон . До пред 10тина години сакавме да правиме куќа таму и од општината ни рекоја дека не можеле да се граде таму на мојот плац затоа што тие таму имале некој си план да граделе станбена зграда, до ден денешен сите околни плацеви се легализирани и има куќи изградени освен мојот и уште 2-3 плаца еден до друг. До пред некој месец пак појдов во Општината Кавадарци и ми рекоја пак дека сеуште не можам да градам и дека планот за изградба на зграда бил од пред 20тина години и не знаеле кога ке се реализирал. Моментално јас тој плац не можам ништо да му правам ниту куќа да изградам ниту пак да го продадам односно благодарение на општината нема никаква вредност за него. Според вас има ли некое чаре да ги тужам, да ми го исплатат или да ми дадат некој заменски друг плац со истата квадратура ? А плацот откако е купен во 1988 година тогаш имаше 289 квадрати и моментално е 270 квадрати. Како тоа ми скратиле од него квадратурата без да бидам известен ? А плус тоа и од тие 270 квадрати плус ми скратиле за покрај него тоа што имал пат/улица и дел од улицата е навлезена кај мене. Фактички плацот моментално дали има 240 квадрата.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Ако си ептен загреан да градиш можеш да заобилколиш и да тераш преку постапка - архитектонско урбанистички проект ( со кој ќе извшиш пренамена и ќе формираш површина за градба бтв ова може да те кошта и до кај 1-2 к евра), ако не чекај да донесат урбанистички план за тој дел ( очигледно има некој стар план на кој е предвидена А2 - градба ). Ако имаш извод од план ( моменталниот ) прати ми го за да ги прочитам параметрите.
 
Последно уредено:

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Ако си ептен загреан да градиш можеш да заобилколиш и да тераш преку постапка - архитектонско урбанистички проект ( со кој ќе извшиш пренамена и ќе формираш површина за градба бтв ова може да те кошта и до кај 1-2 к евра), ако не чекај да донесат урбанистички план за тој дел ( очигледно има некој стар план на кој е предвидена А2 - градба ). Ако имаш извод од план ( моменталниот ) прати ми го за да ги прочитам параметрите.
Моментално немам никаков план за градба односно поради финансии не градам ама и не можам да го продадам овој плац заради горе наведената причина и со тие финансиски средства да реновирање на друга куќа.Патем овоа е бројот на парцелата на сликата.
 

Attachments

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
гревови се општина кавадарци, на веб страната немаат сектор за урбанизам а уште помалце урбанистички планови од било каков вид. иначе што те спречува да го продадеш земјиштето ако не планираш да градиш ?
 

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
гревови се општина кавадарци, на веб страната немаат сектор за урбанизам а уште помалце урбанистички планови од било каков вид. иначе што те спречува да го продадеш земјиштето ако не планираш да градиш ?
Пред скоро време беше објавено дека го продавам 3500е и ми се јавуваа луѓе заинтересирани за да го купаат ама биле во општината и му рекле таму дека не можеле да градат заради тој планот. Односно нзаинтересираните сакале за куќа градба да си го купат но се плашат заради тоа што општината го имала воведено тој план од пред 20 год не можат да извадат градежна маркица на мојот плац или да градат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Распрашај се кај градоначалникот дали има можност и колку би те коштало да покренеш некоја постапка за измена на урбанистичкиот план и разговарај со сопствениците на соседните земјишта дали и тие се заинтересирани за промена на урбанистичкиот план па да си ги поделите трошоците оти и тие го имаат истиот проблем. Или пак сите сопственици на тие парцели каде е предвидена изградба на зграда отидете до некоја од поголемиве градежни фирми во Кавадарци која може да биде и инвеститор (пример Градба Промет) и разговарајте да им ги продадете земјиштата за да тие изградат зграда.... и немора да биде градежна фирма, може да ги продадете плацовите и на некој друг заинтересиран инвеститор. Отприлика тие ти се опциите.[DOUBLEPOST=1489390937][/DOUBLEPOST]Сега ја погледнав локацијата на плацот и мислам дека таму тешко дека некој ке се нафати да изгради зграда, локацијата е неатрактивна. Замисли оглас: Продавам стан со поглед на гробишта...:) Посебно што и дивиградбите кои сега се легализирани дополнително ја усложнуваат работата. Останува да си барате промена на урбанистичкиот план.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom