Жени кои не сакаат да станат мајки

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Да се чека на брак и деца до скоро 40 година,е себичност ,а не помодарство.
Да се мешаш во туѓа работа и живот е себичност и празно гомнојадство. Моја матка - мој избор.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Да се мешаш во туѓа работа и живот е себичност и празно гомнојадство. Моја матка - мој избор.
Така викаш мој избор.
Е добро не ми е јасна една работа зошто вие женските особи осудувате мажи којшто створиле 8-9 деца во руралните средини ( којшто се корисници на социјална помош)???

Зошто не речите за таквите мажи нивно право си е тоа??? Но и јас таквите мажи не ги оправдувам, ама не треба да се има такви двојни стандарди...
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Така викаш мој избор.
Е добро не ми е јасна една работа зошто вие женските особи осудувате мажи којшто створиле 8-9 деца во руралните средини ( којшто се корисници на социјална помош)???

Зошто не речите за таквите мажи нивно право си е тоа??? Но и јас таквите мажи не ги оправдувам, ама не треба да се има такви двојни стандарди...
Ама баш никаде и во ниту еден момент не пишав дека ги осудувам таквите мажи. Ако и партнерката им се согласила - нивно право си е тоа.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
У муабет пред коперација и јас би кажал.... @Zaptija Stojkov да не цепаш пиво пред коперација брате? :)
Автоматски споено мислење:

Да се мешаш во туѓа работа и живот е себичност и празно гомнојадство. Моја матка - мој избор.
Барем за момент ќе те растревожи и ќе те натера дел од секунда да мислиш......ова е пример каде лоша порака завршува позитивно. :)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Ама баш никаде и во ниту еден момент не пишав дека ги осудувам таквите мажи. Ако и партнерката им се согласила - нивно право си е тоа.
Не реков јас за тебе туку општо што ги има некои такви жени...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.895
двојни стандарди...
Двојни стандарди имаш ти. Од една страна осудуваш жени кои решиле животот да го тераат без деца, а од друга страна се жалиш зошто некој осудувал мажи кои имале 9 деца. Тоа се двојни стандарди.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Заптија, не се лути ама ми делуваш као лик што пишува во темава периодично откако ќе изеде корпа за дејт од некоја 30+ :d
Релакс човече, секој за себе си тера, што има тебе да те вознемирува кој колку деца има кога и вака и така сите фаќаат патот накај Германија.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Не реков јас за тебе туку општо што ги има некои такви жени...
Штом решам да имам деца сепак ќе дојдам тука и прво тебе ќе ти дадам отчет. :) Се надевам дека нема лутиш, поздрав!
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.286
Поени од реакции
4.627
...секој е газда на сопственото тело,и одтаму одлуката што и како со него
...јас лично ги поздравувам таквите одлуки и ги сметам за одраз на еден изграден став и стил на живот
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Една работа ќе кажам секој/секоја којшто створиле фамилија околу 25-30-тата година имаат многу постигнато во животот повеќе од тие што се ергени/ергенки на 40+ години...

И секој родител се секира доколку нивниот син не е оженет и доколку нивната ќерка не е омажена...

И секој родител се радува кога ќе се ожени нивниот син, кога ќе се омажи нивната ќерка и моментот кога ќе добијат внучиња...

Епа што има лошо во тоа?

Сигурно никој родител нема да е среќен ако децата му се неженети, немажени, а да е среќен доколку децата му се ергени/ергенки!!! Е ако е некој таков родител треба да биде„ПАПА“ во паметот...
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.286
Поени од реакции
4.627
...ако си родител не значи дека имаш право да управуваш со "ТУЃИ" животи,па макар да се тоа твоите деца
...ако за тебе е исправно тоа што како стандард за живот го имаш,не значи дека мора да биде стандард на твоите деца
...се додека не научиме да ги почитуваме туѓите одлуки и да не се мешаме во туѓите животи нема да знаеме што е она што нас лично не прави среќни и подобри луѓе од она што сме биле вчера ;):)
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.856
Поени од реакции
7.247
Да се мешаш во туѓа работа и живот е себичност и празно гомнојадство. Моја матка - мој избор.
Точно така и се согласувам, ама се согласуваш ли исто и со ова
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Една работа ќе кажам секој/секоја којшто створиле фамилија околу 25-30-тата година имаат многу постигнато во животот повеќе од тие што се ергени/ергенки на 40+ години...

...
Леле, скина зелена и жив остана :pos: :pos: :pos:

Никола Тесла те поздравува.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Леле, скина зелена и жив остана :pos: :pos: :pos:

Никола Тесла те поздравува.
Ама сега не оди ти до тие крајности, јас општо и генерализирано кажувам. Не земај ти примери за поединци...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.856
Поени од реакции
7.247
Леле, скина зелена и жив остана :pos: :pos: :pos:

Никола Тесла те поздравува.
Ти нели имаш напишано дека доколку би нашла некој финансиски моќен, сигурно ќе си родела деца, а не да седиш затворена во соба со сервери и да ти белее косата :cautious:.

Не обвинувам, џаст сеинг :свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom