ЗАР и ФЕРЕЏЕ

  • Креатор на темата Anco
  • Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
...Повод, се почесто и денес може да се видат сосем целосно покриени жени(и дали се жени е во прашање) ете во Рамстор има баш такви појави не смеам ни да помислам што се може да имаат под наметката, а има ЗАКОН за оваа појава неколку години после ослободувањето.
--
Скопје почеток на 1951 година по каливите улици на Гази баба,Топаана,Чаир,Бит пазар, и Серава маало на прв поглед како ништо да не се променило...под тешката зимска магла ѕидовите околу куќите изгледаат уште потемно.Дури ти се чини дека по улиците ги среќаваш истите луѓе.Се е како пред еден месец,година или како пред сто години.Но сепак не е се по старото.Во овие ниски со ѕид опкружени куќи,во овие влажни дворови,тесни и искривени улици се развива и расне најреволуционерното бивање откако постојат овие маала.Прв пат отворено се зборува коку се штетни и грди овие високи ѕидишта околу куќите,прв пат портите не се затваараат со шум штом оздола по улицата ќе се појави некое машко лице.Во овие улици и дворови влегува нов живот.Живот без фереџе и криење.
Се чини дека таа дата 21 февруари иде многу бавно.Колку млади девојки и жени и невести го чекаат со радосно претчуство во срцето тој ден,колку многу се мечтае за првото излегување во град без фереџе,колку се води упорна борба со мажот што и забранува на жената да излегува од дома.
на сликата Кадрија Муарем 12 пати ударник во конфекцијата Прогрес, таа меѓу првите го отфрли фереџето.
Образложение...Народното собрание на СРМ го изгласа законот со кој се забранува носење на ЗАР и ФЕРЕЏЕ и тој стапува на сила од 21.о2.2951 година.
Главниот одбор на АФЖ за Македонија ќе организира еднонеделен излет во март низ Југославија за 600 до 700 жени кој ќе го отфрлат зарот и фереџето. Ќе се посетат Београд,Загреб,Љубљана а неколку дена ќе се престојува во Опатија,ќе се посети и Постојна Постоинската јама и многу други места.
Сведоштва.(јануари 1951г)Силно му се израдував на законот вели Исмет Исмаилова,но бев принудена таа радост да ја кријам од мажот,бидеиќи секогаш остро ги осудуваше оние жени што се откриваат.Отпочна тешко молчење во нашата куќа.Обајцата мислевме на едно,На новиот закон.Често ме погледнуваше под око.за да дознае што мислам.Една вечер повеќе не можеше да издржи; Ти откако ќе стапи законот кога ќе излагаш во град гледај што побрзо да завршиш,после ќе седиш дома,нема да излегуваш....
;-како да се разбудив Зар да седам дома в затвор и во темница и тогај кога сите ќе бидат слободни,зар повеќе да не се видам со братми мајками и роднињето, прв пат му се спротиставив, не тоа не може да биде. Тешко беше да го убедам и надолеам...Најпосле се убеди,попушти и ми рече...
;- Но пред да влезе законот на сила да не ми спомнуваш откривање и да не си излегла надвор...не знам можеби ќе го убедам и во тоа...
----Има уште вакви слични сведоштва
Прашање. ДАЛИ Е СЕ УШТЕ НА СИЛА ОВОЈ ЗАКОН. Picture 3234.jpg
.................................Препишано од месечникот Македонка бр.75од февруари 1951 год.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Додека во другите земји низ Европа и светот се создаваат закони за забрана на носење на шамиите, фереџината и таквите ствари, кај нас забуленоста е во пораст. Жалосно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom