"Заборавени" играчи

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Ласана Диара. Некогашен играч на Челзи, Арсенал, Реал (каде одлично се покажа). Моментално игра во Локомотив Москва.



Милош Красич. Немам коментар.. :unsure:

 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.386
Поени од реакции
5.497
@Dani BMW

Баш сега пред некој ден видов дека Оливие Капо игра во грчката лига во тимот на Левадиакос, просечен играч беше и дури играше во Јуве, па од таму сега замина по села да игра :D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.658
Поени од реакции
59.590
Просек, но вака-така успеваше да опстојува во големиве лиги.
Премиер лига, Серија А, Ла Лига, Лига 1... уште Бундес му фали да биде комплетен :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не знам дали го има во листава, Ројстон Дренте екс играчот на Реал, го донесоа како суперталентиран лев бек кој може да оперира по целата лева страна..
Не се снајде баш најдобро, играше на позајмици го Херкулес и Евертон па потоа како слободен играч поштпиша за Аланија Владикавказ.. Сега е играч на Ридинг.
 
Член од
26 октомври 2013
Мислења
92
Поени од реакции
15
Кутар реал 1000 играчи има упропастено коентрао ќе е на ред го забораваме а звер беше
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Како тоа Реал го упропасти Коентрао баш ме интересира. :tapp:
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Го зедоа а не им беше неопходен.Од перспективен бек како Марсело,и играч во подем како Коентрао,ќе останат со прстот во уста бидејќи и двајцата уназадија поради нивната одлука да се натрупаат со два квалитетни леви бекови.Кога едниот е повреден добро,ама почесто и двајцата беа фит,така да...

Попрво требаа да најдат десен бек кој ќе го замени Салгадо достојно,а не се крпат со Арбелоа па и сега со Карвахал(иако овој изгледа потпадна под притисокот).

Другата година ќе го пишеме Иљааслдалрмалчсмалсм кога ќе купат некој ДМ од 50милиони а можда тој е Гундоган.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Го зедоа а не им беше неопходен.Од перспективен бек како Марсело,и играч во подем како Коентрао,ќе останат со прстот во уста бидејќи и двајцата уназадија поради нивната одлука да се натрупаат со два квалитетни леви бекови.Кога едниот е повреден добро,ама почесто и двајцата беа фит,така да...

Попрво требаа да најдат десен бек кој ќе го замени Салгадо достојно,а не се крпат со Арбелоа па и сега со Карвахал(иако овој изгледа потпадна под притисокот).

Другата година ќе го пишеме Иљааслдалрмалчсмалсм кога ќе купат некој ДМ од 50милиони а можда тој е Гундоган.
Марсело е лабилна личност, реално да правиме муабет, колку и да е класа, мора некој да има за да го притиска, затоа јас разбирам зошто Мурињо му го донесе Коентрао, иако исти став како тебе имав кога го финализираа трансферот. Еве сега Коентрао не игра подолго време како што читав татко му умре пред еден месец па не може да си дојде при себе, небитно, види само како се глупира Марсело кога знае дека нема кој да му е конкуренција. Не гледам како е уништен Фабио, на почетокот имаше малку проблеми со вклопување ама лани поготово изигра многу добра сезона, продолжи така и во оваа, навистина не гледам како тоа е уништен.

Општо кога ќе чујам дека клуб уништил играч смешно ми станува, играчот си има мозок, си има и агент да се посоветува, не мора да прави трансфер како прво а како второ, седиш сезона на пример, гледаш не иде работата, си бараш трансфер и тоа е тоа. Никој не може да те држи сосила барем во денешно време каде што играчите имаат огромна моќ преку играчките асоцијации.

Овој па над мене уште се заблагодарува, ко демек истово ова сакаше да го каже :facepalm: остај го ти миасанмиа, не се криј под сукња, кажи си што мислеше. ;)
 
P

PewDiePie

Гостин
Овој па над мене уште се заблагодарува, ко демек истово ова сакаше да го каже :facepalm: остај го ти миасанмиа, не се криј под сукња, кажи си што мислеше. ;)
Коентрао уште е играчиште,можно е да има борба за него зимава манчестрер и милан покажале интерес,мада вие евра си го имате нели не ви треба друг ( по логикава );)

Иначе зошто да не се крие под сукња бе,убави работи има под сукња......женска сукња. :icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Коентрао уште е играчиште,можно е да има борба за него зимава манчестрер и милан покажале интерес,мада вие евра си го имате нели не ви треба друг ( по логикава );)

Иначе зошто да не се крие под сукња бе,убави работи има под сукња......женска сукња. :icon_lol:
Евра нема веќе душа да ги игра сите утакмици, нема ни асална замена, може и ќе си оди на лето во Монако и пензија после а башка Коентрао може и лево крило :)

него муабетот првично беше дека е уништен, што е смешно.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.747
Поени од реакции
22.947
Кутар реал 1000 играчи има упропастено коентрао ќе е на ред го забораваме а звер беше
Реал и Барса. Иако Реал има повеќе, рака на срце.
Иначе, ова со "уништувањето" на играчи, мислам дека има играчи на кои им одговара да бидат "уништени" од страна на големите клубови.
Зошто?
Затоа што ќе направат трансфер во поголема(читај побогата) екипа, се пунат пари, а си седат на клупа, поубаво здравје. Земаш милиони за седење и плус бесплатно гледаш утакмица(дечките на трибина на 2 метра зад тебе дале и по неколку стотици евра за една утакмица, а ти цела сезона без пари ќе ја изгледаш).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ви текнува кога Барса плати 20м. (или колку и да беше) за Чигрински ? Изгледа само на него и му текнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom