Правев заб и некако после пломбирање осеќам како дупка, како пола заб да имам. Немам болки после тоа, aма осеќам празнина кога ќе допрам со јазикот.
Нормално ли е ова дека дупчето беше на крај и не може да се потполни или толку знаел тој и на мене се учел?
Прегледај го приврзокот 266794
Имав и јас два пати таков случај кај еден стоматолог. Прво беше висока пломбата, се пожалив дека ми допира и после ја симна речиси и да ја нема на допир со јазик. Како што велиш баш она чуство како пола заб да имам.....споредбено со другата страна. (на слика што гледам исто и кај мене беше страничен кариес, само кај мене 6-ка горе)
На рамнење ја симна скоз.....навистина претера. И јас немав никаков проблем сем она никакво чуство....и одма го сменив, по препорака стигнав до одличен стоматолог.
Сега веќе 7 години сум кај друг стоматолог (само приватно работи, по ОК цени) и сум презадоволен (а цепидлака голема сум, си признавам....едноставно сакам квалитетна изработка во секој поглед).
Ми направи и корекција на грешките на двете пломби од кај претходниот стоматолог
ПС Кај новиот стоматолог 7 ипол години стара пломба нејќе да мрдне....навистина квалитетен материјал и изработка.