Живееме во куќи, а не можеме да си дозволиме одмор

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека дури 72,4 отсто од македонските домаќинства не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината

Иако навидум живеат доста комотно, повеќето македонски граѓани се чувствуваат материјално обесправено

МНОЗИНСТВО ГРАЃАНИ ИМААТ ИМОТ, НО НЕМААТ ПАРИ

Повеќето македонски граѓани живеат во сопствени куќи и станови за разлика од земјите во Европската Унија, каде што поголемиот дел од населението живее под кирија. Најновото истражување на Државниот завод за статистика покажува дека дури 63 отсто од сите домаќинства во Македонија живеат во единечна семејна куќа, претежно во нивна сопственост. Во ЕУ, 55,6 отсто од граѓаните живеат под кирија. Сепак, иако повеќето македонски семејства се сопственици на недвижен имот, тие не можат да си дозволат еднаш годишно да заминат на одмор.

Имено, анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека дури 72,4 отсто од македонските домаќинства не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината.

Услови за живот

Структурата на видовите станови во руралната и во урбаната средина покажува дека 93 отсто од сите домаќинства во руралната средина живеат во единечна семејна куќа, како и 45,4 отсто од сите домаќинства во урбаната средина. Истражувањето покажува дека во просечниот македонски дом има 3,3 соби. Во урбаните средини домовите имаат во просек по три соби, а во руралната средина по 3,6 соби. Во поголемиот дел од живеалиштата во урбаните средини има внатрешен тоалет, туш и када, за разлика од руралната средина, каде што внатрешен тоалет има 72,9 отсто од домовите, а туш и када има во 76,1 отсто од домовите. Иако навидум живеат доста комотно со оглед на тоа што поседуваат недвижен имот, повеќето македонски граѓани се чувствуваат материјално обесправено, односно не можат да си дозволат едноставни секојдневни потреби. Тоа го покажува и анкетата на Државниот завод за статистика, во која на прашањето дали домаќинството, доколку сака, може да си овозможи да плати јадење со месо, риба или соодветно вегетаријанско јадење, секој втор ден, дури 55,3 отсто од домаќинствата дале негативен одговор.

Извор

Ваше мислење колку има вистина во ова? Колку од вас и од вашето семејство навистина си дозволиле еднонеделен одмор? Може да се дискутираат и останатите статистики.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
... Тие порано што направиле направиле но денешниве генерации со плата од 500 евра да направиш куќа ќе ти требаат најмалце 20 год ... да работиш па тек тук нешто да направиш што тоа е ептен лошо за на одмор ... повеќето што ги познавам од Велес - Прилеп следново го кажуваат за да одам јас на одмор морам цела година да штедам пари што ќе ми даваат моите па да одам на одмор и тоа во охрид на 10 дена ... или пак некој следното ќе го каже морам да земам кредитна картичка па да одам со детето и со жена ми на одмор ... што тоа докажува дека повеќето луѓе од својата плата не можат да си дозволат одмор .. Бидејќи како живее едно просечно семејство во Мкд: Од пензијата на бабата или дедото живеат од 1ви до 15ти со платата од таткото живеат од 15ти до 1ви и ова е само за јадење и за во школо за децата а сметките? секако дека тука е мајката ако е вработена а одморот? каде е? нема пари од плата за одмор затоа треба да стедиш од едниот одмор до другиот па да одиш инаку ... тешко
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека дури 72,4 отсто од македонските домаќинства не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината

Иако навидум живеат доста комотно, повеќето македонски граѓани се чувствуваат материјално обесправено

МНОЗИНСТВО ГРАЃАНИ ИМААТ ИМОТ, НО НЕМААТ ПАРИ
.
А како го одржуваат тој имот ако немаат пари за на одмор
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
703
Цел живот ке собира една кукичка да си направи, ке штеди од се ,после па за кола , децата да ги исправи на нозе ... и кога да иде на одмор?Со нашите плати(ако ги има и колку вредат)се само за преживување.Ќе иде на одмор ама кога ке се врати и струјата ја исклучиле. Тоа ти е Македонски стандард
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Аман бре.Сите кукате,нема пари за ништо,а отиди во кафиќ полно,отиди во кафана пак полно,отиди на натпревар пак полно,отиди во недела во црква пак полн.Низ Скопјево не можеш да се разминеш со кола не па да најдеш место да паркираш.
Каде и да отидеш секаде е полно и сите само кукаат.
Тешко на тие што навистина немаат изгледа само тие не кукаат(со гладен стомак не се кука)
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
и што?
поважно е да имаш кај да седиш или на одмор да одиш?
поубаво е да имаш куќа со сопствен голем двор или да живееш во мал стан ама важно на одмор си бил ?
абе ај глупости
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Аман бре.Сите кукате,нема пари за ништо,а отиди во кафиќ полно,отиди во кафана пак полно,отиди на натпревар пак полно,отиди во недела во црква пак полн.Низ Скопјево не можеш да се разминеш со кола не па да најдеш место да паркираш.
Каде и да отидеш секаде е полно и сите само кукаат.
Тешко на тие што навистина немаат изгледа само тие не кукаат(со гладен стомак не се кука)
Еднаш пишав и ке пишам пак.Сиромаштија не се мери со полни кафиќи и кафани и со автомобили.Народот е толку глупав и прост ке трпи за леб ама пред комшијата мора да се покаже дека е над него.Младите ке молат цел ден за едно кафе од своите родители ама битно е на кафе искочил да го види баграта како пие.Гордоста е на прво место и да се чепиш пред сите мора.Како комшијата да е бољи од мене никако све на кредит иде ама ја бољи ке сум од него па макар живеам така неколку месеци .
А за темата сите живеат на грб на своите сакам да кажам што дедовците оставиле на родителите тоа родителите ке остават на децата така во круг.За џабе не кукаат дека слабо се продаваат станови па слабо со 8.160 иди па купи стан.Не знаеш што попрво дали државата да ја раниш или ти себе.
Со поштено заработени пари неможе да се живее џабе некои лајат дека сето богатство им е стекнато со десет прста.Или е дрога оружје проституција или пак е близок со владеачките структури.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378

народот е толу глупав ради друга причина,што мисли дека ако 3 кафичи се полни дека сите сме пуни со пари,а он кутриот седнува на кафе еднаш месечно.
Глуп е што воопшто кафето и кафаната го спомнува како луксуз божем е идење на одмор на Хаваите.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Аман бре.Сите кукате,нема пари за ништо,а отиди во кафиќ полно,отиди во кафана пак полно,отиди на натпревар пак полно,отиди во недела во црква пак полн.Низ Скопјево не можеш да се разминеш со кола не па да најдеш место да паркираш.
Каде и да отидеш секаде е полно и сите само кукаат.
Тешко на тие што навистина немаат изгледа само тие не кукаат(со гладен стомак не се кука)
Кабелската телевизија или интернет кај нас се симболи на добра живеачка.
Тажно...

Инаку аргументација од типот кафичите се полни. Oф мори мајко...
Имаше еден пост од нихилиста не можам да го најдам...
накратко беше нешто во стилот...
Оди на болница,болниците преполни,значи сите сме болни и се распаѓаме...
Оди на суд,судовите полни,гужва,сите сме криминалци...
Оди на гробишта...полно...сите умираме...
Оди на породилно сите раѓаат деца значи имаме азиски наталитет...

Исто како на пример на некоја тема на форумот “каде ќе одите на одмор“ или нешто така беше...
Од 40.000 и кусур члена едно 15-20 ќе изнапишат Грција, Црна Гора, Саранда и од тоа се доаѓа до заклучок дека народот ете...живеел добро...

Инаку и кафичите и дискотеките во Етиопија се преполни...

Инаку и улиците во Џакарта и Бангкок се преполни со возила. Па според тоа Индонезија и Тајланд имаат невидена благосостојба...:tapp:

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Аман бре.Сите кукате,нема пари за ништо,а отиди во кафиќ полно,отиди во кафана пак полно,отиди на натпревар пак полно,отиди во недела во црква пак полн.Низ Скопјево не можеш да се разминеш со кола не па да најдеш место да паркираш.
Каде и да отидеш секаде е полно и сите само кукаат.
Тешко на тие што навистина немаат изгледа само тие не кукаат(со гладен стомак не се кука)
А во другите градови колку си бил и видел дали е така?
Во кое време/кои денови се полни кафичите? - Ако можеш да си дозволиш 2-3 пати неделно да пиеш кафе надвор, тоа е луксуз за тебе?
Ајде ако не сите што имаат (имаме) помалце да се затворат (затвориме) дома и да не излегуваат (излегуваме) воопшто.
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
ех...тие куќи останале од некои повредни од нас шо ги изградиле на времето...ако се има куќа не значи дека си богат или не знам шо...многу луѓе познавам што становите им се купени од мајка,татко,баба,дедо инт...али тоа било тогаш кога парите вределе...а сегашните генерации како од мочка правени..и тие куќи што им се поклонети ке ги продадат за да одат на кафе или еве на одмор бев не знам каде
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Pa da odrzavas kukja, da ne navlagam sea u detali, e prilicno dosta golem trosok pokraj ostanatite sekako, neznam sto e cuden faktot koj veli deka luge ne mozat da si dozvolat eden odmor a ziveat u kukja.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Сите вие што кукате сте деца на комунизмот , научени сте на системот на Тито "нишај врата - земај плата". Значи не ве осудувам , така сте пораснале и нормално е да ви недостасуваат тие времиња , сигурно и младите генерации повеќе би ги сакале тие времиња , но редно време е да ви стане јасно дека тоа нема да се врати. Е сеа најлошо од сето тоа е што им е*авте матер и на младите , вашата носталгија ја пренесувате и на нив и автоматски ги попречувате да пробат нешто сами. Баш вчера бев сведок на една ваква ситуација разговор меѓу неколкумина жени , имено едната се жалеше дека син и продавал земјоделски производи на пазарот , сам и тоа , откупувал и продавал , значи не работи за некој друг , а додека другата се жалеше дека син и имал огромна желба да фаќа занает , односно се влечел низ градот со мајстори за плочки лепење. Според нив требало да завршат факултет и да прават напори да влезат некаде во јавна администрација.

ДО КОГА БРЕ ВАКА? ... Никогаш нема да ми бидат јасни родителите што си ги кочат децата и што не им даваат сами да си ја одредуват иднината. Влезено им е во главата дека животот е факуктет-диплома и како право автоматски да ќе добиеш работа. Упорно и упорно несакаат да ја признаат денешнава ситуација , денешниов капитализам , и дека веќе нема да биде исто како што било некогаш , кога според нив "течело" мед и млеко.

Истото сакав да го поврзам и со темата , како мислите македонците немаат за годишен одмор? Па добро бе човече минатата година беа влезени 100 милиони евра само во Грција од Македонци , секој на фб има слики од плажи и од разни чуда , не зборувам дека сите македонци можат да си дозволат одмор во годинава , но 85 посто од нив и тоа како можат да си го дозволат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom