"ЗАВРШНИ ДИО" на ЕП во Хрватска 2018 година

Која ќе биде ЗЛАТНАТАТА МОМЧАД?


  • Вкупно гласачи
    25

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Со задоцнување од некој час ја отворам темата.:facepalm:
Барем за финалето да има место каде човек би имал можност да напише некоја РИЈЕЧ.:kafence:
Пред да преминам на главното, збор-два или некој повеќе за синоќешните мечеви.

Шпанија-Франција

Изненаден сум од поразот на Французите, не толку од поразот зошто сепак Шпанија е Шпанија, имаат играчи кои освојувале злата на СП, на клубски план освојувале ЛШ, туку од играта на Експертите.
Страшен пад им се случи од 17 та минута во прво до крај на првите 30 минути, едноставно како да не беше таа репка која сме навикнале да ја гледаме, 17 меча беа без пораз на официјални големи мечеви, вчера се избрукаа за сите пари, делуваа толку изгубено на терен, во тие минути немаа никаква идеја како да играат против зоната на Жорди Рибера, исто како ние што немавме никаква идеја со Шпанците во неделата, но против играчи како Карабатиќ, Мае, Ремили итн да изиграш ти онаква квалитетна одбрана е навистина за секоја почит.
Големо изненадување, пред се во пристапот кон играта приредија Шпанците, верувам дека никој ( освен тие самите) не очекуваше дека по поразот од Вујо дека толку брзо ќе се издигнат и ќе ги прегазат во два дена и европскиот и светскиот првак, навистина Жорди си ја знае работата.
Страшно делуваа на терен, да не беше тој блекдаун во второ уште поголема ќе беше разликата, но и ваква победа од "само 4 гола" е навистина висока.
Одбраната топ, какво само преземање имаат, посебно таа игра на централните дефанзивци, Гедеон Гвардиола и Виран Морос, или како што го вика коментатор-чето од Телма со цело име презиме Морос де Аргиља, кои машини се овие двајца киклопи, убедливо најдобра двојка дефанзивци на цело првенство, без никаква конкуренција, единствено изедоа ремет од Миха Глувчето Зарабец и Безјак, со сите други изиграа топ, па и со Данска, иако загубија на тој меч.
Вчера и во средата со Њемачка и нападот беше топ, па се се поклопи, наидоа на нервозен противник, голманите скинаа тоа што требаше, плус Арпаде Де Штербик свеста им ја зеде со пеналите, како само му го фати онај лоб на Гигу, како на мало детенце.:)
Добро балансиран тим имаат, микс на младост и искуство, стари кучиња како Ентрериос, Дани, Агинагалде, па и Кањелас другарчето на Вуја, и Гурбиндо е многу искусен, Валеро Брадата многу резервиран, но не се осеќа, и доста млади копиљаци кои допрва треба да блеснат, останатите се веќе познати, Соле е вистинско изненадување, топ играч е другарчето, каков само зглоб им:shook:а, а и од бек пуца, како Блаж Јанц е:D.
Експертите разочараа, Динар со своите ротации каша попара ја напрај репката, иако успеваше со послабите репки, но против една ваква одбрана на која што наидоа синоќа не помина блефот, премногу очигледно беше фатен во стапицата, ги натераа да играат само по средина, без крила, ги искасапија во игра 4 на 4, единствено шо поминаа топките до Сораиндо, друго се беше мачење.

Шведска-Данска

Швеѓаните се страшно непредвидлива репка, очекував од нив големи работи на ова ЕП, но некако ме демантираа на моменти, од очајни изданија со Исланд, посебно Франција, до страшен меч со Хрватска, а посебно синоќа, каква само офанзивна текма дадоа во првите 21 минута, 16 комада, НЕ ЗНАЕШЕ ЛАНДИН ЛЕПОТАНОТ ГЛАТА КАЈ МУ Е, го избушија, паднаа до крај на прво, па се вратија Данците, инаку како беа тргнати ќе дадеа 25 комада уште во прво.
Во второ многу искусно го диктираа ритамот, но на крај многу аматерски ги изиграа последните неколку напади, посебно последниот, ај што се отвори агол за Толбринг ок, ама кога веќе те остава судија сеуште да напаѓаш а има само неколку секунди до крај држи ја лоптата.
Наивно примен гол, и тоа како, страшно нешто, во едно додавање направија вишок по крило, а нас ни требаат еден куп КРИЖАЊА за да напрајме обичен вишок по крило, тоа ти е, СКАНДИНАВЦИ.
Во продолжение греота ќе беше да не тепаат Швеѓаните, при такви перформанси на играчите, Готфридсон искина другарчето, не е стандарден играч овај, иначе топ играч може да е, не знам зошто и во Фленсбург не го играат многу, онај голот на крајот беше вистинско ремек дело, страшен гол, за најавни шпици:bravobe:, вистински џокер беше Хобитот Захрисон ( не Захаријасен ко шо го нарече Столе Петрушевски, ги измеша со пикерот на Данска):ROFLMAO:, ги отепа другарчето, секоја чест за селекторот на Шведска, млад копиљ, доста храбар, во финале излезе со речиси втора постава, Јепсон не ни играше, Лагерген исто, па ни Лукас Нилсон не доби минутажа некоја, речиси со целосно нова линија, целосно го надмудри Николај Јакобсон, кој сигурно не очекуваше дека ќе му игра Шведска со Арнасон, Хенингсон во напад, посебно првиот искина, додуша и вториот, во два правци, страшно тактичко надмудрување, ги убија.
Страшен селектор е овај, а има само 36 години.
Ист систем на игра како со Хрватска, кога ќе се залетаат тешко се игра против Швеѓаните, посебно ако имаат голман како треба, искина Паличка:drk:, заслужено победа во секој случај.

За Данците обратно мислење, со ист стил на игра излегоа, малку и потценувачки на почеток, речиси 10 комада имаа сркнато уште во првите 10 минути, Ландин муви бркаше на гол, целосно неспремни влегоа во дуелот, си мислеа дека со Македонија играат па ќе чекаат противникот да се умори и да има ја дава топката в раце, нема грешка, во напад индивидуална игра, фактички two man show беше, пукај од каде ќе стигнеш, без вистинска идеја како да се разигра останатиот дел од тимот, и тоа што помина по пикери и крила беше рандом.
Без десен бек, години мака мачат со оваа позиција, колку играчи имаат на лагер и не најдоа еден асолен десен бек, најтешка позиција за пополнување им е, без вистински плеј од калибарот на Могесен, тешко одеше, иако бековите искинаа, речиси 80% од головите ги дадоа.
Ласе беше прочитан на почеток, потоа ја смени тактиката и успеа некако да ги извади, но на другата страна, леле леле,:pos:каде бе со онај Магнус Ландин, од играчи како Ларс Кристиансен, Николај Јакобсен, Егерт Хрчакот дојдоа на лево крило да им игра таква незналица како Магнус, батето на Никлас, СУРАТИТЕ BROSS:несвест:, кој од кој поизгубеN едниот муви брка на гол, другиот се глупира на крило, ЛОБОТ ШО САКАШЕ ДА МУ ГО ПРОДАДЕ НА ПАЛИЧКА, хаха, кој аматеризам:ROFLMAO:.
Оди исчезни бе стапу еден, кај си ти за ракомет, па уште и крило ќе играл, Данскиот Чурувија:icon_lol:

Да не дробам, апсолутно заслужена победа на Шведка, греота ќе беше да не одеа финале.

ФИНАЛЕ

Овде се е отворено, две различни школи, различни стилови на ракомет.
Од една страна Швеѓаните со поголем шутерски потенцијал од дистанца, страшни шутери имаат, не знаеш од каде доаѓа опасноста, секој може да распали, тука е нивната предност.
Од друга страна заебано кај нив е што многу зависат од стартот на мечот, ако отворат добро имаат игра, ако не им оди шутот од далеку некако ги фаќа паника и почнуваат да прават технички грешки, а Шпанија е ескперт за да те принуди да грешиш.
Тука според мене е клучот за утрешната текма, баш таа гореспомената Шпанска Ѕидина, како таа 4ка на средина ќе одигра против шутерите на Шведска.
Од друга страна Шпанскиот напад е далеку побавен, пред се малку и досаден, но точно знаат што играат и како да ја нападнат слабата точка на противникот,посебно во таа игра два на два со пикер, и пред се со промени на позициите на играчите, затоа не се случајни и тие голови на крилата кога доаѓаат од бек и се креваат на шут.
И секако голманите, кој ќе има предност овде завршил голема работа.
Вчера Швеѓаните примија 34 примени гола, се виде значењето на голманот, значи примија 34 комада а Паличка имаше 20 одбрани за 70 минути.
Очекувам утре да стартува Ник Слотер, и овај е тежок лудак, ако отвори добро ќе биде тешко за Шпанците, посебно ако не најдат начин како да ја пробиваат 6-0 зоната на Шведска.
Сума сумарум изедначена текма, нијанси треба да решаваат, треба да е добар меч.
Мој тип е за Шведска

Забелешка*
- Ако играте в кладилница игнорирајте го типот и играјте слободно на Шпанија, која мувла сум за кладење се обратно излегува од прогнозираното, днопертиза левел експерт.:facepalm:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
И кога играа против Германците пред пар години финале очекував да победат, а еве очекувам и сега...па да им ебам матер ваљда ќе искористат ваква шанса шпанците конечно и они да освојат..

ВАМОС ЕСПАЊА! :vozbud:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
Киркелоке данскиот Мартин Велковски :facepalm: :pos::pos:
Дрво од играч, плус во напад со Менсах Ларсен, незнам дали ќе можат против Франција...
Овој Јакобсен, на крај поголем лузер и од Лино Червар ќе излези :pos:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Од кај го ископаа овој Киркелоке жити све..
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Требаше да биде интересно финалево.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.991
Како што лагано го изгубија минатото финале, така лагано си го добија ова. Каква одбрана им изиграа у второ, швеѓениве не знаат кај им е главата.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Се изгубија комплетно у второ Швеѓаниве, да дадеш 3 гола за 22 минути игра е тежок криминал.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Им го бидува тренерот, им излезе со фантастична одбрана на стартот од второ плус Штербик и ги уби во поим.:bravobe:
Феран Соле едно од најдобрите крила на ова ЕП, искина.. ќе се истепаат големите клубови за неговиот потпис.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.328
Им го бидува тренерот, им излезе со фантастична одбрана на стартот од второ плус Штербик и ги уби во поим.:bravobe:
Феран Соле едно од најдобрите крила на ова ЕП, искина.. ќе се истепаат големите клубови за неговиот потпис.
ете ја причината зашо џинџерот наш од Тулуз се "трансферира" во Романија... Феран Соле...

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Целата репрезентација им изигра на ниво, ама...



ја сум ипресиониаран најмногу од тоа што го изиграа овие тројца (*да го задржиш Столе уствари е само по себе знак дека си јак дефанзивец :D )

Освен Словенците кои очигледно ги фатија на спиење (ко они нас), централната тројка во одбраната на Шпанија при 5-1 одбрана (и при 6-0) им еба матер на сите други противници. Браво и за Џорди Рибера што го искористи тоа дека има дефанзивни мастери ко Гвардиола и Морос во тимот на најдобар начин. Ако во напад играа слабо и „антички“, во одбрана поделија лекција како треба да играш. :cuc:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Нема што, за 4 дена да ги тепаш Германија, Франција и Шведска и тоа на каков начин во дефанзива ги "претепаа" значи заслужуваш злато.
Тоа ти е, кога тимски секој си го знае местото полесно се игра, страшно преземање на играчите, пресинг, покривање простор, пример за учебници како се игра истурена одбрана.
Денес го отсекоа Готфридсон од играта, на почеток тоа што помина помина до пикер и крилата потоа беше КАСАПАНА:sakasuste:, и тоа одбрана без глупи стартови, без груби фаули, за џабе исклучувања, коректна игра, со страшна кондициска спремност, како на ракетен погон да веа овие 3 меча.
Браво, нема збор, капа до под ј за Жорди Рибера, дечкото покажа дека знае шо прави.:bravobe:
Браво и за Шведска,топ репка.
Допрва доаѓа нивната ера, млади се, кога ќе научат да не се губат кога противникот ќе им го изремети ритамот ќе бидат уште подобри и со Исланд и Франција вака паднаа, им фали искуство и пред се повеќе вакви јаки утакмици, ако го задржат овај стил на игра ќе бидат важен фактор во наредните години.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Презаслужено злато за Арпад и Шпанија. (y) Во прво полувреме како да не беа доволно влезени во натпреварот и не изиграа на највисоко ниво, но затоа во второ полувреме им продадоа лекција по ракомет на швеѓаниве. Истото што и го направија на Франција во првите 30 минути сега и го направија на Шведска во второ полувреме, голот им го сокрија. :cuc: Да не се одлепеа на 4-5 разлика убеден сум дека Шведска немаше да оди на повеќе од 5 голови во второ полувреме, маестрална одбрана им одиграа. Швеѓаниве на почеток на второ се изгубија за сите пари и тука им отиде возот за да фатат било како приклучок. Ова беше и периодот во кој што се скрши натпреварот, а Шведска мислам дека не очекуваше одма на почеток во второ да стегне Шпанија до тој степен и се распаднаа во буквална смислам на зборот, ракомет заборавија да играат. Еден куп грешки, безидејсност во нападот и капак на се им беше Штербик на голот...се што успеаа да направат во тој мизерен период за нив им скина Штербикот и до крајот се се сведе на чиста формалност. Од друга страна Шпанија искористи буквално се што можеше да се искори. Реков и после утакмицата со Франција, преискусна селекција се и за очекување е дека ќе ја искористат секоја прилика што ќе им се укаже, а во случајов тоа им донесе злато. Вака кога ќе се погледнат нивниве две утакмици од последната фаза се добива впечаток и дека се прошетаа до златото т.е. послено поминаа тука него ли во прва и втора фаза. :icon_lol:[DOUBLEPOST=1517175951][/DOUBLEPOST]
Дедо Штербик
Арпадот беше стар кога направи трансфер во Вардар, а замисли тек сега за што го смета најракометната публика во Европа. :angel: Само тоа е, кога има луѓе што мислат дека едини ракометни таленти во свет се Талески и Велковски нормално е да има чудење за тоа кој е и што е Арпад Штербик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom