Баш не те сфатив, но претпоставувам збориш за заб во кој докторката ти ставила лек за умртвување и на истиот сега треба да му се вади живецот. Ако е тоа јас имам такво искуство и ќе ти го кажам истото, а ако забот веќе ти е умртвен и сега повторно треба нешто да се чисти, во тој случај нека ти кажат нешто повеќе стоматолозите и поупатените на темава. Јас вадев живец и можам да кажам дека бев преплашен од тоа дека ќе боли, но уствари воопшто не боли. Прво го отворија забот, и го исполнија со лек за умртвување на живецот. Тој лек ми стоеше околу една недела колку што памтам и потоа отидов ми го исчисти. Го тргна лекот, и во каналите на забот влегуваше со едни тенки иглички на чиј врв има како запци и се движеше само горе доле. Ти чувствуваш дека ти прави нешто на забот, но нема некој болка, освен во моменти, но и тоа не е некоја голема болка. Во моменти додека чисти го прочистува/проплакнува забот со една течност за дезинфекција и откога ќе го исчисти забот го пломбира. И сето тоа го прави без анестезија. Така да не се секирај ич, не боли