Заби и сѐ во врска со забите

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Благодарам! Дали имаш познавање од добар орален хирург и ортодонција во Скопје и како се движат цените одприлика? Во странство е премногу скапо, за вадење на еден умник е некаде 400-800евра, а за протеза да не зборувам 7-12000евра. Јас не сум од Скопје, но би патувал бидејќи во помалите градови потешко би нашол хирург и ортодонција. А за контрола се надевам дека не е еднаш неделно, туку еднаш месечно бидејќи е околу 50евра од термин каде што сум моментално во странство.[DOUBLEPOST=1487266288][/DOUBLEPOST]
Благодарам! Ако имаш повеќе детали и нешто да додадиш слободно пиши. Дали познаваш некој што е добар за поставување на протеза во Скопје?
Времетраењето измеѓу две контроли зависит од состојбата во устата и од стоматологот. Одамна беше ко учев ортодонција а и немам работено во забната бранша, но колку шо се сеќавам препораката беше еднаш неделно. Можно е и да сум грешка не викам не, ама сестра и од една моја другарка одеше еднаш неделно и за секоја контрола плаќаше (шо можит да е и само за земвење на пари од страна на стоматологот).

Иначе кај си во странство. Јас сум во Германија и немам слушнато некој да платит појќе од 20 еур а е осигуран.
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10

Во Америка сум и тука здравството е скапо. Имам здравствено осигурување каде вадењето на умниците е покриено со некои 20%, но немам забно, а и да имам нема некоја голема разлика пак е скапо.
 
Последно уредено:

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Во Америка сум и тука здравството е скапо. Имам здравствено осигурување каде вадењето на умниците е покриено со некои 20%, но немам забно, а и да имам нема некоја голема разлика пак е скапо.
Ахх. Те сфаќам зошто сакаш во Македонија да ставаш протези. Америка е изгор скапо.

Ако сакаш би можел да контактирам со стоматолози од Охрид кои ги познавам за да ми кажат цена, времетраење и сл. или пак да ти дам контакт ти да контактираш со нив.
Пиши ми ПП за да се разбериме подобро.
 
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Ахх. Те сфаќам зошто сакаш во Македонија да ставаш протези. Америка е изгор скапо.

Ако сакаш би можел да контактирам со стоматолози од Охрид кои ги познавам за да ми кажат цена, времетраење и сл. или пак да ти дам контакт ти да контактираш со нив.
Пиши ми ПП за да се разбериме подобро.
Ако не ти е товар прашај па пиши ми или ако имаш email од нив јас би ги контактирал. Како е полесно за тебе. Битно јас морам да ги средам во брзо време. Во последните 10тина дена забите ептен ми се искривија, катастрофа се.
Инаку мислам дека профилот ти е приватен па неможев да ти пишам ПП или пак можеби незнам како :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дали можат да настанат некакви проблеми при вадење заб кај човек кој има вродена срцева мана?
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Дали можат да настанат некакви проблеми при вадење заб кај човек кој има вродена срцева мана?
Каква маана, пиши дијагноза подетално

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Каква маана, пиши дијагноза подетално

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Вродена срцева маана, поточно бикуспиден аортен залисток кој сега за сега бар функционира нормално. Дали би можело да настанат некакви проблеми кога би се вадел заб?
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Вродена срцева маана, поточно бикуспиден аортен залисток кој сега за сега бар функционира нормално. Дали би можело да настанат некакви проблеми кога би се вадел заб?
Обично се дава антибиотик кај некои покомплицирани случаи за превенција на ендокардит. Во секој случај консултирај се со матичниот лекар по општа медоцина

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
10 март 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,имам умртвена седмица,во понеделник ми рекоа дека треба да ми се чистат каналите на ,,живо`` бидејќи имав добиено инфекција и ми го лечеше забот.Докторката не можела со анестезија да ми работи зошто не можеле убаво да се исчистат каналите.Многу ми е страв.Може некој да ми го каже процесот како иде и дали боли?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Здраво,имам умртвена седмица,во понеделник ми рекоа дека треба да ми се чистат каналите на ,,живо`` бидејќи имав добиено инфекција и ми го лечеше забот.Докторката не можела со анестезија да ми работи зошто не можеле убаво да се исчистат каналите.Многу ми е страв.Може некој да ми го каже процесот како иде и дали боли?
Баш не те сфатив, но претпоставувам збориш за заб во кој докторката ти ставила лек за умртвување и на истиот сега треба да му се вади живецот. Ако е тоа јас имам такво искуство и ќе ти го кажам истото, а ако забот веќе ти е умртвен и сега повторно треба нешто да се чисти, во тој случај нека ти кажат нешто повеќе стоматолозите и поупатените на темава. Јас вадев живец и можам да кажам дека бев преплашен од тоа дека ќе боли, но уствари воопшто не боли. Прво го отворија забот, и го исполнија со лек за умртвување на живецот. Тој лек ми стоеше околу една недела колку што памтам и потоа отидов ми го исчисти. Го тргна лекот, и во каналите на забот влегуваше со едни тенки иглички на чиј врв има како запци и се движеше само горе доле. Ти чувствуваш дека ти прави нешто на забот, но нема некој болка, освен во моменти, но и тоа не е некоја голема болка. Во моменти додека чисти го прочистува/проплакнува забот со една течност за дезинфекција и откога ќе го исчисти забот го пломбира. И сето тоа го прави без анестезија. Така да не се секирај ич, не боли:)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Вродена срцева маана, поточно бикуспиден аортен залисток кој сега за сега бар функционира нормално.
Почни да конзимуираш таурин - во суплемент форма, прашак. 2 x по 2 грама, измеѓу оброци.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Почни да конзимуираш таурин - во суплемент форма, прашак. 2 x по 2 грама, измеѓу оброци.
За што е тауринот? Знам дека е слободна аминокиселина во мускулите, но не гледам за што тој би послужил при вадење заб во однос на бикуспидниот аортен срцев залисток.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
За што е тауринот? Знам дека е слободна аминокиселина во мускулите, но не гледам за што тој би послужил при вадење заб во однос на бикуспидниот аортен срцев залисток.
За срце е фантастичен. Google it.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
За срце е фантастичен. Google it.
А што се однесува до компликациите при вадење заб со оглед на вродената срцева маана, има некаков ризик или нема поврзаност помеѓу овие две работи?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
А што се однесува до компликациите при вадење заб со оглед на вродената срцева маана, има некаков ризик или нема поврзаност помеѓу овие две работи?
За тоа ќе се консултираш со докторот, нити знам каков проблем точно имаш - нити колку е сериозен, нити во каква состојба си во моментот, нити каква е операцијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom