Жан Мишел Жар во ВИП Арената „Борис Трајковски“ - 13.11.2016

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.875
Поени од реакции
5.900

Пионерот на електронската музика Жан Мишел Жар ќе го обележи отворањето на 18. издание на фестивалот „Таксират“ со спектакуларно аудиовизуелно шоу што ќе се одржи на 13 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Со овој концерт, практично ќе почне 18. издание на „Таксират“, а Жан Мишел Жар е само едно од светските имиња што ќе настапат на годинешниот фестивал.

Во својата 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување односно круна на проектот „Електроника“ - албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава. Во неговото создавање учествуваа музички величини како: Пит Таузенд, Моби, „Масив Атак“, „Тенџерин Дрим“, Лори Андерсон, Синди Лопер, „Ер“, Гери Њуман, „Пет Шоп Бојс“, „Прајмл Скрим“, „Орб“ и многу други, како и одметнатиот американски разузнавач Едвард Сноуден. Покрај новите композиции, посетителите ќе имаат прилика да се потсетат и на старите фаворити од неговите класики „Оксижен“ и „Еквинокс“, а сето тоа придружено со незаборавно аудио-визуелно доживување преку совршениот спој на многубројните сценски ефекти што ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.

Жан Мишел Жар, покрај несомнените заслуги за етаблирањето и популаризацијата на електронската, амбиенталната и њу-ејџ музика, е основоположник и на мултимедијалните перформанси какви што ги знаеме денес. Истовремено, познат е и по тоа што го постави, а подоцна неколку пати го рушеше, сопствениот Гинисов рекорд за најголема посетеност на концерти на отворено, вклучувајќи го оној во Париз, пред 2,5 милионска публика, како и спектаклот во Москва, по повод 850-от роденден на градот, каде присуствуваа неверојатни 3,5 милиони посетители.

Во густиот концертниот календар на Жан Мишел Жар годинава, исполнет со најголемите и најпрестижните светски концертни подиуми, успеа да влезе и Скопје, како една од ексклузивните станици што ќе ја имаат привилегијата да уживаат во неговиот сензационален перформанс наречен „Електроника“, чувствувајќи ги единствената енергија и емоции што произлегуваат од ова уникатно доживување.

Извор: Нова Македонија
 
Последно уредено:

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.541
Поени од реакции
5.811
Им го турија на Србите. Планот беше да се оддржи во Белград, најавено беше така уште од март/април. Гледам пред саат changed location to Skopje. :D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.675
Поени од реакции
7.172
Одимееееее :kezec::свиркам::свиркам::свиркам::ROFLMAO:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.875
Поени од реакции
5.900
Благодарам за деталното објаснување Драгонскај :)

Да пишам и јас ред, два, три за настанов.
Со комшијата стигнавме пред сала БТ пред 8 часот. Веднаш најдовме паркинг место. Во салата имаше релативно малку луѓе.
Ворм-ап ди-џејот си пушташе пола саат според програмата што ја објавија од Пасворд продукција на ФБ 5 саати пред настанот. И потоа ништооо... и се наполни салата и пак ништо, и почнаа луѓе да свират да викаат, пак ништо... И нешто пред 9 се појави Жан Мишел Жар со уште двајца музичари кои го придружуваа. И почна шоу какво што досега немав видено и чуено во живот. Сум бил на мноооогу настани, ама настанов го ставам на исто рамниште со Продиџи 2005, Лени Кравиц 2008, Рутс (не ми текнува која година).
Спектакуларни визуелни ефекти. Перфектен звук во фан-пит зоната. Многу енергија од Жан и момците.

Добар дел од концертот беше нов материјал, со повремено враќање на Оксиџен и уште една трака од на времето. Она што ме изненади беше траката направена со Едвард Сноуден. Се запрашав дали Таламаска има примено влијание од ЖМЖ или обратно :)
Она што не ме изненади беше свирењето на еден куп различни инструменти од страна на сите тројца на бината. Во еден момент ЖМЖ свиреше и на гитара.

Во поглед на народ, имаше буквално од сите возрасти, почнувајќи од луѓе кои се негови врсници до деца кои беа донесени од нивните родители. Камо среќа моите да ме носае на концерти кога бев таа возраст. Имаше и една привлечна млада дама дојдена со родителите. И све фини луѓе. Видов еден куп другарчиња, бифши и сеуште активни кајганџии.

Имам нешто фотографии во телефон, да ги префрлам на фејсбук па ќе линкувам, и едно видео кое ќе го закачам на ЈуТјуб од работа (ако не заборавам).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.819
Поени од реакции
83.123
Што да пишам, се доживува ова не се пишува :D Сакав и ја да пишам еден од најдобрите концерти у државава у последниве години али чекав друг прво да каже :D

Живо ме интересира дали сите концерти ги завршува со ветување дека ќе се врати или само кај нас и уште пар места го рекол тоа.. :D
 
S

StormRage

Гостин
Благодарам за деталното објаснување Драгонскај :)

Да пишам и јас ред, два, три за настанов.
Со комшијата стигнавме пред сала БТ пред 8 часот. Веднаш најдовме паркинг место. Во салата имаше релативно малку луѓе.
Ворм-ап ди-џејот си пушташе пола саат според програмата што ја објавија од Пасворд продукција на ФБ 5 саати пред настанот. И потоа ништооо... и се наполни салата и пак ништо, и почнаа луѓе да свират да викаат, пак ништо... И нешто пред 9 се појави Жан Мишел Жар со уште двајца музичари кои го придружуваа. И почна шоу какво што досега немав видено и чуено во живот. Сум бил на мноооогу настани, ама настанов го ставам на исто рамниште со Продиџи 2005, Лени Кравиц 2008, Рутс (не ми текнува која година).
Спектакуларни визуелни ефекти. Перфектен звук во фан-пит зоната. Многу енергија од Жан и момците.

Добар дел од концертот беше нов материјал, со повремено враќање на Оксиџен и уште една трака од на времето. Она што ме изненади беше траката направена со Едвард Сноуден. Се запрашав дали Таламаска има примено влијание од ЖМЖ или обратно :)
Она што не ме изненади беше свирењето на еден куп различни инструменти од страна на сите тројца на бината. Во еден момент ЖМЖ свиреше и на гитара.

Во поглед на народ, имаше буквално од сите возрасти, почнувајќи од луѓе кои се негови врсници до деца кои беа донесени од нивните родители. Камо среќа моите да ме носае на концерти кога бев таа возраст. Имаше и една привлечна млада дама дојдена со родителите. И све фини луѓе. Видов еден куп другарчиња, бифши и сеуште активни кајганџии.

Имам нешто фотографии во телефон, да ги префрлам на фејсбук па ќе линкувам, и едно видео кое ќе го закачам на ЈуТјуб од работа (ако не заборавам).

Otidov do fan pit ali od parter onaka poubavo se gledase... Zvukot nasekade bese top!!! Ali 5 shleperi oprema donele...
Definitivno najjako nesto ever bese koncertov.


(sorry for latinica)
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Сум бил на концерти низ цела Европа, од дет метал до комерцијална електроника, од гаражни бендови до Скрилекс. Oва дефинитивно е најдоброто нешто што сум го видел и слушнал до сега.
Како прво ме наежи публиката, деца од 5 години и пензионери до 80 години.
Насмевките на повозрасните беа доказ дека ова е нешто прекрасно и невидено до сега!
Топлиот звук беше неописливо добар!
За овој настан ке се зборува долго.
100/100
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.541
Поени од реакции
10.034
Тончи горе-долу доловил баш како што и ја го доживеав настанот. Старчето дефинитивно си ја знае работава и си изгази. Уште од старт позитивна атмосфера на сите луѓе околу мене и што ги знам и што не ги знам, еден јебано хепи евент у целост. Еден од најубавите музички настани на кој сум бил, свака част за таксират што навремено го донесоа младичов, да му се израдуваме и ние во Скопје. Немам снимено ништо, едноставно не сакам вниманието ни на секунда да ми биде оттргнато на било кој концерт на којшто присуствувам, па се надевам Тончи нема да се лути да го шернам видеото на фб, стварно е јако :)

п.с. налетав на ова 20 минутно видео што го ставил некој од трибина. За тие што не биле, не пуштајте... ќе боли :)

https://www.youtube.com/watch?v=vEz5wSA_Idw
 

Kajgana Shop

На врв Bottom