- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.913
- Поени од реакции
- 1.176
Ердоган: Немаме никакво разбирање за Горна, Долна, Северна Македонија, тоа е неправедно
29.09.2011, 15:08
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80772
29.09.2011, 15:08
Македонија да не се сомнева во поддршката од Турција, порача турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по средбата со неговиот македонски колега Никола Груевски. Дводневната посета за Ердоган претставува дополнителен импулс во развивањето на политичко економските односи на двете држави. Турскиот премиер најави проширување на турскиот бизнис интерес на македонскиот пазар со цел е да се достигне трговска размена од милијарда долари.
Македонија да не се сомнева во турската поддршка на политичко - економски план.Оваа посета ќе претставува дополнителен импулс во тој правец и во и онака традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји и двата народа - рече турскиот премиер Реџеп Таип. Ердоган по тет а тет средбата со својот домаќин премиерот Никола Груевски. Интенција е, рече турскиот премиер,трговската размена да го достигне нивото од една милијарда американски долари, зашто постојните меѓу триста и четиристотини милиони долари не се соодветна цифра која компарира на политичките релации-децидно порача Ердоган, најавувајќи проширување на турскиот бизнис-интерес за присуство на македонскиот пазар.
„ Досега има стотина инвеститори од Турција, но сакаме таа бројка да биде поголема и ако има некаков проблем во тој контекст јас и мојот македонски колега ќе ги отстраниме тие пречки. Наша должност е да се елиминираат тие пречки и да се обезбедат соодветни услови. Наша желба е турските инвеститори во Македонија да отворат колку е можно повеќе вработувања“, рече турскиот премиер Ердоган.
Принципот на солидарност,рече Ердоган, провејува во сите години откако ве признавме како независна држава. Во тој дух ќе се одвива и поддшката за членство во Европската унија и НАТО-додаде шефот на турската влада , иако свесен за пречките од грчка страна во контекст на прашањето за името.
„За Долна, Горна, Северна, нема никакво разбирање за таквото делување, таквите видувања се неправедни работи. Светот веќе е глобален, ние веќе живееме во таков свет, мирот и сувереното право треба да биде заедничко. Македонија влезе во тој правец, својата независност ја објави под ова уставно име и треба да се почитува таа нејзина одлука“, додаде Ердоган.
Македонско – турските односи своја надградба наоѓаат и во договорот за стратегиско партнерство, рече премиерот Груевски не криејќи го задоволството од пријателската и принципиелната политика на официјална Анкара кога е во прашање зачувувањето на нашиот идентитет и уставното име.
„Ја истакнав благодарноста до нашата пријателска нација и до пријателската турска држава за почитувањето и поддршката на нашите права и интереси за заштита на нашиот идентитет и на уставното име Република Македонија. Ги реафирмиравме нашите заложби за постојано унапредување на билатералните односи базирани во вербата на заедничките односи и со сопствениот потенцијал, со особен акцент на областа на економската соработка“, рече премиерот Груевски.
Разговарано е за интензивирање на соработката на културен и на планот на туризмот, при што беше нотирано дека цената на авио-билетите и блискоста како дестинации ,овозможуваат одлични услови за тоа.
Премиерот Груевски пред турскиот контрапартнер се заложи за уште поголем и поквалитетен третман на турската заедница. Инаку високиот гостин од Турција на аеродромот Александар Велики беше дочекан со високи државно воени почести.
Двајцата премиери потоа прошетаа низ аеродромската зграда која заедно со реновацијата на аеродромот ја има турската компанија ТАВ. Ердоган рече оти се почувствувал како да посетува некоја компанија во својата земја. Дел од делегацијата на Ердоган се и стотина турски бизнисмени кои утре со македонските ќе одржат заеднички бизнис форум.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80772