Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Here we go again...секоја година истите проблеми, истите мантри на телевизија, се до наредниот пат и така се одново се вергла во круг.

Ова е системски проблем кој не е создаден за една година туку континуирано проблемите се трупале од година во година за да дојдат до ова ниво на кое се сега. Исто, решението нема да дојде во рок од една година и граѓаните каде проблемот со загадувањето е најизразен ќе дишат чист воздух како да се наоѓаат на швајцарските алпи.

Ние не сме способни за превентива, ние не знаеме да го препознаеме проблемот пред да се случи и обично реагираме кога е веќе доцна.
За да се реши овој проблем се потребни години и години системски решенија. А мислам дека е малку доцна.
Скопје, град конструиран за максимум до 300к жители сега ближи до кај милион. Потребна е децентрализација во вистинска смисла на зборот а не само на хартија. Неконролираното градење и сечењето на зелените површини во градот се случувало со години а е резултат на сите нефункционални и корумпирани влади до сега.
Срамота е за држава од нецели два милиони жители 50% од популацијата да живее во главниот град ко да е Пекинг, напикани во станови од 50 квадрати. Тоа му доаѓа исто како Германија, држава од 80 милиона 40 да живеат во Берлин.
Ете Германскиот модел ви е модел на права децентрализација. Сите региони да се стремат да бидат еднакво развиени, да се спречи внатрешната миграција а не се да биде насочено кон еден центар.
Ако во бивша ју се одеше кон Белград сега се е насочено кон Скопје и природно народот ќе мигрира онаму каде шансите за преживување се најголеми.

Додадете ја непостоечката гасификација, непланското градење, му го исчистивме ѓубрето на европејцине увезувајќи скапани коли без никакви еколошки сертификати, местоположбата на градот, неконтролираното доселување со години и години наназад...и ете ви го резултатот.
практично велиш дека проблемот не може да се реши, или дека е веќе касно.
се додека тој е ставот, никогаш нема ни да се реши. и грешни кривци посочуваш за проблемот.
ќе си погинеме сите од токсична средина, додека фирмици си ги полнат џебовите.

има МНОГУ прости МНОГУ едноставни работи што можат а се направат за колку толку да се подобри состојбата.

Може да се донесе план за масивно пошумувањена Скопје, за секое дрво да се посадат уште две три.

Може да се отиде до погоните што согоруваат хемиски отпад од цела европа, да им се забрани да роботат и одземе се .

Може да се забрани работа на сите што загадуваат.

и тоа може и тоа многу лесно.

Земи симни апликација мој воздух, или аир квалити индекс.
Имаш точно графикон по часови, загадување.

РЕДОВНО РЕДОВНО како на копче од осум саат навечер се зголемува нагло и држи до 12-1 високо загадување, и исто така се намалува како на копче.
Пази, летно време.
Ни коли, ни затоплување ни курци палци други, САМО намерно индустриски погони на копче ги палат навечер за да не се забележи.

и каков алпски воздух луѓево мислат заебанција е. 4500 случаи на рак годишно ало, 4ти во СВЕТ по број на рак на плуќа, што треба повеќе за да сватат луѓево дека нешто треба да се направи? пола население да умре?
луѓево сваќаат сериозно само во 5 за дванаесет, кога ракот ке тропне на нивна врата, ќе земе некој млад во нивна фамилија, а тогаш џабе е се, само погреб може да се направи и толку.
будали се цел нормален свет што ти вика ГРАНИЦА на загадување 30-40 пм честици? Кај нас редовно е над 70 зимно време лани стигна 1300!
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не си грешка у тоа што го кажа, но сепак и многу помали градови од Скопје како Тетово, Кавадарци и др. го имаат истиот проблем а не до пренаселеност. Не ја спомна и една од најбитните причини, греењето на дрва (и друго покрај дрва)

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
Мислењето ми беше повеќе насочено кон Скопје, бидејќи сметам дека таму проблемот е покомплексен и потежок за решавање за разлика од помалите средини каде изворот на загадување е примарно од индустриските објекти, што повторно е смешно земајќи во предвид колку сме ние индустријализирани споредбено со вистински индустриски земји кои го немаат ваквиот проблем.

Еве конкретно во Прилеп, ако ги изземеме јавните објекти и граѓаните кои живееат во згради и имаат какво такво централно греење 90% проценти од градот се грее на дрва, па загадувањето во зима не е до толку изразено. Се разбира дека придонесува но не до толкав степен. Јас повеќе ги сметам за извор на загадување дизел конзервине што се тркалаат по градон отколку греењето на дрва.

И ирнонијата да биде уште поголема кога ќе се земе загадувањето на воздухот на глобално ниво државите како нашата најмногу ќе наебат иако имаат најмало учество во целокупното загадување.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
И ирнонијата да биде уште поголема кога ќе се земе загадувањето на воздухот на глобално ниво државите како нашата најмногу ќе наебат иако имаат најмало учество во целокупното загадување.
наебуваме најмногу, заедно со држави од африка (другите 3 на листа рак по глава на жители), дека нашиот народ е ебана неписмена овца што мисли заебанција е нешто како загадување на воздух. тоа и дека дига раце и ништо факинг не се обидува да превземе за да му биде подобро. е за тоа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
практично велиш дека проблемот не може да се реши, или дека е веќе касно.
се додека тој е ставот, никогаш нема ни да се реши. и грешни кривци посочуваш за проблемот.
ќе си погинеме сите од токсична средина, додека фирмици си ги полнат џебовите.

има МНОГУ прости МНОГУ едноставни работи што можат а се направат за колку толку да се подобри состојбата.

Може да се донесе план за масивно пошумувањена Скопје, за секое дрво да се посадат уште две три.

Може да се отиде до погоните што согоруваат хемиски отпад од цела европа, да им се забрани да роботат и одземе се .

Може да се забрани работа на сите што загадуваат.

и тоа може и тоа многу лесно.

Земи симни апликација мој воздух, или аир квалити индекс.
Имаш точно графикон по часови, загадување.

РЕДОВНО РЕДОВНО како на копче од осум саат навечер се зголемува нагло и држи до 12-1 високо загадување, и исто така се намалува како на копче.
Пази, летно време.
Ни коли, ни затоплување ни курци палци други, САМО намерно индустриски погони на копче ги палат навечер за да не се забележи.

и каков алпски воздух луѓево мислат заебанција е. 4500 случаи на рак годишно ало, 4ти во СВЕТ по број на рак на плуќа, што треба повеќе за да сватат луѓево дека нешто треба да се направи? пола население да умре?
луѓево сваќаат сериозно само во 5 за дванаесет, кога ракот ке тропне на нивна врата, ќе земе некој млад во нивна фамилија, а тогаш џабе е се, само погреб може да се направи и толку.
будали се цел нормален свет што ти вика ГРАНИЦА на загадување 30-40 пм честици? Кај нас редовно е над 70 зимно време лани стигна 1300!
Веројатно може да се ублажи на начините кои ти ги спомнуваш но нема да се реши преку ноќ, ќе треба многу време да помине пред да се почувствуваат некави бенефити од пошумувањето.
Голем дел од штетата е веќе направена неповратно, доколку го разгледуваме проблемот од денешна дистанца штетите се веќе видливи, затоа и темава го носи тој наслов.

Јас не апелирам на пасивност, јас ги спомнав дел од причините и во нив лежи решавањето на проблемот во голема мера.
Зошто Љубљана во Словенија не се соочува со истиот проблем како и Скопје? Од кога Југославија се распадна бројот на жители во градот е континуиран, за разлика од Скопје каде во последниве 10 години, посебно, скоро и да се дуплира.
Зборуваме да две држави, скоро идентични по површина и број на жители но со различен пристап на решавање на проблемите.
Ние уствари немаме ни пристап, ни план како ќе се реши овој проблем.

И во право си кога велиш дека треба да се делува брзо и сега.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Веројатно може да се ублажи на начините кои ти ги спомнуваш но нема да се реши преку ноќ, ќе треба многу време да помине пред да се почувствуваат некави бенефити
пак релативизираш.
какво многу време?!??!?!
колку време треба да помине да помине инспекција и да стави клуч на загадувачи?
за 24 часа може да се реши.

и што не ти е јасно во 8 навечер се зголемува и нагло се намалува во 12?
тоа ако не ги запалат печките, нема да биде.
колку многу време требало? инспекција да помине и да затвори погони? и од денес до утре БУКВАЛНО да го снема тој пик на загадување? Што многу време требало?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
наебуваме најмногу, заедно со држави од африка (другите 3 на листа рак по глава на жители), дека нашиот народ е ебана неписмена овца што мисли заебанција е нешто како загадување на воздух. тоа и дека дига раце и ништо факинг не се обидува да превземе за да му биде подобро. е за тоа.
Да не бегаме од темата непотребно бидејќи повеќе се однесува на проблемот со загадувањето кај нас.
Ние најмногу ќе наебеме бидејќи немаме никаква стратегија за борба против ваквиот проблем, немаме стручни лица ниту капацитети. Ние не сме во состојба ни да ги дефинираме нашите национални интереси, уште помалку да ги презентираме а да не спомнувам па да ги браниме.

Ние немаме таква култура ниту развиена еколошка свест. Иако последиците од глобалното затопоплување ќе ги почувствува целиот свет ние без преседан ќе бидеме први на листата. Што поради местоположбата, што поради нашата неспособност да се справиме и исто така поради процесите кои ќе настанат на глобално ниво а врз кои ние немаме никаква контрола, зборувам за масовни миграции и економски кризи.
 
какво глобално затоплување не бегај од темата.

зборуваме за кризна ситуација критично смртоносно ниво на загадување ДЕНЕС што го имаме.

голем дел од кое може да се реши за 24 часа со инспекции.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
пак релативизираш.
какво многу време?!??!?!
колку време треба да помине да помине инспекција и да стави клуч на загадувачи?
за 24 часа може да се реши.

и што не ти е јасно во 8 навечер се зголемува и нагло се намалува во 12?
тоа ако не ги запалат печките, нема да биде.
колку многу време требало? инспекција да помине и да затвори погони? и од денес до утре БУКВАЛНО да го снема тој пик на загадување? Што многу време требало?
Не релативизирам ништо туку ти имаш проблем да ми ја разбереш поентата.
Јас не спорам дека тие се дел од решенијата, затоа и ја спомнав корумпираноста и сите предходни влади како одговорни за проблемот.
Затворање на индустриски капацитети имплицира економски и социјални последици. Тоа ти е меч со две острици. Ако решиш еден проблем тогаш отвораш друг.
Решение е инсталирање на филтри, притисок од страна на власта за исполнување на еколошките стандарди. Штетата е направена во моментот кога тие индустриски капацитети се граделе среде урбани средини. И во тоа време, споредбено со сега проблемот не бил толку изразен, иако државата тогаш била далеку по индустријалзирана од што е сега.

Поентата ми е дека покрај проблемите кои ти ги наведуваш како решение и за кои не е спорно дека се дел од целокупниот мозаик, не можеш да негираш дека пренаселеноста и масовното градење во Скопје не играат голема улога во проблемот.
Затоа треба да се гледа целокупната слика а не само поединости.

Пошумувањето е дел од решението но до моментот да се почувствуваат целокупните бенефити од истото треба да помине долг временски период. Тоа е решение на долг рок и уште една грешка, бидејќи пошумувањето треба да биде континуиран процес кој требало да се спроведувал години наназад а не сега кога ќе згуснат работите па ајде ќе садиме дрва.

Во суштина тоа е и најголемиот проблем кај нас, не постои превентива за проблемите. Ние чекаме прво да настанат па после да ги решаваме. Затоа ќе има последици.[DOUBLEPOST=1506090039][/DOUBLEPOST]
какво глобално затоплување не бегај од темата.

зборуваме за кризна ситуација критично смртоносно ниво на загадување ДЕНЕС што го имаме.

голем дел од кое може да се реши за 24 часа со инспекции.
Океј, се извинувам, не бегам од темата. Само смири ги страстите малку, не читај меѓу редови и ќе видиш дека сме на иста линија.

Во основа и немам што друго да додадам на темава без да се повторувам а немам намера да се повторувам. Тоа е мојот став.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Затворање на индустриски капацитети имплицира економски и социјални последици. Тоа ти е меч со две острици. Ако решиш еден проблем тогаш отвораш друг.
ова ти е дефиниција за релативизирање.
она “да АМА...“
треба СИТЕ да умираме дека не сакал да стави филтри?
Ич не ме боли, може да стави филтри, може да се дислоцира, може милион други работи.
Ако не е профитабилен без да не убива тука, ОДМА нека затвори.

Конретно би се загубиле мал број ниско платени работи, два тројца шупци што му го горат отпадот во печките.
Мал број на погони, со многу мал број врабтени го порават поголемиот дел на загадување.

Штетата е направена во моментот кога тие индустриски капацитети се граделе среде урбани средини.
прво “штетата е направена“ значи тоа е тоа.

второ колку пати треба да го повторувам примерот со графиконот од 20 до 24 навечер да ме разбереш друже.
ова НЕ ФАКИНГ Е од нормално дневно работење на индустриски капацитети. дали се разбираме?

И во тоа време, споредбено со сега проблемот не бил толку изразен, иако државата тогаш била далеку по индустријалзирана од што е сега.
дотолку повеке нема да се загубат многу работни места, и ти кажува дека не е баш од нормално индустриско работење ова.

пренаселеноста и масовното градење во Скопје не играат голема улога во проблемот.
секако имаат, од нула до 60пм честици што секојдневно ги гледаме.
е сега од 20 до 24 часот кога ке натегне до 120пм честици редовно, тоа не е дека нагло се населиле или изградиле згради од 20 до 24 часот. се разбираме? 100% зголемување.
И тоа во арни денови, во лето. зимо до 1200. капиш?
Структурален проблем има што би бил одговорен помалку од 20-30% од енормното загадување.
Тој да може да се решава со децении наредни ок, но СЕГА денес за 24 часа може да се сузбие поголемиот дел од проблемот, ако се сака.

Пошумувањето е дел од решението но до моментот да се почувствуваат целокупните бенефити од истото треба да помине долг временски период. Тоа е решение на долг рок и уште една грешка, бидејќи пошумувањето треба да биде континуиран процес кој требало да се спроведувал години наназад а не сега кога ќе згуснат работите па ајде ќе садиме дрва
Ништо не се губи ако и ова се почне се прави.
Не е изговор “долго време треба“ за да се продолжи да не се направи.
Исто како што е глупаво и непотребно да се релативизира со што “требало да се направи“.
Минатото не може да се смени.
глеј денес што МОЖЕ и ТРЕБА да се направи а не се прави.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дојде есента ајде машала лека-полека стартува новата грејна сезона а со тоа и белите дробови ќе ни бидат радосни и насмеани !
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Нема мерна станица, затоа не го гледате загадувањето.
Така е, нема, можи затоа. Прилеп можи е Чернобил, радиоактивна зона, ама оти нема мерни станици ние појма немаме и баш ни е фино[DOUBLEPOST=1506099950][/DOUBLEPOST]
ова ти е дефиниција за релативизирање.
она “да АМА...“
треба СИТЕ да умираме дека не сакал да стави филтри?
Ич не ме боли, може да стави филтри, може да се дислоцира, може милион други работи.
Ако не е профитабилен без да не убива тука, ОДМА нека затвори.

Конретно би се загубиле мал број ниско платени работи, два тројца шупци што му го горат отпадот во печките.
Мал број на погони, со многу мал број врабтени го порават поголемиот дел на загадување.

прво “штетата е направена“ значи тоа е тоа.

второ колку пати треба да го повторувам примерот со графиконот од 20 до 24 навечер да ме разбереш друже.
ова НЕ ФАКИНГ Е од нормално дневно работење на индустриски капацитети. дали се разбираме?

дотолку повеке нема да се загубат многу работни места, и ти кажува дека не е баш од нормално индустриско работење ова.

секако имаат, од нула до 60пм честици што секојдневно ги гледаме.
е сега од 20 до 24 часот кога ке натегне до 120пм честици редовно, тоа не е дека нагло се населиле или изградиле згради од 20 до 24 часот. се разбираме? 100% зголемување.
И тоа во арни денови, во лето. зимо до 1200. капиш?
Структурален проблем има што би бил одговорен помалку од 20-30% од енормното загадување.
Тој да може да се решава со децении наредни ок, но СЕГА денес за 24 часа може да се сузбие поголемиот дел од проблемот, ако се сака.

Ништо не се губи ако и ова се почне се прави.
Не е изговор “долго време треба“ за да се продолжи да не се направи.
Исто како што е глупаво и непотребно да се релативизира со што “требало да се направи“.
Минатото не може да се смени.
глеј денес што МОЖЕ и ТРЕБА да се направи а не се прави.
Така нека биде бе пријател. Претпоставувам дека си од Скопје и подобро ја познаваш проблематиката, затоа нема да спорам повеќе, се согласувам со напишаното. Не сум компетентен да говорам на темава, ниту живееам во Скопје ниту ги знам до крај состојбите. Последен пат бев лани Ноември месец. Кога тргнав од дома беше сончев ден, онака ноемвриски ладно што се подразбира. Кога стигнав таму веднаш се почувствува разликата, магли, сонце нема, воздухот пече...така да ви ја разбирам маката. Висок данок плаќате за животот во таква урбана џунгла. Го имате секое право да се буните, не само вие туку и сите останати градови. Прав резил е да бидеме во топ три најзагадени градови во друштво со милионски метрополи од Кина и Индија.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Од една страна било хаос со фирмите и дозволите
Хаотично спроведување на регулативата за Б-интегрирана еколошка дозвола
Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика
Според ова законодавство, сите загадувачи и со А и со Б дозволи требаше да ја усогласат својата технологија и во април 2014 година да ги добијат интегрираните дозволи. Некои од големите фирми какви што се ‘Југохром’, ‘Осломеј’ и РЕК ‘Битола’ не успеаја да се усогласат согласно со граничните вредности за емисии во природата. За овие има некакви информации. Во однос на малите загадувачи, кои подлежат на Б-интегрирани еколошки дозволи, немаме никакви информации. Речиси никој нема информација до каде е со нивната имплементација и колку тие загадуваат. Општинските инспекторати мислам дека немаат ниту време, а камоли знаење да ги следат загадувачките емисии на природата од инсталациите што подлежат под Б-интегрирана еколошка дозвола“, вели Александра Бујаровска.

Од друга страна, јавниот превоз сеуште е страхотно хаотичен

ТИРАНА ВОВЕДЕ ТАКСИ ВОЗИЛА НА СТРУЈА, ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ И ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

башка сите државни институции се сместени во центарот. За тоа зборевме дека е глупост кога го правеа Скопје 2014. Половина Македонија е веќе во Скопје
башка граѓаните се толку сиромашни да немаат чаре освен да се возат во стари коли и да се греат на дрва и нафта. Инаку кој не би сакал нова кола и централно парно
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Kaко нема да биде загадено кога преку 50% од вкупната популација на државава живее во една котлина и скоро сите одат на работа со автомобил и тоа сами, грото од колите се само со возач, а колку има семејства кои што имаат и по 2-3 коли и секој си оди и си се враќа сам на/од работа !
Потоа како нема да биде загаден воздухот особено во есенските и зимските месеци кога во сите приградски Скопски населби 90% од граѓаните готват и се греат на дрва и плус се гори и секаков друг запалив отпад пластика, гуми, текстил, а се сипуваат и нафти и уљиња и.т.н. а сето тоа е високо канцерогено !
И после кој бил крив фабриките како да не ... да бе врие од фабрики гледам, фабрички оџаци чурат на секој чекор !
 
Ај тогаш објасни како тоа летно време навечер, кога Скопје е полу празно и никој не гори за загревање, редовно од 40 загадувањето скока на 150??? Од осум навечер како на копче држи до еден сабајле и исто како на копче се намалува...

Има многу други котлини со многу коли, ние заедно со два три други градови сме нај загадени во свет. Зимно време стигна 1300 загадувањето. Тоа не е од коли или од греење...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom