white_eagle
: : stuck in void : :
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 953
- Поени од реакции
- 716
Анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека дури 72,4 отсто од македонските домаќинства не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината
Иако навидум живеат доста комотно, повеќето македонски граѓани се чувствуваат материјално обесправено
МНОЗИНСТВО ГРАЃАНИ ИМААТ ИМОТ, НО НЕМААТ ПАРИ
Повеќето македонски граѓани живеат во сопствени куќи и станови за разлика од земјите во Европската Унија, каде што поголемиот дел од населението живее под кирија. Најновото истражување на Државниот завод за статистика покажува дека дури 63 отсто од сите домаќинства во Македонија живеат во единечна семејна куќа, претежно во нивна сопственост. Во ЕУ, 55,6 отсто од граѓаните живеат под кирија. Сепак, иако повеќето македонски семејства се сопственици на недвижен имот, тие не можат да си дозволат еднаш годишно да заминат на одмор.
Имено, анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека дури 72,4 отсто од македонските домаќинства не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината.
Услови за живот
Структурата на видовите станови во руралната и во урбаната средина покажува дека 93 отсто од сите домаќинства во руралната средина живеат во единечна семејна куќа, како и 45,4 отсто од сите домаќинства во урбаната средина. Истражувањето покажува дека во просечниот македонски дом има 3,3 соби. Во урбаните средини домовите имаат во просек по три соби, а во руралната средина по 3,6 соби. Во поголемиот дел од живеалиштата во урбаните средини има внатрешен тоалет, туш и када, за разлика од руралната средина, каде што внатрешен тоалет има 72,9 отсто од домовите, а туш и када има во 76,1 отсто од домовите. Иако навидум живеат доста комотно со оглед на тоа што поседуваат недвижен имот, повеќето македонски граѓани се чувствуваат материјално обесправено, односно не можат да си дозволат едноставни секојдневни потреби. Тоа го покажува и анкетата на Државниот завод за статистика, во која на прашањето дали домаќинството, доколку сака, може да си овозможи да плати јадење со месо, риба или соодветно вегетаријанско јадење, секој втор ден, дури 55,3 отсто од домаќинствата дале негативен одговор.
Извор
Ваше мислење колку има вистина во ова? Колку од вас и од вашето семејство навистина си дозволиле еднонеделен одмор? Може да се дискутираат и останатите статистики.