Сретнав неколку жени кои имаат јасна и конечна одлука ,не сакам дете..
како , каде тоа си ги сретнал-а тие жени
вака насловниов текст ми почнува многу мањачки
си правел-а анкета , си им се претставувал-а како пријател-ка па сега ги кодошиш или ...
Признавам, малку ми е чудно пред се поради биолошкиот императив на една жена ,биолошката предиспозиција,..па мајчинскиот инстинкт,биолошкиот часовник.итн.
Се обидов да прашам дали постои причина одговорот беше не,ете не сакам бидејки не сакам..Па ве прашувам...
а да не си може од овие манијалкалниве што буљашат
онака манијалкално сакаат да силуваат жени ама а потоа како у среден век да им биде срам да абортираат
за овие зборам :
http://konzervativci.blog.com.mk/node/191905
МПЦ отворено против абортусот
8 Ноември, 2008 - 18:57
МПЦ уште еднаш, овој пат преку „Беседа против абортусот“ на Митрополит Брегалнички Г. Илиарион во Дневиник, јасно го искажа својот став против абортусот!
Текстот навистина вреди да се прочита.
СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ ИЛИ ТИПИЧНО УБИСТВО
Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. Во неа се развива едно живо човечко битие, еден преубав цвет што ја чека дневната светлина за да почне да се развива, да расте и разгранува
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ
Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото, најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот
живот. Да се љуби и да се биде љубен е голема света тајна, која единствено го осмислува и разубавува краткиот човечки век овде на земјата. Да се биде човек е прекрасно, да се биде добар човек е благочестиво, но да се биде човек што постојано блика од љубов е совршено. Тоа е она благопријатно чувство со чија благодатна топлина сака да се стопли секоја човечка душа, која ја преживеала студената гревовна ноќ. Највозвишен облик на ова небесно чувство е љубовта на човекот кон Бога, која со својата совршеност и полнота, не знае за тага и разочарување.
Но, постои уште еден облик на љубов кој со својата возвишеност и убавина е достоен за секоја пофалба и почит; тоа е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство кое Бог благословил да го доживее и почувствува секој човек на земјата, уште во оној миг кога е зачнат во утробата на својата мајка. Голема радост и восхит се пробудува во нашето срце секогаш кога ќе здогледаме мајка со своето дете која во своите прегратки со голема нежност и благост го полева тој прекрасен цвет, со голема светлина и љубов. Благочестивата христијанка со нежност и благост гледа во лицето на своето љубено дете и во тој миг како да го заборава целиот свет. Се чини како во рацете да го држи своето срце, како да има едно мало делче од небото овде на земјата. Мајката грижливо го чува своето дете како најскапоцено богатство што и' е доверено. Од нејзините мајчински очи блеска една тивка спокојна радост, која како да не е од овој свет. Ваквата мајчинска љубов не може да се искаже, таа како да доаѓа од еден божествен свет каде што љубовта е се'.
.
.
.
.
..
.
На истокот сè помалку бебиња и работници
Иселенички бран го зафати источниот дел од Македонија. Млади, луѓе со жени и деца, масовно тргнуваат на печалба и по подобар живот. Во последните години сите градови во источниот регион бележат загрижувачки податоци за наталитетот и бројот на населението. На опасноста од „белата чума“ предупредува и Владата на Република Македонија, која објави листа на 60 општини, од вкупно 84, каде што просекот на наталитетот е под 2,1 промили. На овој список се речиси сите општини од источниот регион: Виница, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Пробиштип и Зрновци.
Масовниот одлив на младо работоспособно население го загрозува и идниот развој на општините. Веќе се чувствува недостиг од квалификувана работна сила во некои општини, што само дополнително влијае на порастот на сиромаштијата во источниот крај на земјава.
Канели стана мала Виница
Бранот иселувања ја погодуваат и општината Виница. Минатата недела во јавноста беа објавени драматични податоци за преселбата на 500 млади семејства што побараа подобар живот во Италија, Словенија и во Црна Гора. Најпосакувана дестинација за виничките печалбари е италијанското гратче Канели. Таму, како што ни изјави Марјан Костадинов, градоначалникот на Виница, заминале цели семејства. Само за една година бројот на основците се намалил за една паралелка од дваесетина ученици.
- Ако во Виница се останати околу 5.000 жители, исто толку има и во странство. Ако продолжи оваа тенденција ќе биде лошо за развојот на општината – вели Костадинов.
Овој проблем најмногу го почувствувале локалните фирми, кои се соочуваат со недостиг од високообразован и квалитетен кадар. Во градот се останати старите лица и работниците испуштени како технолошки вишок, кои не можат да се вклопат во новите потреби на виничкото стопанство. Во Виница има повеќе капацитети од дрвнопреработувачката индустрија, кои имаат континуирана потреба од квалификувани столари.
http://konzervativ.blog.mk/category/општество/page/2/
.
.
.
..
потреба од свежа робовска работна сила