Вака, имам заб за вадење и треба да одам на клиника да ме видат (имам панорама со неа ќе одам), матичната ми рече дека мора на орална хирургија да се вади бидејќи поминувал до некој нерв самиот заб (долна петка со апсцес) и утре ќе ми даде упат. Исто ми рече дека само еднаш месечно давале упати па да не ми го земат при самиот преглед на клиника упатот и на пример наредната недела ако го вадам да не ми бараат повторно упат? Работава е за побрзо да се извади нареднава недела да не морало после да пијам пак антибиотици, туку додека ја пијам терапијава сега па побрзо да го вадат (според матичнава). Малку ми е симптоматично сето ова и да не зафркнам нешто ми е страв. Некој да каже дали само за прегледот ќе ми го земат упатот на клиника?