... штом си ја зела храброста за рутински преглед- ехо, ти пишав да си одела „до крај“, затоа што на ехо уред не може да се детектираат микрокалциферациите во дојката кои се едни од појдовни причини за канцер на дојка така да во пакет ехо и мамографија би било комплетен преглед на дојка,
... Може и тоа како може, ај малку да се потсетиме околу методите не ехо дијагностика (ултрасонографија), мамографија и општо некои сознанија околу цистите,
...цистични лезии на дојката се исклучително вообичаени наоди на мамографија, ултрасонографија (ехо) и магнетна резонанца (МР), при што многу од овие лезии може да се утврдат како бенигни „едноставни“ цисти, кои бараат интервенција само за симптоматско олеснување, доедека сложените цистични и цврсти маси бараат биопсија.
...комплицираните цисти се цисти со внатрешни остатоци кои се подвижни или се гледа ниво на течност, ако остатоците се хомогени и хипоехоични се едноставни цисти, често е тешко да се разликува комплицирана циста од цврста маса,
...кога се присутни повеќекратни и билатерални комплицирани и едноставни цисти (т.е. најмалку 3 цисти, со најмалку 1 во секоја града) обично е бенигна проценката за тие цисти, додека кластерирани микроцисти се вообичаени бенигни наоди кај жени пред и пред менопауза, додека интрадермални цисти, како што се цисти за епидермална инклузија и лојните цисти, се бенигни наоди, кои не се вклучени преглед на мамографија,
... едноставните цисти се обложени со епител, исполнети со течност, тркалезни или овални структури за кои се смета дека се јавуваат секундарно по опструкција на каналите, инаку цистите се најчестиот тип на маса на дојка, со најголема инциденца на возраст меѓу 35 и 50 години.
... бидејќи се хормонално чувствителни, цистите можат да варираат во големина и број со менструалниот циклус, што е најистакнато во предменструалната фаза и кај жените во менопауза, цистите се почести кај жените кои се на хормонска терапија,
Прегледај го приврзокот 309899
... мамографски, цистите се присутни како осамени или повеќекратни, често билатерални, со мала густина, ограничени, тркалезни, овални или повремено благо лобулирани маси кои се разликуваат по големина од неколку милиметри до 5 до 6 см, рабовите често се замаглуваат со околниот паренхим, истите може да имаат тенки калцифицирани sидови и може да содржи калциум.
Прегледај го приврзокот 309902
...калциумот во цистите, односно млекото од калциум, се појавува аморфно, заоблено, макроцистите кои содржат млеко од калциум мамографски се детектираат за разлика од обични цисти кои не можат мамографски да се разликува од цврстите маси,
Прегледај го приврзокот 309903
... снимка на 30 годишна жена на опипливите маси- цисти на радијални антирадијални
ултрасонографски (ЕХО) слики,
Прегледај го приврзокот 309904
...снимка (А) скринин мамографија кај 54-годишна жена има нова маса за скрининг мамографија, додека (Б, Ц) насочената ултрасонографија (ехо) покажува лобулирана едноставна циста што одговара на мамографската абнормалност, бенигнен наод.
Прегледај го приврзокот 309905
... и на крај
магнетна резонанца (МР) снимка за скрининг со висок ризик кај 47-годишна жена со лична историја на контралатерален карцином, се гледа мазна тркалезна маса со ниво на течност, што е типично за бенигна комплицирана циста со остатоци.
Ехо на дојка или ултрасонографски наод
... ултрасонографијата (ехо) е метод за добивање снимки преку звучни бранови, жената (во ретки случаеви и мажот) е во легната позиција при што и' се намачкува со ултрасононографски гел дојката, а потоа со сонда на ехо апаратот движејќи се преку дојката на мониторот се гледа внатрешната структура на масата на дојката која може да е течна (циста) или цврста може да се види само на ехо, при што цистите се многу честа појава (едноставните, простите, цисти не претставуваат значаен ризик за карцином на дојка, така што не е потребно често прегледување на истите),
...но (ехото) ултрасонографијата не може да се користи како единствена метода, бидејќи не прикажува микрокалцификации, кои се првите докази за карцином на дојка, а и некои видови канцер не може да се откријат со овој метод,
... ехото, најчесто се применува поради несакани ефекти нема радијација, болка при снимањето како при мамографијата, препорачлив метод за сите жени под 35 години, бремени жени и жени кои дојат или жени кои имаат болка и црвенило на градата како знаци на инфекција или сите жени воопшто ако нешто се сомневаат при физички преглед.
...тука да ги спомнеме,
да не ги заборавиме и мажите дека треба да направат ехо, па и мамографија доколку имаат присутна болка на градата (машката дојка), така да има во денешно време и мажи кои ја изгубиле битката со канцер на дојката,
...во денешно време со софитицираните апарати се појавиле модерните уреди со
колор доплер и еластографија кои што овозможуваат подобра проценка на површните органи, како што се дојките, како и подобар преглед на мали маси и структурни абнормалности, форми и рамноста на рабовите, па и снимање на крвните садови, затоа што малигните маси содржат голем број неправилни крвни садови, додека други апарати можат да ја утврдат цврстината на ткивото со еластографија, затоа што канцерогеното ткиво обично е потврдо од околното ткиво или од бенигните маси што помага во разликувањето на бенигни и малигни наоди.