Жени кои не сакаат да станат мајки

Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Сретнав неколку жени кои имаат јасна и конечна одлука ,не сакам дете..
Признавам, малку ми е чудно пред се поради биолошкиот императив на една жена ,биолошката предиспозиција,..па мајчинскиот инстинкт,биолошкиот часовник.итн.
Се обидов да прашам дали постои причина :toe:одговорот беше не,ете не сакам бидејки не сакам..Па ве прашувам...
Мора ли секоја жена да има или да сака да има дете?
Дали на таа одлука влијаат повеке фактори и искуства (како што мислам)или како што ме убедуваат дека тоа е само избор..ништо повеке.:toe:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893

Meне ме интересира тие жени на колкава возраст се ?
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Па чудна ми е таа жена која не сака да има дете.Мислам тоа ни е смислата на живото нели...да имаме фамилија и деца.Не ги сфаќам тие личности стварно но која сум јас да ги осудувам?Исто како некој да ми каже сошто слушам метал а не поп на пример.Можеби си имаат некои причини за тоа не можам да знам се ама....во секој случај не е у ред тоа.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Meне ме интересира тие жени на колкава возраст се ?
27, 35 и 38 год.
Спомнав дека матката не ни е украс,дека хормоните не ни ги дала природата за џабе,ама ете ме прогласија за дрска и безобразна :nesum:па реков да прашам какво мислење имате за тие жени..:toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
27, 35 и 38 год.
Спомнав дека матката не ни е украс,дека хормоните не ни ги дала природата за џабе,ама ете ме прогласија за дрска и безобразна :nesum:па реков да прашам какво мислење имате за тие жени..:toe:
Никакво (сем ако не се работи за физичка неможност да се има деца, болест, итн.). Множам со нула.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Неможам да разберам што се дешава со главата на луѓето. Нити пак некој разумен може да каже тоа и тоа се дешава. Да не има некој нов Чернобил за кој што незнаеме, а влијае радиоактивно и ги суши мозоците??? Има некои даваат бубрег, око за да имаат дете, а неможат... додека оние што можат од комплекси несакаат. Да му се сневиди, тоа е главната цел на животот. Не е да се збогатиш, да превртиш ХХХХ луѓе, туку да оставиш нешто живо, делче од тебе на земјава откако еден ден ќе те снема (да не речам пцојсаш).

И не се мота се околу сексот... Претпоставувам дека имаат сексуални односи поголем број од гореспоменатите, но несакаат деца.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Мајчинството е личен избор на секоја жена. Точно е дека во природата на жената е да биде мајка, но општеството допринесува многу од жените да одат против својата природа. Самиот современ, непредвидлив и брз начин на живеење, како и медиумите полека но сигурно почнуваат да ја менуваат жената а со тоа истовремено и овозможуваат издигнување на традицијата и изборување на положба во општеството. Со тоа нивното право дали сакаат да бидат мајки или не, е остварено. Тоа е едната страна на медалот. Обично трката по сонот трае негде до 35 година, а потоа започнува втората фаза,измореноста и здодевноста од самодокажување и реализирани амбиции. Со стапувањето во брак, многу од жените не се подготвени да се приспособат на промените. Најверојатно со впуштањето во ново и непознато, се создава вознемиреност и чувство дека во тоа време се пропуштаат многу позначајни работи. Тоа е период на егоистично размислување, затоа што никој не сака да се откаже од личниот комодитет, да прави компромиси, да биде толерантен. Најтрагичното е тоа што немаат време да размислат што му прават на организмот и на себе си. Мајчинството е одговорност, обврска, но пред се најсилна и најчиста врста на љубов која постои. Штета што има и такви кои не се свесни што пропуштаат заради сопствениот егоизам.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Нема таква пара на светот што може да купи насмевка на дете. Една, единствена. Да дадеш живот некому, да му пружиш рака кога прв пат ќе зачекори, да го покриеш кога ќе заспие, да го бациш сонливо, да плачеш и да се радуваш заедно се нешта кои нема да се почувствуваат таман да си врв на врвот на светот.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Би било убаво да се јави некоја жена/девојка што не сака да стане мајка,бидејки овие со кои разговарав(се извинувам што го пренесувам разговоров ,но ете се уште сум во шок:uvo:)
Муабетов отиде до таму кога спомнав дека најчесто луѓето што немаат деца чуваат животни,ме опоменаа дека односно едната од нив дека кучето и е дел од фамилијата и дека во случај на земјотрес,поплава ке го спаси своето куче,бидејки го сака наместо некое туѓо дете или човек што не ги познава..
Е сега јас стварно не можам да бидам паметна и велам ако е изборот мојата мачка или бебето на соседите јас без размислување ке го спасам детето.:toe:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Секоја жена сака да што посамостојна, да биде успешна во својата работа и со тоа го става мајчинството позади се, а пред себе ја става својата кариера. Тоа е најчесто причината зашто не сакаат да имаат деца, претпоставувам. Мислат дека животот е во кариера, пари, успеси, а приватноста и децата сето тоа би им го попречиле и веројатно ги плаши домаќинството и неуспехот на работа ако имаат деца. Себичност!
А да, ни ја полни душата деловниот успех, но тоа ќе биде 5 години, 10 години, 15... ама што е кога ќе наполниме 40-50 години и сите околу нас ќе имаат пораснати и успешни деца, ќе се радуваат на нивните успеси, ќе бидат опкружени со многу луѓе многу роднини, потоа и внучиња. А оние желните за работа и кои во еден правец цел живот размислувале ќе бидат осамени и претпоставувам ќе се каат што пропуштиле прекрасен период, мајчинството. Еден, а ако не и најубавиот момент на секоја жена.
Не верувам дека постои почиста љубов од онаа помеѓу мајка и дете или поцврста врска.
Жалам што некои не сакаат тоа да го доживеат и во екот на младоста се стремат кон други побитни работи, а мајчинството го забораваат.
Секоја жена, која е здрава според мене треба да остави потомок.
Колку и да сака некоја девојка да ми објаснува причини зашто таа не сака да има деца џабе ќе и е, јас никогаш нема да ги разберам тие жени.
Нека се замислат на 65 години дома сами, без маж, без деца и зашто цел живот се мачеле и работеле? За сами да си го прославуваат успехот и да немаат со кој да го споделат? Според мене тоа е неуспех, неуспешен и себичен живот, посветен само на себе.
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.646
Поени од реакции
11.635

Каква осуда само...свака част, обожавате да се ставате во улога на Бог-судија кој е сезнаен и мудар и праведен, нормално, кога е потешко да се направи таа едноставна работа, да се обидеш да го разбереш нивниот избор, чувства, потреби и нагони. Еве јас лично познавам такви жени кои имаат деца, брак, маж и не се среќни, познавам жени кои имаат маж, брак а немаат деца кои среќни. Среќата, исполнетоста, радоста кај секого е различна, различни работи го исполнуваат и го прават среќен човекот...не можеш само така да му наметнеш дефиниција и причина за среќа на човек, не сме сите исти и мислам дека тоа треба да се почитува а не осудува
 
S

StereoLove

Гостин
Па не би сакала и да зборувам за тие личности кои не сакаат да имаат деца.Секако нивно право но...Прекрасно е чуството да се биде мајка,чуството кога го држиш во сопствените раце,чуството кога го слушнеш неговиот прв збор,проодувањето...Спомна rossonerka па тие причини нема да ме убедат дека се доволни да немат деца.Нема да ги разберам колку и да се тридам.Но тоа е,секој си има право да си го гради сопствениот живот како мисле дека ке успее дали со или без деца:toe:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Каква осуда само...свака част, обожавате да се ставате во улога на Бог-судија кој е сезнаен и мудар и праведен, нормално, кога е потешко да се направи таа едноставна работа, да се обидеш да го разбереш нивниот избор, чувства, потреби и нагони. Еве јас лично познавам такви жени кои имаат деца, брак, маж и не се среќни, познавам жени кои имаат маж, брак а немаат деца кои среќни. Среќата, исполнетоста, радоста кај секого е различна, различни работи го исполнуваат и го прават среќен човекот...не можеш само така да му наметнеш дефиниција и причина за среќа на човек, не сме сите исти и мислам дека тоа треба да се почитува а не осудува
Зар има жена која има дете, а е несреќна? Чудно... Може да биде разочарана од нешто, да живее во лоши услови, да е малтретирана и др. разноразни причини кои доведуваат до лоши чувства, ама не може да не е среќна и да е родител истовремено. Ако ништо повеќе фактот дека има потомство кое би требала да го води низ животот де доволен да се почувствува среќа и мотив во животот, пошто децата се движечка сила и иницијатор многу невозможни работи да станат возможни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom