Живеење во заедница..

Дали би живееле во заедница?

  • Да-ако е само едниот родител

    Гласови: 1 0,9%
  • Да,и со двајцата родители на партнерот

    Гласови: 9 8,4%
  • Да, со двајцата мои родители

    Гласови: 10 9,3%
  • Не,никако

    Гласови: 87 81,3%

  • Вкупно гласачи
    107

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Не ме праша ама ти кажав
Поентата е НЕ СЕКОЈ настојува да ги изведе на прав пат, туку свесно не омаложуваат и уништуваат и ден денес. Односно синовите, кога сум јас во прашање можат само да пробаат. Свесни се дека можеме многу подобро сите и свесно се самоуништуваат.

И на секој што мисли дали да влезе во заедница пак ќе му порачам да види дали има реални причини за возрасен човек над 30 да е уште со мама и тато. Реални причини ок инвалидитет кај некој , судски спор, пари за студии, скапи операции

Ама 10-15 год 4 плати, ни 4 цигли во дворот има нешто. Да имало луѓе ќе имало куќа.
Лично за мене сум си го решил стамбеното прашање а за синовите и ќерката не сум должен да им обезбедам стан или куќа туку должност ми е да им обезбедам квалитетно образование и да ги изведам на прав пат.
По полнолетство ако сакаат имаат право да си откупат од мене по еден спрат ќе си монтираат посебни ел.броила,посебна адреса......................
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337

па нели ти збореше по некои теми дека и кредит си зел да и купиш стан на ќерката?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ti si go kupil za nea stanot,a taa treba da go prekupi ako saka.:toe:Lud,zbunjen,normalan.

Jas da sum na nejzino mesto,nikogas nema da go kupam ama ke ziveam tuka,bidejki specijalno e kupen od taa pricina.:icon_mrgr:
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ние напрајвме мало мирно место, не ми се допаѓа што е во загадена средина, спремам 300 планој за животен простор за децава само празен простор мебел ќе си заработуваат
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Тоа е само изговор да си скаратам од задоволствата да не скитам по кафани,курви,менувам коли 2-3 месеци ...............
А за да живее во станот треба прво некој дозвола и клуч да и даде а ако не сака да си го откупи тогаш ќе го продадам па ќе си ги надополнам ускратените задоволства.[DOUBLEPOST=1451425323][/DOUBLEPOST]
Ti si go kupil za nea stanot,a taa treba da go prekupi ako saka.:toe:Lud,zbunjen,normalan.

Jas da sum na nejzino mesto,nikogas nema da go kupam ama ke ziveam tuka,bidejki specijalno e kupen od taa pricina.:icon_mrgr:
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Тоа е само изговор да си скаратам од задоволствата да не скитам по кафани,курви,менувам коли 2-3 месеци ...............
А за да живее во станот треба прво некој дозвола и клуч да и даде а ако не сака да си го откупи тогаш ќе го продадам па ќе си ги надополнам ускратените задоволства.[DOUBLEPOST=1451425323][/DOUBLEPOST]

Jas neznam sto si se zamaral uopste deca da prais, si mozel cel zivot so kurvi da go pomines, just saying..
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Мислам дека и најголемиот мазохист самоволно не би прифатил да живее во заедница.
Според приликите многумина го прават тоа па со тепачки си излегуваат покасно, за пак на почеток да се. Непотребно.

И не, не би живеела во заедница. Повеќе од 10 години се грижам сама за себе и излегов од кај мајка ми, па сега ни со неа не би можела да живеам, а не пак со некој што "не ми е ништо".

Впрочем мислам дека никој не би сакал да си го наруши комодитетот, не е дека и старите се воодушевени од туѓ човек дома. И не, не верувам во бајки дека снаата се сака како ќерка. :) Примери милион околу мене.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
И таа има право по 18та година доколку сака станот да си го откупи од мене
Не си во право. Мислиш дека така ќе ги направиш посилни ама товарот што им го планираш е голем.
Ако работиш за плата овој месец и парите ти требаат на први или пред први (инаку печен си) притисокот е огромен. Ако имаш пари в банка за месец - два работиш без притисок, оти си обезбеден за следните сметки и храна.
Исто за станбеното прашање, ако немаш каде а веќе се чека бебе замисли го притисокот. А ако имаш нешто дадено од срце од родителите, можеш раат цел живот да градиш за децата, пак тие ќе имаат занимација ќе градат за својте деца без некој пресилен притисок. Ќе живеат подолго. Има други начини да ги направиш вредни и работливи не мораш да ги фрлиш во таков оган.[DOUBLEPOST=1451428509][/DOUBLEPOST]
Мислам дека и најголемиот мазохист самоволно не би прифатил да живее во заедница.
Според приликите многумина го прават тоа па со тепачки си излегуваат покасно, за пак на почеток да се. Непотребно.

И не, не би живеела во заедница. Повеќе од 10 години се грижам сама за себе и излегов од кај мајка ми, па сега ни со неа не би можела да живеам, а не пак со некој што "не ми е ништо".

Впрочем мислам дека никој не би сакал да си го наруши комодитетот, не е дека и старите се воодушевени од туѓ човек дома. И не, не верувам во бајки дека снаата се сака како ќерка. :) Примери милион околу мене.
Охохо колку им противречев на ваквите како тебе пред да се омажам, а колку беа во право. Знам јас примери кај што снаата се сака како ќерка и взаемно, и се гледа по просперитетот дома - сегде има расправии со брат со сестра ќе се скараш некогаш. Ама ова не е секаде и не зависи само од едната страна. Двете страни треба така да се постават со почит не мора со љубов, само со почит и со добра намера. А и ова кај мене не е кај сите, и ваква крајност е ретка. Ама најдобро е на страна. Од почеток. Не можеш да знаеш како ќе е, и стварно е мазохизам да се подложиш живот во на заедница.[DOUBLEPOST=1451429032][/DOUBLEPOST]
Тоа е само изговор да си скаратам од задоволствата да не скитам по кафани,курви,менувам коли 2-3 месеци ...............
еден човек што го знам живееше исто вака и казина и странство плус, сега е скитник...
сега влече торби по улици... дали мисли сега на децата? којзнае....
Памтам кога шеташе носеше торбиче за на точак - да не речам педеруша
полно со пари со откопчан патент и на половината... и низ град - будалетинка :)))
 
Последно уредено:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
@moni_moja постојат, ретки ама постојат. На дистанца и со доволна почит да седнеш на маса да јадеш. Но, ај да ја тупиме малку во анализите.
Колку од тие што ги познаваш живеат во стан? Колку од нив се во куќа на исти спрат и заедничка кујна/купатило? Претпоставувам малку. Зошто не може во 60 квадрати простор, 3 генерации да живеат со сосема различни потреби/приоритети и навики. Освен ако свекорот и свекрвата се во работен однос и речиси и да не се гледаат.

И јас познавам многу што се почитуваат ама на само не е така, кој со отидени нерви, кој анксиозност, кој депресија ... Живот со премолчување и компромис.
Кај што треба со себе да правиш компромис, па со партнерот, па после ти следуваат и луѓе во години со свои навики. Ако гледаме само да се истурка денот и животот да, возможно е. Ама не мислам дека тоа е живот.
 
Не, тие што ми паѓаат на памет се во доста комфорни куќи. Најчесто и в село. Свекрва од тетка ми, јас се чувствувам сакана од неа што не сум и ништо, така топли очи има, меки зборој. Тетка ми проживеа таму. Треба двете страни да сакаат.

А моето искуство од заедница е чиста траума. Трет ден од животот тука ми ја изври трењерката црна со капа со постава значи огромен црн партал на вриење. Собрала театар од комшивки и ми вика пуста јас што ти сторив не ја видов. И јас и викам биди жива здрава. И ја благословував така секој ден и за право гајле немав од ситници и глупости, ама колку и да се ефтини штетите се збираат, колку и да не сакаш ќе се изнервираш. Пекол. Незнам. Дури советував пријателки ако сакаат да имаат деца само да ги родат, толку ми беше испукан филмот. Не против заедница, туку против брак бев. Сега на друга планета сум. И ним не им е лесно немаат на кого да се изживуваат :) за жалење се. Гревчиња. Сепак мојов живот од старт е ретка глетка, не сакам да верувам дека секој што има проблеми има во моја мера проблеми. Сакам да верувам во доброто.
Не би дозволила мое дете да живее во заедница ни под разно. Не дека луѓето се сигурно себични или зли, можда не се, веројатно не се, ама ризикот е голем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom