Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Чудни некои работи се дешаваат со мерниве станици.

Во Кавадарци конкретно, ставија две нови од УГД, разликите со таа старата на Министерството е преголема.

Моментално старата покажува 42 ПМ, новата во центарот на градот 394. Двете станици се на одалеченост од еден километар???
Кога 90% од населението се грее на дрва/пелети (рачунај и пластика, бидејќи балкан, нели), не очекувам ништо повеќе. Кажуваат Скопје вакво-такво, а кај нас не се диши од што смрди на чад од секоја куќа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Македонскиот документарец „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.

„Што друго да се каже? Нашата мала земја е навистина желна да ја испрати оваа порака до Владата: Ве молиме да го исчистите воздухот на најзагадената земја во светот“, рече продуцентот Атанас Георгиев при примањето на Главната награда од жирито на затворањето на фестивалот изутринава во Парк Сити, Јута.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Фино прават грците. Не мерат ништо изнад 40-50 PM10
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов побара државните институции да направат вонреден инспекциски преглед за да се проверат информации дека во Дрисла се гори комуналниот отпад, а потоа се покрива со земја.

„Во текот на ноќта но и денес, голем број на загрижени граѓани предупредија на ширење на загаден воздух и чад од Депонијата Дрисла каде што во текот на изминатата ноќ, константно имало пламени од чад и дим“, соопштија од ДС.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Кај Бардовци запленети 150 гуми, наменети за греење
Повеќе од 150 отпадни гуми заплениле комуналните служби на Општина Карпош на потегот околу Бардовци. Овие гуми, како што соопштија од општината, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

„Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број на домаќинства се уште се греат на материјали кои не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Општина Карпош повторно апелира до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер клими во Град Скопје”, се вели во соопштението.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584

Ако имате печка до 1 мегават горете што сакате никој не може да ве казни!

овие од групата на ФБ почнаа да галамат за Правилникот, а макрото им одговори дека донесување нов закон и Правилник било многу тешка работа, тоа може во другиот мандат или костењот на некоја нова власт да му остане...
а многу лесно било менување име и устав, а правилник тешко...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
https://www.radiomof.mk/zdruzhena-reakcija-na-eko-organizacii-vlastite-da-gi-zashtitat-strumichkite-aktivisti-od-zaplashuvanje-i-napadi/?fbclid=IwAR2b80SjBQlERADmc-fSCmEHdlFIIh7xrrZow9t_NHE8pR-p9YgWmCNwdAg

Согласно член 3 став 8 од Архуската Конвенција, Владата и Народниот правобранител имаат обврска да ги заштитат активистите кои ги практикуваат нивните еколошко-демократски права од ваквиот третман. Ја повикуваме Владата и Народниот правобранител конечно да почнат со почитување на меѓународните конвенции кои ги ратификувале со закон и, во најбрз можен рок, да ги заштитат еколошко – демократските правата на граѓаните.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
516
Поени од реакции
261
Се продаваат некакви филрети за пречистуванје на воздухот http://www.srbijaspace.rs/blog/najbolji-preciscivac-vazduha-iz-ugla-korisnika-1300.html
Се надевам дека не е лага и дека навистина работат. Од државава секако не може да се очекува намалуванје на загаденоста, следната година можеби ќе набавам нешто вакво
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
https://infomax.mk/wp/фени-индустри-и-усје-ќе-трујат-н/?fbclid=IwAR0X41OnTLJXUH1t6HoImAxZofjvWyG0WgjkbFxC7vkOmkUfBx0OId6UrLk
Владата на Зоран Заев е расположена да дозволи увоз на нафтен кокс без плаќање на акцизни давачки, а на барање на компаниите „Титан Цементарница Усје“ и „Фени Индустри“, дознава Нетпрес.[DOUBLEPOST=1552165863][/DOUBLEPOST]

Burevesnik
Вчера во 08:40 ·
Vo CEMENTARNICA ,,USJE,, vo Skopje gori otpad od uvoz od Italija. Menadžmentot ne najde za potrebno da odgovori na moeto prašanje, što bara otpad od ITALIJA da gori kako ALTERNATIVNO GORIVO vo ovaa ,,Ekološki odgovorna kompanija,,...

Eve go dokazite, večerva podocna kje objasnam i so drugi detali za ovoj skandal...
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Уште еднаш се потврдува моето дека денот кога ќе го снема од лицето на земјата тој смртоносен комбинат, Тиквешијата ќе здивне.

А кога ќе ми текне дека имаше и уште има кретени кои се радуваат оти Заев и Анѓушев го спасиле ФЕНИ од пропаст, за ебаната плата од 700 евра, за тие ебани 600 работници ќе страда почвата, природата и луѓето во наредните сто години.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Уште еднаш се потврдува моето дека денот кога ќе го снема од лицето на земјата тој смртоносен комбинат, Тиквешијата ќе здивне.

А кога ќе ми текне дека имаше и уште има кретени кои се радуваат оти Заев и Анѓушев го спасиле ФЕНИ од пропаст, за ебаната плата од 700 евра, за тие ебани 600 работници ќе страда почвата, природата и луѓето во наредните сто години.
Винскиот пат е единствена работа која по независноста донела нешто подобро во некоја категорија (во однос на пред тоа). Така да го усерат со тоа Фени пак (и со рудниците доле плус) е една од покретенските ствари. А дека ги боли ташакот за луѓето, почвата и сл., исто како претходната власт, веќе покажаа на примерот со рудниците.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom