Живееме во куќи, а не можеме да си дозволиме одмор

B

Borg_Drone

Гостин
Сите вие што кукате сте деца на комунизмот , научени сте на системот на Тито "нишај врата - земај плата". Значи не ве осудувам ......
И не треба да ги осудуваш, чим можат некои косовски „номади“ од северот да доаѓаат тука за да живеат и да „работат“ и да земаат плата од државната каса седејќи дома по принципот „нишај врата-земај плата“, без да се појават ниту еден ден на работа, тогаш да, не ги осудувај воопшто.За осудување се тие кои брзо забораваат на ова.;)
Можеби ако ние бевме сега Германија ќе ти важеше донекаде муабетов, ма да и тогаш не зошто капитализмот е како систем нула......
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Друга е поентата на текстот не тоа како живееме и ја оправдувам, има доста граѓани кои имаат куќи од по три кати кои ги направиле во времето на благосостојба, но сега се стегаат во една соба и живеат од ден за ден наместо да ја продадат, купат помало живеалиште и со преостанатиот дел од парите поживеат нормално.
Одмор во случајот е земен како парадигма за некое нормално живеење.
Мислам џабе е секакви пишувања, на такви и да им дадеш пари да појдат на одмор ќе купат декар нива за да направат викендица.
 
Абе сите знаеме дека е друга поентата на текстот, ама некој друг ја промашил темата очигледно и заборава на некои работи, а муабетите од типот дека ние сме биле научени на некакви си принципи од времето на комунизмот и дека другиве биле „кокичиња“ не оди. Во комунизмот барем сите ја имале таа привилегија, рамноправност, нешто што денеска го нема.Еве, јас на пример мојата куќа нема спрат и ништо па одговорно тврдам дека и покрај тоа што работам мене ме ми останува ниту денар за на одмор да отидам.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Абе сите знаеме дека е друга поентата на текстот, ама некој друг ја промашил темата очигледно и заборава на некои работи, а муабетите од типот дека ние сме биле научени на некакви си принципи од времето на комунизмот и дека другиве биле „кокичиња“ не оди. Во комунизмот барем сите ја имале таа привилегија, рамноправност, нешто што денеска го нема.Еве, јас на пример мојата куќа нема спрат и ништо па одговорно тврдам дека и покрај тоа што работам мене ме ми останува ниту денар за на одмор да отидам.
Добре де, слично е и кај мене ситуацијата, односно кај стариве.
Ама има доста луѓе кои имаат солиден капитал во недвижности и живеат на некој начин мизерно.
Не може да се каже што е поправилно во ситуацијата, на запад има доста пензионери кои ги продаваат своите станови во Лондон, Париз, Берлин итн, итн и се преселуваат во мали места покрај море во Португалија, Шпанија каде што купуваат евтин апартмент и до крајот на животот на животот ги трошат парите од разликата во цената која и што не е мала.
Просечен пензионер кај нас истото може да го направи, да го продаде станот во Капиштец и да замине во Берово на пример да живее, арно ама стално нас ни е во главата дека треба да им се остави наследство на синови, внуци итн, за разлика од луѓе на запад кои не се оптеретуваат со тоа дали ќе остават некое наследство.
 
Да, ова е така на запад.И дали ти го оправдуваш ова во Македонија, (знаејќи ја ситуацијата тука за живеење) оставањето на детето твое на цедило зошто си сакал да живееш ти на пример да живееш надвор на некое мирно местенце?Хипотетички гледано.
Се согласувам дека не треба цел живот да се носи на товар сопственото дете, ама до таму ли би отишол и покрај тоа што знаеш дека двеста евра месечни примања (и во Скопје) не се доволни за подмирување на трошоците за храна и сметки, а камоли пак да се размислува за кирија?Западот и Македонија од економска гледна точка не можат да се споредуваат, не гледајте Запад и Македонија, и таму си имаат тешкотии и скапо е, ама не е како во Македонија.
И на Запад честопати пензионерите и постарите луѓе на своите деца им обезбедуваат стан и на осуманесет години им велат само да „кршат глава“ ,обезбедни се од нивна страна со сè, а сега дали ти ќе бараш работа или ќе лежиш, твој проблем, имаш осумнаесет години ти велат.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
АЈ ок државата ни е таква каква што ни е, не се цени трудот, тешко се снаоѓа и се тоа. Ама од друга страна и народот е мрзлив. И многу лош менталитет имаме.
Еве комшиите ги гледам на работа од сабајле до 3, и после цел ден у дворче си седи, си ужива си пуши цигарче ич не му чуе. Епа братче ако сакаш одмор ако сакаш пари не иде тоа така, во ЕУ работат од сабајле до вечер, воздишка можат само за викенд да си земат кај нас секој ден е викенд ебате. И таа работа што им е, по цел ден кафе мафе, муабет, цигарче, мн знаеме ние што е работа. Или и тие без работа исти курац, место слободното време да го искористат, научи нешто, запиши се некој курс, стекни некои способности, почни од нешто мало, пробај, и да не успееш следен пат си поискусен. НА нет имаш што ти душа сакаш, најди пример нешто несекојдневно, насочи го целото внимание на тоа, простудирај го, стани експерт во тоа и почни да правиш пари од тоа. Но кај нас никој не размислува така. Кај нас пуштен само телевизорот да биде, турски серии, наспиен да бидеш, и вести да гледаш, политика. тоа е..
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522

те цитирам само ради првиот дел од постот... викаш идат од 7 до 3 и после цигарчето кафето и ич не им чуе за ништо... демек ако останат повеќе саати на работа поголема плата ке зимаат? - знаеш ли во колку фирми работниците остануваат повеќе од 8 НОРМАЛНИ РАБОТНИ саати а зимаат мали плати? - остануваат по 10 саата а платата 15 000...
знаеш ли колку работодавци им викаат на вработените дополнителни пари нема - место пари земете слободни денови....
знаеш ли дека со закон е пропишано над 15/16 годишен одмор што МОРА да го земеш а у реалноста добиваш само 10 дена (нека дури и со викенд ти рачуваат) а на хартија пишува ЦЕЛ одмор дека си го зел - зависно од стажот одморот стига мислам и до 25 РАБОТНИ дена.

на темава - еве ја живем конкретно во куќа со 3 соби една куја веце и ходник.... и шо дека живеам во куќа кога имам влага од секаде - напревена е 63та после земјотресот ѕидовите НЕ се од цигла и треба КОМПЛЕТНА санација на куќава да се прави веќе 7 години по ред па неможеме да соберема пари да поправиме БАРЕМ нешто од нешто.... - кој од вас видел последниве 5 6 годни македонец со просечна пплата да земе да прави куќа и да ја заврши за 2 3 години ете нека биде? - има такви? - ако има кажете колку се.....

не сум по искачањето многу ама гледам дека по кафичиве има народ - што не е мерило дека народот има пари - едно кафе е 100 денара па во месецот секој може да си дозволи еднаш или двапати да отиде на кафе нели? - ке скратиш од едно од друго по малце за 200 денара ке собереш па незнам што да е... - на моите не памтам кога последен пат сум им побарал пари да искочам у град - ако немам не излагам и чао пријатно - ако имам ке искочам нормално нели.... еве цела недела одам на работа по две смени втора и трета затоа што ми требаат пари и сакам оваа година да одам на одмор - сум се договорил со газдата место денови да ми даде пари и ке ги соберам а членот над мене е у право со тоа што некои несакаат да работат за 12 000 и да бидат „амали“ со средно - ако несакате седете си дома и чекајте од господ да ви падне мое ке ви биде поубаво...

факт е дека никој несака да работи за 200 евра плата ама кога немаш излез и тоа ке го работиш - постарите викаат ако не тече барем ке капе....
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има нешто вистина во ова.
Порано кога маршалот се уште беше на нозе,јас си одев на одмор секоја година со цела фамилија.И тоа на сите околни мориња.Но овие последниве 10-20 години Пчиња и 2-3 пати крајна станица Дојран. А сега последниве години ни тоа.
За младите бетер,за тие што не работат ни базен нема да видат,туку коритото во двор.
Бидеиќи се на товар на старите,а направиле по 30+ години.
На одмор одат лица без разлика-не влијае тука куќата,т.с.станот,туку тие што работат и земаат редовно плата:лица од администрација и од „јаките“ компании.
Што ако имаш куќа 100-300 Мкв,а не работиш,нема да го платиш одморот со ќерамиди.
Но млади и двајцата запослени и да се под кирија си одат на одмор-имат пари.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да, ова е така на запад.И дали ти го оправдуваш ова во Македонија, (знаејќи ја ситуацијата тука за живеење) оставањето на детето твое на цедило зошто си сакал да живееш ти на пример да живееш надвор на некое мирно местенце?Хипотетички гледано.
Се согласувам дека не треба цел живот да се носи на товар сопственото дете, ама до таму ли би отишол и покрај тоа што знаеш дека двеста евра месечни примања (и во Скопје) не се доволни за подмирување на трошоците за храна и сметки, а камоли пак да се размислува за кирија?Западот и Македонија од економска гледна точка не можат да се споредуваат, не гледајте Запад и Македонија, и таму си имаат тешкотии и скапо е, ама не е како во Македонија.
И на Запад честопати пензионерите и постарите луѓе на своите деца им обезбедуваат стан и на осуманесет години им велат само да „кршат глава“ ,обезбедни се од нивна страна со сè, а сега дали ти ќе бараш работа или ќе лежиш, твој проблем, имаш осумнаесет години ти велат.
Дефинитивно не се разбираме овде, зборуваме за некоја хипотетичка ситуација каде што децата колку-толку би биле згрижени и не би гладувале.
Значи зборуваме за оние луѓе кои што крпат некако, но се обесени секој ден кај старите дома и стално имаат потреба од тоа да платат семестар за синот, да тркнат на одмор во Грција и земаат пари на "заем" од старите, исто така за оние студенти со по 30 и кусуро години кои единствен изговор што не се вработени им е тоа дека студираат и ги цицаат родителите.
Има многу од тие 400.000 Македонци кои одат на одмор на Грција што го прават баш тоа.
Му го земаат одморот на своите родители на безобразен начин, оти си мислат дека нивна должност е да помогнат.
Истите тие пак одгледуваат дебили-ки кои на 30 и кусуро години земаат пари за кафе и цигари од дома од причина што си мислат дека е должност родителите да им помогнат.
Инаку немој да мислиш дека западњаците се толку ладни што ги оставаат своите деца да гладуваат додека тие се одмараат во Шпанија.
Тие се само порационални од нас во ова поле.
 
Не мислам дека се до толку ладни западњаците само пишав како ги оставаат западњаците „на цедило“ нивните деца.Откако ќе им обезбедат покрив и слично и затоа напишав, дали сега он ќе работи или не му велат дека тоа е негов проблем.
За другото погоре се сложувам........
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
те цитирам само ради првиот дел од постот... викаш идат од 7 до 3 и после цигарчето кафето и ич не им чуе за ништо... демек ако останат повеќе саати на работа поголема плата ке зимаат? - знаеш ли во колку фирми работниците остануваат повеќе од 8 НОРМАЛНИ РАБОТНИ саати а зимаат мали плати? - остануваат по 10 саата а платата 15 000...
знаеш ли колку работодавци им викаат на вработените дополнителни пари нема - место пари земете слободни денови....
знаеш ли дека со закон е пропишано над 15/16 годишен одмор што МОРА да го земеш а у реалноста добиваш само 10 дена (нека дури и со викенд ти рачуваат) а на хартија пишува ЦЕЛ одмор дека си го зел - зависно од стажот одморот стига мислам и до 25 РАБОТНИ дена.
н

....
Е јас не викам де да останува на работа и да го моли за додатни часови, туку убаво пишав надоле како можат да го искористат слободното време, ивестирај во себеси, надвор од работата имаш толку многу слободно време за да самостојно се надоградуваш, учиш, напредуваш и направиш нешто од што ќе ти доаѓаат парички, отколку да го тепаш времето пред тв, да ти го перат паметот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Ај некој нека ми објасни како на запад возат коли од 40000 евра нови, и одат на одмор по цел месец, а земаат плата вкупно двата сопружници околу 3500 евра месечно.
Збораме за обично работници, а не за менаџери или газди. Значи најобичен работник во фабрика.
Одговорот мислам дека на никој нема да му се допадне, ама тоа е веќе стил на живеење или менталитет, како сакаш наречиго.
Е тука спаѓа и недвижниот имот.
Затоа кога ке се споредуваме само за платите со запад некако смешно иди. Не е само платите, стилот и начинот на живот ни се скроз различни. За да бидеме како запад треба скроз се да смениме од корен, а тоа малце тешко оди, башка што и повеќето и нејкат таков живот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061

треба да го смениме и банкарскиот систем, каматите се 8-10-12 %. Дурга работа што не земаат баш 3500 евра. Од неколку различни извори имам слушано дека пример Швајцарија платите им се доста големи. Работник во дистрибуција на роба, храна такви работи земал околу 5-7000 франци. Заедно со сопругата тие пари (колку и да е скапа Швајцарија) добар дел им остануваат. За прекувремено им се плаќа. Понатаму во одредени земји им се плаќа за прво, второ дете, негде се ослободени од даноци, негде имаат други приходи...тоа се пари кои ние не ги сметаме, а се добар приход во семејствата. Пример во Австралија за прво дете добиваат 5000 долари, во некои европски земји имаат редовни месечни стимулации за пораст на наталитет. И кредитите им се со многу пониски камати.

Тоа што живееме во "свои" куќи, тоа се куќи и станови воглавно од претходниот систем од нашите родители или куќи и станови од претходниот систем (добар дел откупени за 2-3000 марки дури и во центарот), а со кои понатаму се заработува дополнително (или дел се под кирија или со нив и мала сума се докупува друг стан). Од нула некој дека заработил за стан и плус имал за одмор и семејство од просечни примања...не е возможно. Прво како ќе добие кредит.
Има дел и кои се среќници кои не влегуваат во оваа категорија наследство од родители (на разни начини дошле до големи пари во транзицијата). Но повеќето просечно платени работници се во лоша ситуација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom