Ваквите болести (мислам на малигните) долго време може да бидат асимптоматски (без симптоми), затоа се и најподмуклото нешто што постои во медицината. Токму заради тоа скринингот е многу важен. Колку порано се открие болеста, толку поголеми се шансите за излекување.
Инаку генерално, мислам дека грутката е првото нешто што го забележуваат повеќето жени.
Заради тоа и самопрегледувањето е многу важно. Оваа слика сите жени треба да ја запаметите и да си ја применувате дома.
Прегледај го приврзокот 309598
Мамографија треба да се прави во интервал на 1-2 години, кај жена постара од 40 години.
И друго што може да направите е да ги земите во предвид ризик факторите. Иако дел од нив се немодифицирачки (генетска предиспозиција, прва менструација пред 12 годишна возраст, менопауза после 55 година, постара возраст на жената), дел се модифицирачки и може да се трудиме да ги коригираме во текот на животот (физичка неактивност и дебелина, хормонска заместитална терапија со акцент на менопауза, алкохол, пушење итн.)
И само да нагласам дека имањето ризик фактор не значи дека ќе развиете карцином на дојка, туку дека треба да си бидите дисциплинирани кога е во прашање лекарски преглед и мамографија на пример!