Жена од Пустец - Албанија

Дали би земале/купиле жена од пустец?

  • Да, зошто да не ако е убава

    Гласови: 154 54,0%
  • Никогаш тоа е многу примитивно и понижувачки

    Гласови: 131 46,0%

  • Вкупно гласачи
    285
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Ако некој има контакт од сигурен посредник да ми прати во пп.. за другарче прашувам :D
 
Член од
8 септември 2019
Мислења
51
Поени од реакции
118
Само паразит од маж може да купи жена од Пустец или од пичкесиматерине пошо не е способен да се грижи за себе јер мамичка цел живот му готвела, перела, му раскревала маса после јадење, му го местела креветот...
Всушност вакви мажи бараат слугинка, а не жена.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Што им фали на жените од Пустец? Ништо.
Инаку, не ги купуваме туку го плаќаме посредникот, никоја не доаѓа на сила, се запознаваме и ако жената го бендиса мажот тогаш доаѓаат (90% сакале нејќеле ги бендисуваат оти тука е многу подобро од таму) инаку тоа се жени православни македонки и се мажат само за православни македонци (така ми кажувале).
:)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.521
Поени од реакции
34.655
Само паразит од маж може да купи жена од Пустец или од пичкесиматерине пошо не е способен да се грижи за себе јер мамичка цел живот му готвела, перела, му раскревала маса после јадење, му го местела креветот...Всушност вакви мажи бараат слугинка, а не жена.
... не се сложувам има многу фактори кога мажите остануваат на стари години беќари, како што и има стари моми неомажени и целосно го поздравувам начинот и храброста на спојување на вакви примери во заедничка среќа!
...една од добрите идеи да овој проблем биде субвенциониран во 2014 год за екс градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, новосклучените бракови потврдиле дека одлуката што ја донела општината била правилна! Браво! (y)

1568322040934.png

отворен цитат : ,,...32-годишната Еламина Спасова во Македонија дошла пред пет месеци. Од Драч во Албанија тука ја донела судбината. Се омажила за 40 год. Милорад Спасов од Свети Николе. Вели дека животот овде е убав иако и недостига семејството. „Не сум ги видела пет месеци, разговараме преку скајп. Имам четири сестри и тројца браќа. Едниот брат ми живее во Англија. Тука не е лошо, иако се нервирам затоа што не разбирам кога ми зборуваат. Но полека, полека, ќе научам“, раскажува Еламина, која тука во Македонија сите ја викаат Мими.
Таа е една од дестината невести што од почетокот на годината се вдомила во Свети Николе, откако општината најави дека ќе дава субвенции од 500 евра за сите ергени и девојки над 40 кои ќе решат да стапат во брак.„Парите не ми беа главниот поттик, најмногу се оженив под притисок на татко ми. Двајца мажи во куќа не бива. Сега гледам дека жена дома си е благослов“, раскажува Милорад, сопруг на Еламина. Вели дека парите од општината се помош, но не го покриваат трошокот околу подготовката на целата документација.Јас подигнав кредит за женидбата. Таму отидов со посредник, ме однесе една госпоѓа што тука од порано е омажена. Трошоците ми беа некаде околу 3000 евра. Еден куп документација и тука и таму. Само еден лист ме чинеше по 600 денари“, раскажува Милорад...,, затворен цитат!

Во 2014 год Државниот Завод за статистика укажува на негативен прираст Во Свети Николе во брак влегле 104 парови, а се развеле 13 парови, починале 180, а се родиле 167 !!!
П.С.
...сегашниов градоначалник на Свети Николе, Сашо Велковски дали ја продолжил оваа традиција на една хумана субвенција чисто се сомневам!
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Само паразит од маж може да купи жена од Пустец или од пичкесиматерине пошо не е способен да се грижи за себе јер мамичка цел живот му готвела, перела, му раскревала маса после јадење, му го местела креветот...
Всушност вакви мажи бараат слугинка, а не жена.
Муабетов ти нема врска луѓето кои бараат вакви жени се најчесто луѓе од рурални средини кои не се ожениле само затоа што останале во село.Единствена шанса да основаат семејство им е на овој начин и затоа се решаваат на овој начин.А овие работи што ги напиша погоре не се ништо страшни за една жена да ги прави во секојдневниот живот.Повеќето од овие луѓе среќни од тоа што жената која прифатила брак со него и живот во село ги третираат многу подобро овие жени за разлика од рандом Македонец кој живее во град.
Да не зборувам за тоа пак дека овие Албанки и "неспосбни мажи" како што ги нарече,зачуваа некои места и села да не згаснат што е за мене успех во ова денешно време каде полека и градовите остануваат празни.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Немам ништо против овие што земаат вакви жени, ама за споредба и порано живееле во село и во такви средини, па ретко кој останал сам.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Што им фали на жените од Пустец? Ништо.
Инаку, не ги купуваме туку го плаќаме посредникот, никоја не доаѓа на сила, се запознаваме и ако жената го бендиса мажот тогаш доаѓаат (90% сакале нејќеле ги бендисуваат оти тука е многу подобро од таму) инаку тоа се жени православни македонки и се мажат само за православни македонци (така ми кажувале).
:)
Не се секогаш Македонки. Познавам двајца браќа кои зедоа жени од Албанија. Првата има албанско име, втората „европско“. Може да помине (по името) како Македонка. Но и двете не знаеја ни еден македонски збор.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Немам ништо против овие што земаат вакви жени, ама за споредба и порано живееле во село и во такви средини, па ретко кој останал сам.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Да само што разликата од порано и сега е тоа што жените тогаш немале шанси да одлучуваат а и биле далеку поскромни во очекувањата и општо од животот додека пак денес веќе не се стапуваат во брак со тебе ако немаш некоја државна работа или пак работиш во странство а не па да живее во село и чува стока.Е во тоа е разликата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.589
Поени од реакции
38.733
Жените тукашни го уништуваат земјоделието у државава. Све смрди све им смета на село, и тие мажи што чуваат добитоци или се бават со земјоделие не можат да се оженат од такви пошто никоја не ги сака. Па мораат да се откажат или да бараат алтернативи од Албанија.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не дека нема и од град и тоа со многу поголеми примања од оние во државно, подобар изглед, пообразовани, а се сами.

До самата личност е, тој што сака ќе најде некоја, па каде сака нека живее. Не комуницираат со жени, денот им поминува само на работа и дома, страв им е дека некоја ќе ги одбие, сакаат да живеат сами, срамежливи се итн.
Овие и во Њујорк, Лондон да ги однесеш да живеат нема да најдат.

Во денешно време со интернет, социјални мрежи ако не успееш да запознаеш некоја...

И сите во село не се занимаваат само со земјоделие, па и да се занимаваат сигурно во тоа село нема само мажи, ќе се најде и некоја жена од тоа или соседното село.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
D

Deleted member 12196

Гостин
И сите во село не се занимаваат само со земјоделие, па и да се занимаваат сигурно во тоа село нема само мажи, ќе се најде и некоја жена од тоа или соседното село.
Не е за верување, ама во мојот крај по селата има многу стари ергени, а девојки без малку нема. Не ми е познато зошто е така.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.891
Поени од реакции
17.503
Не е за верување, ама во мојот крај по селата има многу стари ергени, а девојки без малку нема. Не ми е познато зошто е така.
Затоа што жените уште како млади избегале во град или па во некое поголемо село а машките остануваат чувајќи ги старите и стоката а не биле навикнати на друг живот и не сакале да се одвојат од тоа што го имаат.Ова зборуваме за пред 20,30 години зошто останале стари ергени.
Автоматски споено мислење:

Не дека нема и од град и тоа со многу поголеми примања од оние во државно, подобар изглед, пообразовани, а се сами.

До самата личност е, тој што сака ќе најде некоја, па каде сака нека живее. Не комуницираат со жени, денот им поминува само на работа и дома, страв им е дека некоја ќе ги одбие, сакаат да живеат сами, срамежливи се итн.
Овие и во Њујорк, Лондон да ги однесеш да живеат нема да најдат.

Во денешно време со интернет, социјални мрежи ако не успееш да запознаеш некоја...

И сите во село не се занимаваат само со земјоделие, па и да се занимаваат сигурно во тоа село нема само мажи, ќе се најде и некоја жена од тоа или соседното село.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Се гледа дека си немал никаков контакт со по рурални средини и немаш појма каков е таму животот и како размислуваат тие луѓе.До некаде си вонправо за тоа за во градот иако полека можам да кажам дека и по помалите градови со лоша работа од 15к тешко дека ќе најдеш жена за брак(не викам дека нема ама далеку потешко за разлика од порано)
Сите сакаат германска плата ама ти да работиш таму додека она си дреме тука на кафе.



EDIT:Убаво кажа дека тој што сака да најде ќе најде епа така и овие луѓе ги наоѓаат овие жени кои им се последна надеж за да не останат сами во животот.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Затоа што жените уште како млади избегале во град или па во некое поголемо село а машките остануваат чувајќи ги старите и стоката а не биле навикнати на друг живот и не сакале да се одвојат од тоа што го имаат.Ова зборуваме за пред 20,30 години зошто останале стари ергени.
Тогаш во градот или поголемото село треба да има вишок девојки. А не е така. Ретко се наоѓа стара девојка.
Инаку во моето село има три ергени со над 60 години, неколкумина над 50...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom