"Жешки линии"

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
За вовед во темава ќе ви пастирам еден извадок и размислување на hot line девојка ...

Шанел (тоа и е уметничко име) е разведена жена, мајка на две малолетни деца и технолошки вишок во една поранешна скопска фирма. За нејзината моментална работа го кажува ова:

Се јавуваат секакви, бараат девојка и си ја завршуваат "работата" по телефон. Некои набрзина, а некои сакаат да им зборуваш, да им се лигавиш, а нам тоа ни одговара. Повеќе лигавење поголема минутажа и повеќе пари. Се јавуваат и некои што се претставуваат како осамени и бараат средба со некоја од девојките. Факт е дека половина Македонија се јавува. Мислам дека порано имаше повеќе јавувачи, но и сега е добро и одлично се заработува ...
- На овие години никаде не ме примаат на работа, а ова знам добро да го работам. Згора имам и секси глас. Веќе шест години сум во жешките линии. Досега сум сменила неколку "фирми" и сум работела кај повеќе газди, но работата е иста и можам да кажам дека добро заработувам. Работиме во три смени, но бидејќи имам малолетни деца, привилегирана сум, па не работам ноќе. Платата зависи од газдата. Не сме осигурани и не сме редовно вработени. Но мене ми е најважно децата да не ми се гладни и да си ги платам долговите. За мене ова е забавно зашто се е глума. Ама не знам луѓето како се палат преку телефон - смеејќи се раскажува Шанел.
- Ми се чини дека некогаш по гласот препознавам и некои од нашите јавни фаци. Не сум сигурна, ама некогаш некој глас ми прилега на некој познат пејач или на некој познат политичар. Ама ништо чудно, сигурна сум дека и тие се јавуваат. Сега многу ретко, но пред неколку години се јавуваа некои "фаци" и се претставуваа дека работат во Собранието. Најпрвин ги прашував како е да си во Собрание и откако ќе си помуабетевме се "фрлавме" на работа. Секогаш ми било чудно како среде работно време им текнува на секс, па уште по телефон. Многупати клиенти сакале да се сретнат со мене во живо, но јас никогаш не сум прифатила. Еднаш бев на два ума за еден. Кога ќе се јавеше ме бараше само мене на линија и сакаше да се сретнеме. Беше многу љубезен, прав господин. Некогаш се јавуваше само за муабет. Мене ми звучеше привлечно на телефон. Ми велеше дека бидејќи сексот ни одел, врската ќе ни успеала. Но кога размислив дека ова е се ветер и магла и само работа за да преживеам, не прифатив. Газдите ни забрануваат, но многу од клиентите под шифри се договараат со девојките и се сретнуваат со нив. Така се родиле многу љубови и сме им биле и на свадба. Нормално, на свадбата ние сме роднини на невестата -низ смеа раскажува нашата соговорничка.
- Секој се јавува со своја желба. Некои се љубопитни и се јавуваат да видат за што станува збор. Други тазе разведени, па бараат совети како да ја преболат, божем ние сме психијатри, но и тоа мора да глумиме. Ќе ги сослушаме ќе ги посоветуваме и на крај ќе се "сексаме". Некои ни се јавуваат и бараат само совети. Велат "ќе одам прв пат со девојка, те молам научи ме што треба да правам". Тие се за жалење. Кај мене досега се јавиле и неколку жени кои прашувале како се води љубов. Нив ги советував и по некое време пак ќе ми се јават, ќе ми се заблагодарат и ми кажуваат како поминало нивното прво сексуално искуство. Се јавуваат и брачни двојки па бараат девојка за дружење. Има и типови што бараат перверзии. Тука сме во улога на проститутки и тоа го правиме - раскажува "хот-лајн" девојката.
Таа вели дека најдобра е во работата кога се јавуваат тие што знаат што бараат. Тие клиенти не ги интересирало дали била русокоса, црна, дебела, млада или стара.
- Најлесно ни е кога се јавуваат оние вистинските и почнуваме веднаш. Најчесто почнуваат со "ајде нестрплив сум, лижи". И што ќе правиш... ќе се лигавиш. На работа имаме кутија со лижавчиња. Но на повеќето што работиме ако претераме, ни се гади од лижавчињата, па се лигавиме онака. Некој ќе се јави и ќе рече "ти си мојата кралица", сакам да ме врзеш за кревет и да ме галиш со пердув. Јас ќе му кажам "ти ги врзав и очите, сега ти ги допирам ерогените зони, дали ме чувствуваш, те лижам, дали ме чувствуваш, сега те лижам со јазикот...

-Во секоја жешка линија секој газда различно плаќа. На девојка што ќе направи над 60 минути разговор газдата и дава плата од 350 евра. Поради тоа, девојките се трудат што повеќе да бидат "жешки" и да ја држат отворена линијата.
Таа вели и дека од социјална плата не се живее и не се кае за ова што го работи.
____________________________________________________________________

Па вака сега ... што мислите конкретно за оваа работа? А што мислите за фактот дека половина Македонија се јавува? Какви се луѓето кои го сфаќаат тоа озбилно, и така функционираат кога се работи за секс, занемарувајќи го фактот колку ги чини тоа?

А што со девојките и мажите (ако ги има) кои го работаат тоа? Оправдувате ли таква работа како нормална и секојдневна? Би ја работеле? Доволно оправдување е тоа што некои жени како оваа од примеров, се жалат дека го работаат тоа поради нивната возраст на која не би нашле друга работа? Или па мислите дека не се работи за возраста, туку за нивната (не)способност?

И друг битен момент ... кога веќе би работеле таква работа (сте немале друг избор), дали би размислиле воопшто да се најдете и во живо со некој од вашите клиенти?

Огромен текст и многу прашања знам, ама уште едно за крај ... дали според вас овие девојки се проститутки на некој начин?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Работи чесно г-ѓата и заработува убава плата за македонски услови. Мислам дека не е проституција, се додека не дојде моментот на продажбата на телото за пари за секс.

Мислам дека треба работата да се оддели од приватниот живот и не поддржувам излегување со „клиент„. Таков пристап би можел да доведе и до проституција.
 
Член од
18 јули 2006
Мислења
118
Поени од реакции
1
Се сложувам со Струмикс, се додека не е во улога на "тетките" од позади МРТ.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Нема ништо нечесно во таа работа. Ама уште неможам да им се изначудам на тие луѓе што се јавуваат. Кретени, имбецили и расипикуќи. Ако се јавува пола Македонија - тогаш половина од луѓето тука се такви.

Мада, не ми се верува дека е толку голем интересот за жешките линии. Кога почнаа кај нас (ново, тазе..) имаше интерес, но не ми се верува дека сеуште има идиоти што вртат на нив.

Во ист ќош со дебилите што вртатат на хот-лајн ги ставам и дебилите што вртат на емсиите како „Happy Hour” на А1. Па добро бе, можно ли е да има толку неуки и лесноверни луѓе во Македонијава? Не ве научил ли бедниот живот нешто?
 
J

Johnny Stulic

Гостин
фетиш си викам е има таму што се јавуваат и луѓе со нормален сексуален живот бар така си викам,апропо вработените ги оправдувам целта овдека ги оправдува средствата што да праваат во оваа вукојебина и башка тоа си го користат талентот не може секоја да ја работи оваа работа понекогаш и психолози изигруваат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
125
Поени од реакции
3
Абе што, во ред си е работата, еден секс по телефон, никој не е изневерен, не мора да се користи заштита :) а и не е толку скапо...
Па сите се среќни. И покрај тоа што ова би можело да биде осудено, сепак си е чесна работа... и не мислам дека е проституција, просто затоа што се продаваат нечии приказни по телефон... што на некој му дава сатисфакција, не е ништо полошо од книга, театар, филм.. итн...
Едноставно продажба на глума без никакви последици. А 350 евра и не е баш малку! Она што фали е само газдата да си ги осигура работниците и да си плаќа данок... :)
 

CakNoris

Папу4ар
Член од
16 декември 2005
Мислења
177
Поени од реакции
0
Јас мислам дека нормален човек не би се јавил на телефон да бара секс. Па има бре илјадници касети и ЦДиња со порно филмови. Ако сакаат само задоволување тоа ке го направат. Или па за тие пари што ке се јават, ке појдат до Шутка ке е**т за 200 денари, и за останатите пари ке си купат гардероба. Ма ајде ви се молам. А, што се однесува до работата - сите гледаат да заработата за живот. Кога има будали што мастурбираат со едната рака, а со другата го држат телефонот(поштарот им ѕвони на врата за да им ја достави огромната месечна сметка од телеком) зошто да не постои и ваков вид работа. Барем нема физички контакт. Се за пари!!!
:zlo:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не би ги нарекла тие жени проститутки. Можеби е малце деградирачка професијава, ама од друга страна па тие и не прават ништо грешно нели? Нема никаков физички допир, ништо... На крајот на краиштата, во Македонијава баш и немаш избор. Ете жената самохрана мајка со две малолетни деца. Што да прави? Мора некако да ги храни. А како што вика она, ова сепак е само глума. Не ги осудувам воопшто. Повеќе ги осудувам тие очајни мажи што се јавуваат отколку девојките што се трудат некако да си го извадат лебот. Како што кажа некој погоре, нормална професија за наши услови.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
125
Поени од реакции
3
CakNoris напиша:
Јас мислам дека нормален човек не би се јавил на телефон да бара секс. Па има бре илјадници касети и ЦДиња со порно филмови. Ако сакаат само задоволување тоа ке го направат.
Да, така е, ама за многу мажи повеќе „работи“ некоја женска да им се лигави на телефон и да им кажува колку ги посакува, да им кажува што им прави, да им шепоти, да им вика... итн. Порничите тоа не го прават!!
Епа одговорот на прашањето „Зошто мажите се јавуваат на жешките линии??“ е очигледен: затоа што некој таму ги третира како вистински мажи, им го крева егото и ги прави да се чувствуваат како многу јаки мажи... А се кладам дека повеќето од нив се веројатно несигурни во своите способности. Други пак, се перверзни, а трети само сакаат да видат што е финтата со линиите. Веројатно има повеќе причини.

Па, кога веќе постојат вакви потреби и кога некој е спремен за да плати за задоволување на тие потреби, зашто па да некој да не го искористи тоа и да си извлече пристојна заработувачка... НЕ гледам ништо лошо и страшно. Потреба на пазарот ==> води до производ на пазарот.

CakNoris напиша:
Или па за тие пари што ке се јават, ке појдат до Шутка ке е**т за 200 денари, и за останатите пари ке си купат гардероба.
Ти сериозен си за ова??:nenene:
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
И јас мислам дека нормална, сексуално активна особа нема никогаш да заврти на хот лајн. Не ми е јасно и на мене како може да има било што поеќе од минимален интерес за такво нешто, но ваљда у оваа криза настаната со искривени вредности ништо повеќе не може да те изненади. Можеби се јавуваат луѓе на кои што дома у постела им лежи носорог од жена,па не можат сексуално да се возбудат, или луѓево се сексуално пореметени, не знам. А работата како и секоја друга, сметките на крај на месецот мора да се платат, клинциве мора да пијат млеко и да идат на школо..целта ги оправдува средствата!
 
Член од
30 јули 2006
Мислења
40
Поени од реакции
0
PSYtisfaction напиша:
Не би ги нарекла тие жени проститутки. Можеби е малце деградирачка професијава, ама од друга страна па тие и не прават ништо грешно нели? Нема никаков физички допир, ништо...
Што знам баш дали не се проститутки. Извини што е разликата да се ебеш реално и да се ебеш виртуелно, телефонски. Барем вие новата нет генерација треба да знаете за cyber sex. Е сега, кога cyber sex е секс тогаш е телефонски секс е секс. А личност што има секс за пари си е проститутка, било cyber sex (има еден куп страници на кои можеш да си платиш и да имаш virtual sex преку камера) било телефонски секс. Мислам дека некои работи разјаснивме....

Малку смешни ми се овие мислења... ама не сте мали, вие си знаете, а јас ќе си останам на овој мој став кој во голема мера сметам дека е логичен и исправен. Благодарам на вниманието.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Е сеа, ти фактички у ист кош ги ставаш оној што физички ти го скршил носот, и оној што вербално ти прети преку телефон објаснувајќи ти како ке ти ја пукне бабурата....прост пример само, ништо лично:toe:


пс ја става "Hotline operator" од Constantines na плејлиста:pishtoldz
 
Член од
30 јули 2006
Мислења
40
Поени од реакции
0
не те терам ти во ист кош да ги ставаш, јас ги ставам, пошто нема голема разлика. можеби за тебе има, ама за мене не....

Инаку незнам колку знаеш ама психичката болка е некогаш многу појака од физичката, така да можеби многу подобро ќе се чуствувам ако некој ми го пукне носот, отколку да ме заебава во психа. п.с. Само не ме убедувај те молам, џабе е....

И едно прашање, војна се води само гради во гради? Или понекогаш и од повеќе илијади километри се испалуваат проектили кои одземаат животи. Или тие не се рачунаат? Се рачуна само ако е убиство од близина? Смешен си ми, и ти, и сите твои истомисленици...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom