После сите поминати голготи, решив да споделам искуство, бидејќи информациите што ги добивав пред да се решам за корекција беа од друг форум, па мислам дека е фер и јас да го споделам моето искуство. Во принцип сум тврдоглава, и наспроти тоа што мои блиски се медицински лица, наспроти сите нивни убедувања да не правам корекција на носот, јас се решив да послушам совети од форуми, го читав само тоа што мене ми одговараше и ја направив корекцијата пред неколку месеци.
Имав девијација, а естетски сакав да го корегирам само врвот на носот. Бев во државна болница, каде работат доктори како Смиља Туџарова, Џокиќ, итн. и таму операцијата чини 600 евра. Меѓутоа од нивни колеги (сестри,асистенти) добив совет дека најчесто сите нивни пациенти сакаат ревизија (повторна операција) поради тоа што не се задоволни од својот нов изглед, (или пак здравствено). Во Аудиолошкиот центар за уво, нос и грло каде што работат доктори како Јане Нетковски, Фродита Јакимовска, Лидија Дубровска, Киријас, Копачева, корекцијата чини 250 евра и тука ве ставаат на листа на чекање. Секако може да ви побараат фино лепо да ги почастите докторите (бидејќи дополнителна работа, односно плаќање за побрза интервенција е забранета) па да не се утепате од чекање година дена. Од сите горенаведени единствено би ви го препорачала Јане Нетковски, меѓутоа дур да стигнете до таа операција ќе ви се смачи од влечкање по болници, чекање на ред, враќање, проверување синуси, снимки, па тек после ве става на листа. Другите-пишете пропало. Корегираат носеви ко да работат во месара, ко преживи причаче.
Јас се решив за корекција во странство (приватно), мислејќи дека таму се нешто поспособни. После корекцијата си останав со девијацијата, ми се појави абцес, и имав лошо поставена рскавица, поради која со десната страна не можев воопшто да дишам. Првите денови нема да можете да си го препознаете лицето од толкави отоци, едвај ќе зборувате, спиете, постојано ќе ви се суши устата. После еден месец носот ќе добие колку-толку некаков облик, а со текот на времeтo, обично во текот на една година ќе се менува постојано (по малку). Јас бев принудена да правам втора операција но овојпат се решив за Србија. Фала Богу,сега можам да дишам како човек,а естетски носето ми е супер
НО ако се вратам неколку месеци наназад НИКОГАШ повеќе не би помислила на нешто вакво. Најпрво поради стресовите од 3 општа анестезија по ред, бидејќи никој не одговара доколку било што ви се случи. Не си играјте со здравјето, секој доктор може да ви најде еден куп мани на носот, естетски и здравствени, а ретко кој може солидно да си ја заврши работата. Сакајте се такви какви што се, колку и да звучи клише, работете на вашата самодоверба на друг начин. Се додека не си осетив на своја кожа, мислев дека бадијала зборуваат. Овој совет го добив од естетски хирург кој исто така порано сакал да си направи корекција на носот, што мислите зошто не го направил тоа?
Да се надоврзам на постов, Лидија Дубровска-никако, Смиља Туџарова исто така, премногу е груба и повеќе е насочена кон корекција на гради, Јане Нетковски е добар доктор, меѓутоа не е точно дека работи во Анчевски, таму вршеше само прегледи (порано), повеќе не. Како што спомнав претходно дополнителната работа односно операција преку ред, повеќе не е дозволена, така што доколку некој доктор ви побара 750 евра, слободно пријавете си го за корупција.
Систина веќе пропаѓа, во Ремедика оперира Огнен Даскалов, меѓутоа како што кажав само еден постручен доктор во таа област имаме кај нас. 3000 денари чини корекција само од здравствени причини, а естетската 15000+ болнички трошоци.
Размислете, не си играјте, а доколку се решите за корекција, а да не бидете третирани како животни по болнициве, нека биде тоа Србија/Хрватска, со тоа што цената е секако повисока приватно отколку кај нас. Внимавајте кој доктор ќе го изберете, затоа што може многу да ви го промени животот, на подобро или полошо. И што е најбитно, ако немате самодоверба, немојте да се обидувате да го компензирате тоа со надворешниот изглед, и да имате нереални очекувања, работете на себе како личност, а не од себе да правите кукли. Поздрав и со среќа на сите што ќе се решат за било каква корекција