Женски вокал

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Убава тема!

Има маркантни вокали и од понежниот пол кои оставиле значаен белег во музичката историја. Арета Френклин, Џенис Џоплин, Тина Тарнер, Витни Хјустон, Дона Самер, Дорис Реј, Џоан Џет, Кес Елиот, Ненси Синатра, Синди Лапер, Бони Тајлер, па и Мараја Кери и Доли Партон не можам да ги изоставам. Тука се и АББА и Берлин.

Од џез сцената, Нина Симон, Ела Фицџералд, Били Холидеј и Бети Картер ми се при срце. :love:

Има и онакви кои ми се крајно антипатични, внатрешно и надворешно, како Шер, Мадона и Барбара Страјсенд. Не ги можам.

Но прва и најголема во моето срце, едно време ми беше и краш, е и ќе биде Деби Хари од Блонди. Кога ќе ја слушнам ми потскокнува срцето од нејзината мелозвучност. Dreaming, Maria, Picture this, Heart of Glass, Sunday Girl ми се на мојата плејлиста, и секако омилената:

 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Anita Carter , најмладата од Carter Sisters, позната и по хитот (Love's)Ring of Fire, а кој и го украде зетот Џони Кеш, кантри звезда, кај нас непозната

Dusty Springfield, голема мега звезда, на нашите простори речиси непозната

Sandie Shaw, мега звезда, позната по Евровизија 1967, ја гледавме кога настапи Боса и победи...
инаку позната и по тоа што 1965 се откажа од
It's Not Unusual , а која беше напишана за неа, во полза на младиот и непознатиот Том Џонс, а кој со тој хит се вивна во ѕвездите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom