Природата, Господ, Универзумот како сакате гледајте на тоа, Он си реагира. Од космичка гледна точка нема разлика меѓу најпростите микроорганизми и луѓето. За Космосо ние сме само еден инатлив идиотски вирус. Тако да ако станеме вистинска претња за планетата има да не снема, како шо ги снемало диносаурите.
Се согласувам. Планетата трпи и трпи, но еднаш на 100тина или повеќе години и таа пие по еден аналгин, пошо нели.. полна е со секакви форми на живот што кај неа се манифестираат како вирусни инфекции. Никогаш нема да запре процесот на таа природна селекција, еволуција, синџирот на исхрана, итн итн... Планетата исто како и секој друг вид на материја/енергија во универзумот ќе мутира и ќе го балансира т.е. ќе возврати на тоа што човекот вештачки и го прави.
Значи ако има глобално затоплување, тоа јас го гледам исто како човеково тело кое има покачена температура. Ќе реагира човекот? Да. Епа ќе реагира и планетата.
Дали ковид19 е вештачки створен или е човечка творба, ние (обичните смртници) можеби и никогаш нема да дознаеме. Но планетата дефинитивно има свој природни адути кои може во секое време да ги активира и да покоси дел од населението. Вулкани, земјотреси, цунами, урагани... итн итн се само дел од "мерките" што природата ги спроведува кога дели правда.
Сега сме одприлика 8 милијарди... со голема тенденција во следните 100 години да се зголеми за 1.5x бројот на населението. Ако тоа се случи, освен што ние самите ќе се соочиме со глобална криза за храна и вода, и планетата исто така ќе се соочи со зголемено присувство на вирусни макро и микро организми, па нејзината реакција ќе биде правопропорционална со јачината на "инфекцијата".
Сакав да кажам дека животот на планетава константно се променува, а ние сме приморани да се адаптираме на промените. Тоа го имаме во нашата ДНК уште на самиот почеток. Адаптација и преживување.
После ковид19 тешко дека работите ќе се вратат целосно во нормала. Засекогаш ќе остани трага и лузна од епидемијата... дел во вид на општа паника, дел економска, дел здравствена... но сепак ќе ја има.
Ние можеби ќе продолжиме да живееме со исто или слично темпо, но сепак генерациите што идат ќе се соочени односно припремани дека опасноста секогаш демне, и дека во секое време може да се случи катастрофа од вакви светски размери.
Човештвото можеби ќе е поспремно, поедуцирано и ќе вложи повеќе ресурси за да превентира сличен евент, но ултиматно и ние како најинтелегентна форма на живот имаме лимит до каде и колку можеме да ја контролираме природата во нејзините намери да балансира и да се трансформира.
И планетите се со рок на употреба, и тие се раѓаат и умираат исто како нас. Ама тоа веќе е друга и опширна тема...