Животот и подвизите на Александар Македонски

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Културите на Балканот не правеа ни пирамиди, па се откриваат направени на Балканот...
Сега, од што го извлече заклучокот дека не правеле геоглифи? Еве има еден направен. Кој го направил него? Некултурите?
Се има на Балканот. Само треба доволно длабоко да копаш и паметно да истражуваш.
Ровови од Првата Св. Војна....Веруваат ли во тоа и тие?!? Знаат ли како изгледа едно фортификационо воено рововско утврдување од 20 век? Служеле ли воен рок во некоја армија?
Види, геоглфите се симболи со сакрална/религиозна функција кон соларно божество.
Кај нас многу добро ни се познати фигурините на мајката богинка т.е. распространетоста на тој култ/религија. Ако те интересира за примитивни симболи истражувај околу карпестата уметност во Мкд.

За пирамиди неможе да стане збор на Балканов ниту пак во Европа бидејќи многу добро се познати, истражени, документирани и дебатирани гробните форми а башка нема традиција ниту капацитет. Ако те интересира повеќе за интересни гробни форми истражи за тумули/могили/kurgan културата (меѓу омилените полиља ;)) тоа ќе биде како паралела (тие се родовски/кнежевски гробници).

Луѓето кои биле на терен се сериозни, Лилчиќ има служено армија како да нема ?
За рововите документирано; муниција од тој период, свирче за јурш, монети а има луѓе што се занимаваат со воените објекти од 20 век. и велат дека тоа е честа појава (хинт; Солунски фронт 1918год.)

И јас колку пати на вакви ридови сум бил, колку дупки (ровови од 2ра светска)... викам абе оде дивите растур направиле но кога ќе се распрашаш или истражиш околу движењата на војската... и така научив за рововитееее, че го пукам море хеј!
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Aerijalni snimak Bosanske piramide Sunca 24. 12. 2009.jpg

Една од босанските пирамиди...
Некои од артефактите пронајдени во босанските пирамиди :
https://www.youtube.com/watch?v=sv6Rkiv0MrQ
А за геоглифот... -Ниеден воен ров нема онаква форма, ниту пак вцртани симболи кои ќе се гледаат од небо (можеби пак сакале да ги примети “Црвениот Барон“?).
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Прегледај го приврзокот 99130

Една од босанските пирамиди...
Некои од артефактите пронајдени во босанските пирамиди :
https://www.youtube.com/watch?v=sv6Rkiv0MrQ
А за геоглифот... -Ниеден воен ров нема онаква форма, ниту пак вцртани симболи кои ќе се гледаат од небо (можеби пак сакале да ги примети “Црвениот Барон“?).
Смешки.
Не планирам да ти објаснувам кој и зошто гради пирамиди.
Не ти е чудно е што ниеден историограф или антички историчар не спомнува пирамиди на Балканот или Европа? Еве ова е најосновно прашање...

Видеото ништо не докажува и убаво пишува во еден коментар подолу "Hunter gatherer artifacts. Not pyramid builders." а чисто сумнјам дека се од таму.

Види кога можеле да прават вакви утврдувања да не зборуваме за ровови...
http://en.wikipedia.org/wiki/Star_fort
Ровот оди според конфигурцијата на теренот, а ако на некој му личи на симбол нека даде аналогија на тој симбол каде го сретнал.

п.с. напиши на чичко гогле WW1 trench fortifications, trench warfare, trench plans...

еве нешто интересно за гробот на Алекс;


Преподобен Сисој (умира 429 г.) пред гробот на Александар (го нашол во Египет).
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
И пред платното на Исус во Торино се поклонуваат, па што докажува тоа? Дека со него Исус бил завиен?
И зошто пирамидите се смешки? Затоа што не ти се поклопуваат во твојот “изграден“ светоглед?
Зошто може да има пирамиди во целиот свет - од Кина до Америка, а во Европа да нема? Ти навистина ли веруваш во она детско објаснување дека тие се гробници?
И зошто да има гигантски геоглифи во Насца, Англија, Арабија и каде ли не уште, а во Македонија да нема? Македонците (предците) биле глупави, неписмени, што?
Оној што недоволно го користи својот мозок, размислува со туѓите... И слепо верува во она што ќе му го кажат или што ќе го прочита од некој “научник“...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
И пред платното на Исус во Торино се поклонуваат, па што докажува тоа? Дека со него Исус бил завиен?
Според преданието Св. Сисој еднаш, во пустината, го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел се ужаснал и рекол: „Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“... И го затворил гробот и никому не му го покажал.

Едно од многуте преданија за гробот на Александар, има и многу хинтови во историсите извори.[DOUBLEPOST=1407325303][/DOUBLEPOST]
И зошто пирамидите се смешки? Затоа што не ти се поклопуваат во твојот “изграден“ светоглед?
Зошто може да има пирамиди во целиот свет - од Кина до Америка, а во Европа да нема? Ти навистина ли веруваш во она детско објаснување дека тие се гробници?
Може да има примадилна структура (од архитектонска гледна точка) а функцијата да биде фунерала (Египет и Кина) сакрална (ј. Америка).

Ситематски се истражувани, евидентирани и документирани, издадени/публикувани веќе над век и се дебатира за се само не за функцијата. Има еволуција во тој тип на градба почнувајќи од Зигурат, Мастаби па на крај зенитот е Пирамида. Има многу фактори кои придонеле кон тој еволутивен процес. (мора да има проблем, ќе се најде решение = еволуција)

Јас не верувам туку знам, омилено поле на истражување ми е фунералната археологија. (ти реков за тумулите ги има во изобилие во Европа).[DOUBLEPOST=1407326099][/DOUBLEPOST]
И зошто да има гигантски геоглифи во Насца, Англија, Арабија и каде ли не уште, а во Македонија да нема? Македонците (предците) биле глупави, неписмени, што?
Каде што има соларни божества ќе има геоглифи. Тие симболи (кои му ги покажуваат на соларното божество) имале магично својство. (комуницираат, во Европа комуницираат на друг начин)

Популацијата која живеела на оваа територија не била неписмена напротив меѓу првите кои имаат фонетско писмо и монети (заедно со Хелените), но тие немале потреба да градат пирамиди поради тоа што немале ФАРАОН. (за значењето на фараонот во општеството веројатно знаеш, и за општественото уредување на Балканскиот полуостров)

Многу добо се познати; Македонски тип на гробници, Пајонски тип на гробници, Тракиски тип на гробници, Илирски тип на гробници, кнежевски гробници де....

Никаде нема пирамида.[DOUBLEPOST=1407326464][/DOUBLEPOST]
Оној што недоволно го користи својот мозок, размислува со туѓите... И слепо верува во она што ќе му го кажат или што ќе го прочита од некој “научник“...
Оној кој го користи доволно бојлерот чита, истражува по терен, прави експерименти, бара аналогии, споредува итн. и неговите научни трудови едвај се продаваат (по 200-300 тираж) за разлика од некои други "научници"...

На тебе ти фаќа бојлерот и те советувам да не веруваш на вакви небулози од типот на пирамиди во мкд, геоглифи итн бидејќи има многу поубав и сериозен материјал.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Пирамида е геометриско тело и секоја градба (значи која евидентно е со вештачко потекло) со тој облик се вика пирамида. За тоа не треба фараон па да има пирамида. И пирамидите немаат фунерална употреба. Напротив, гробниците на Фараоните не се во пирамидите туку најчесто во Долината на Кралевите.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Како бе не се гробници ?
Ако не се гробници тогаш што се ? Фрижидери за пиво ?

(многу сме оф топик)[DOUBLEPOST=1407331420][/DOUBLEPOST]
Пирамида е геометриско тело и секоја градба (значи која евидентно е со вештачко потекло) со тој облик се вика пирамида.
Хмм дискутаблино...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Како бе не се гробници ?
Ако не се гробници тогаш што се ? Фрижидери за пиво ?
Да! Додека не се ДОКАЖЕ дека се гробници се дотогаш може се да бидат. Дури и фрижидери за пиво. Наздравје!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да! Додека не се ДОКАЖЕ дека се гробници се дотогаш може се да бидат. Дури и фрижидери за пиво. Наздравје!
Докажано е дека се гробници, зошто дигаш галама?

http://en.wikipedia.org/wiki/Chinese_pyramids
(фактичи ова се тумули)

До денес има откриено 138 пирамиди во Египет и скоро сите се гробници.
Вон дајникен или другата иста багра нека ги проучи сите и нека докажат дека не се.

Кај нас ако има пирамиди ќе се нешто како дињи (за мастика; според легенда Маслина која правела волшебен љубовен напиток а тука нешто и чичко Ѕевс смешал некој брк...:ROFLMAO:)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Промовирано делото „Патот на Александар Македонски низ Република Македонија“

19.12.2014

Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Охрид, Битола и уште 13 други денешни општини кои се протегаат по течението на Крива Река, Вардар и Црна Река се местата кои според претпоставките на дел од археолозите ги посетил Александар Македонски.

Промовирајќи ги овие научни истражувања во делото „Патот на Александар Македонски низ Р.Македонија“, базирани врз археологијата и релјефот, но и врз историските извори на хроничарот Аријан, археологот Виктор Лилчиќ вели дека ова е доказ за корените на македонската нација.

Лилчиќ вели дека иако долгогодишната потрага по гробот на Александар до сега се покажува како неуспешна, сепак постојат други докази кои ја докажуваат неговата поврзаност со Македонија.

Дел од историчарите што ја проучуваат антиката, велат дека најголем дел од податоците поврзани со ова далечно време, како што се и маршрутите по кои одел кралот Александар, се претпоставки на историчарот Хамон.

Според претпоставките и преданијата на дел од историчарите, посетата на Александар Македонски на Македонија се случила во 335 година п.н.е. кога кралот се враќал од Дунавската мисија и имал 21 година.



http://24vesti.mk/promovirano-deloto-„patot-na-aleksandar-makedonski-niz-republika-makedonija“

http://mkd-news.com/patot-na-aleksandar-makedonski-niz-republika-makedonija/

http://www.telegraf.mk/kultura/226025-prezentacija-na-patot-na-aleksandar-makedonski-niz-republika-makedonija

http://www.utrinski.mk/?ItemID=631218C47BA0A847A5580C7F4AE97073
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Најголемиот војсководец во историјата не е секаде славен
ИРАНЦИТЕ НЕ МУ ПРОСТУВААТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ - ЗА НИВ ТОЈ Е ПРОКЛЕТ

Ни Велики ни Македонски. За Иранците, иако е дел од нивната историја, Александар е само Александар, Искендер, за некои Страшен, за некои Проклет, ама за сите е злосторник, кои им го уништил Персеполис, центарот на персиската култура, која траела цели 15 века.
Во денешен Иран познат е и како “злобниот крал“ кому можат да му простат што им го уништил царството, но не можат да заборават што му направил на Персеполис, иако оттогаш поминале повеќе од 2300 години.
извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=FD87010CC75A7C4FA9B41317AE18751C
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
„Археолошка авантура – Еригонски пат“ е документарна серија во 5 епизоди за патот на Александар низ Македонија кој телевизија Алфа го сними во соработка со Управата за заштита на културно наследство.


(останатите делови се десно во related videos)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom