Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.380
Лош заклучок си донел. Никој не вика дека е само од греењето туку дека тоа го има најголемиот удел. Имаш 40 во Центар, што не е сјајно али во зима имаше над 500 во грото од деновите. Исто е и во останатите општини.
Треба луѓето да се научат да прекинат да ја префрлаат топката и да си ја прифатат вината за загадувањето. Греењеето,колите, индустријата и тн. Нема магично решение.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624

Дека се е до греењето на дрва, нема врска што изградија згради на секој чекор...
Скопје е стакло у лето. Сега бев на Водно, цело беше срча.
Или е грешка ова, или било нешто краткотрајно (?) и занемарливо...
Не би сакал да се правам неписмен (добредојдено е некој да аргументира) и да мислам дека загадувањето се гледа само во смогот кога гледаш од горе, ама го гледам Скопје од Водно во лето и во зима...
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
https://www.facebook.com/aircaretheapp/photos/a.857808544294612/2755186874556760/?type=3&__tn__=-R
СКОПЈЕ: ЦЕНТАР МЕРНАТА СТАНИЦА ОТКАЖУВА
Сензорите на мерната станица Скопје - Центар откажуваат. Веќе подолго време многу од сензорите не враќаат податоци, преостанат е само PM 2.5 сензорот што очигледно враќа расипани податоци.
Дали ова ќе биде уште една станица што ќе биде тргната надвор од употреба како Лисиче и Гази Баба?

Таман си фатиле со време, пред да почнат 600ките следнава зима.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

... во тек е план за распределба низ болниците на респираторни маски со вентил за заштита од ПМ честици за пациентите со хронични болести, дали тоа значи дека ништо нема да се реши околу спречување на загадувањето во престојниот зимски период?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202

Што прашуваш глупи работи кога го знаеш одговорот.

Кога на мене би ми дале 350к евра би направил права стратегија, а можеби и нешто корисно, ама оти се дават на партиски ботови кој не ги бива за ништо, ништо нема да се подобри.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Што прашуваш глупи работи кога го знаеш одговорот.

Кога на мене би ми дале 350к евра би направил права стратегија, а можеби и нешто корисно, ама оти се дават на партиски ботови кој не ги бива за ништо, ништо нема да се подобри.
Што би направил ти, о, политички неутрален граѓанину, како би го намалил загадувањето со 350 илјади евра и македонскиот менталитет?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.380
Прилично сум сигурен дека стратегија има, ама никој од властите нејке да ја имплементира на сметка на губење гласови.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Што би направил ти, о, политички неутрален граѓанину, како би го намалил загадувањето со 350 илјади евра и македонскиот менталитет?
За разлика од овој што ги потрошил парите на фотошоп, јас ќе ги потрошам за таа намена што ќе ми бидат дадени, дали ќе има резултат или ќе нема од каде би знаел во ваква хипотетичка ситуација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Тие пари се ништо за намалување на загаденост. За мониторирање се ок можеби, но за намалување...размисли во кои сегменти има загадување, замисли како дел субјекти ќе ги обештетиш, друг дел ќе им помогнеш (популарно субвенционираш), кај трети ќе вложиш комплетно во отклонување на причините. И пак ќе останат загадувачи. Милиони се малку не па 300 илјади.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Загадувањето да се прекине треба да направиш план на долг рок, 10 години да речеме и преку мерки да се стимулира населението да се откаже од некои работи и да се префрли на нешто друго. Но овие што тоа треба да го прават мислат само кога се под притисок на јавноста кога има загадување во зима ќе излезат на тв. Даа напорно работиме и секој ден имаме нови идеи, а уствари го ладат курот у канцеларија и се така до пролет. Ќе има бесплатно возење за сите некои денови колку некој што е на работа да не може да влезе во автобус од туристи и така. Ништо нема да се смени у оваа држава, никогаш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Загадувањето да се прекине треба да направиш план на долг рок, 10 години .
...јас веднаш за една недела би го решила колку да се спроведат законите по брза постапка :
- забрана на користење огревно дрво во зимски период (избор, со електрична струја, пелети)
- забрана за продажба на огревно дрво!
- забрана за сеча на било какво дрво кое би било користено како огревно дрво!
- забрана на влез со возила и паркирање во Центарот на градот во радиус од (ќе размислам колку)!
- поставување на филтри на сите оџаци од производители или клуч на врата без исклучок!
- поставување на трамвајска линија низ цел град!
- сите автомобили и камиони да ја користат обиколницата, а тие што мораат низ град поради достава да има одреден термин кога нема фрекфенција од луѓе и другите возила!
- поставување на велосипедска патека низ цел град!
- изградба на центри за рециклирање на отпад од секаков вид со исплата на донесениот отпад по кг!
- казна за секое намерно опожарување на сопствен двор, нива, ливада!
- поставување зеленило- дрвја во приватните дворови, училишта, хотели, молови, зависно од квадратура да се обврзани да посадат зеленило- дрвја!

...и сето тоа ќе го искомбинирам со работна сила на сите тие граѓани кои не се совесни и се казнети под било кој основ за приморана општествена работа, а не како сега само парична казна за било кој полесен прекршок!
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
- забрана на користење огревно дрво во зимски период (избор, со електрична струја, пелети)
- забрана за продажба на огревно дрво!
Струјата од марс да не доаѓа, најголемиот дел доаѓа од РЕК Битола (по што се трујат битолчани), а другиот дел е од увоз, ако се забранат дрвата, зимото цената на струјата ќе биде до бесвест, па тогаш ќе ја вклучат ТЕЦ Неготино која голта мазут, ама и тоа нема да биде доволно, па ќе треба да ја купеме Белене за да ни наваса струја.

Нема шанси да се забрани продажбата на дрво, трошокот со загревање со дрва е помал.
- забрана за сеча на било какво дрво кое би било користено како огревно дрво!
Редот погоре, не може секое дрво да биде техничко, а и шумата си има циклус кога мора да се исече до даска, по што после ќе биде погуста.
- забрана на влез со возила и паркирање во Центарот на градот во радиус од (ќе размислам колку)!
Да не сакаш некој да ја остава колата во Илинден, колку паркинзи треба да има, како ќе се пренесуваат тие од таму, најдобро е да изградат подземни булевари, клучки за да се забрза собраќајот итн.
- поставување на велосипедска патека низ цел град!
И сега има на поголемите сообракајници, ама колку се користат е прашањето.

Овде треба да има радикални промени, ама треба да има и алтернативи, прво нешто што требаа да направат е да не дозволат да се прават згради на секој чекор, повеќе население, повеќе загадување, ама како ќе лапат по 1000 евра за квадрат.
 
... ти на твој начин, јас на мој начин!
факт е дека оџаците на населението од огревно дрво и све друго ѓубре што се гори е на прво место како загадувач, споредуваш загадување сега во лето со зимски период, иако моментално производство на струја е со ист интезитет мислам не тој „од Марс“? :)
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
...јас веднаш за една недела би го решила колку да се спроведат законите по брза постапка :
- забрана на користење огревно дрво во зимски период (избор, со електрична струја, пелети)
- забрана за продажба на огревно дрво!
- забрана за сеча на било какво дрво кое би било користено како огревно дрво!
- забрана на влез со возила и паркирање во Центарот на градот во радиус од (ќе размислам колку)!
- поставување на филтри на сите оџаци од производители или клуч на врата без исклучок!
- поставување на трамвајска линија низ цел град!
- сите автомобили и камиони да ја користат обиколницата, а тие што мораат низ град поради достава да има одреден термин кога нема фрекфенција од луѓе и другите возила!
- поставување на велосипедска патека низ цел град!
- изградба на центри за рециклирање на отпад од секаков вид со исплата на донесениот отпад по кг!
- казна за секое намерно опожарување на сопствен двор, нива, ливада!
- поставување зеленило- дрвја во приватните дворови, училишта, хотели, молови, зависно од квадратура да се обврзани да посадат зеленило- дрвја!

...и сето тоа ќе го искомбинирам со работна сила на сите тие граѓани кои не се совесни и се казнети под било кој основ за приморана општествена работа, а не како сега само парична казна за било кој полесен прекршок!
немаме ние доволно струја и онака, а да си прави бизнис некој со увоз тоа ич не бива

едноставно субвенции за изолација - да се намали потребата за топлотна енергија, со тоа и потрошувачка на дрва. Како што повеќето куќи се само цигла и бетон, а џамовите не дихтуваат и се со обично стакло, топлотна изолијација и подобри прозорци може значително да ја намало потребата за топлнотна енергија

сончеви панели за вода - да се намали потрошувачката на струја, и зимно време водата се загрева доколку има доволно светлина
печки на дрва, пелети - новите се со далеку поголем степен на искористување, подобро согорува дрвото и не се губи топлината низ оџак

Ама џабе ние пишуваме овде, да сака нешто да се смени може многу лесно. Само владата ќе потрошат милиони за глупости, а за субвенции за сончеви панели ќе дадат 100.000 евра и тоа по принцип на лотарија. или прв дојден прв услужен, а однапред се одредени за нивните тие средства.
Нека намалат даноци и царини ( и така ние ништо не произведуваме) па нека овозможат луѓето да ја подобратенергетската ефикасност на домовите.

Излишна е секаква дискусија, кога ниедна влада нема волја нешто да подобри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom