Енерго терапија

Член од
24 мај 2014
Мислења
4.530
Поени од реакции
4.492
Баш така. Е сеа, тоа чувство, таа неверојатна сензација која ти причинува такво уживање и задоволство се нарекува autonomous sensory meridian response.

За да почувстуваш такво нешто, не ти е потребен енерго-терапевт кој ќе те "лечи" со камења и ќе ти земе пари за џабе, можеш и дома истото да го постигнеш, со обични слушалици и YouTube. Има различни тригери кои стимулираат таква сензација: тивко шепотење, гребење, масажа на скалпот, на телото и тн.

Таа енерго терапија е уствари комбинација од сугестија и autonomous sensory meridian response. Сугестијата лечи, ова другово прави да доживееш "мозочен оргазам". :)

Хахаха знаев дека нешто "научно" ке ископаш за да ми докажеш колку сум замаен, прелажан и изманипулиран. Не ми е тоа целта али никогаш нема да си докажеме која е вистината и реалноста а и не ми е тоа битно толку. Те почитувам како човек ако не се согласувам со твоите убедувања и ставови.
 
B

Bafra

Гостин
bash taka, sugestija, i toa sto ne raboti kaj skeptici, toa e dokaz deka se raboti za sugestija i najverojatno Placebo effect...
А Плацебо Ефектот што е ???
Нели е тоа најголем доказ дека телото само може да воспостави рамнотежа а со тоа се губат и проблемите ....
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
Епа тоа сакаме да го докажеме, дека мозокот може сам да ги излечи психичките проблеми и да ги ублажи физичките (на пример болката да се намали), не ти треба тука "Космичка енергија", "Лековити кристали" и т.н. А има и лоша страна Плацебо ефектот, ако навистина веруваш дека си болен, може вистина да се разболиш, но не од вирус туку мозокот да предизвика симптоми на болест... Тоа му се има случено на дедо ми, од А до Ш сите тестови што можат да се направат ги направи, сите укажуваа дека срцето му беше 100% во ред (имаше многу кондиција, многу планинареше), а тој цело време кажуваше дека е болен, дека му нема лек и дека го боли срцето, дури и му ставија пејсмејкер по негова желба, но беше под голем стрес од тоа што веруваше дека е болен и .....
Значи телото не може само да воспостави рамнотежа во сите случаи, но во голем дел од нив може самото да се опорави или да си ги ублажи последиците по здравјето... (претежно проблеми со психата (не мислам на синдроми кои се предизвикани од недоволна развиеност или оштетување на мозокот...))
 
Почитувам и помош со плацебо ефект нема врска буквално со енерго терапија али е подобро од гола медицина... Да те прашам тебе што мислиш зошто медицината односно психијатријата речиси воопшто не работи плацебо ефект него форсира на лекови ?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
455
Поени од реакции
456

Затоа што не е етички. Ако одиш на лекар сакаш да те советува правилно, или лажно?
Но, всушност плацебо ефектот и се користи во медицината, ама друго е кога стручњак го контролира текот на болеста, друго е кога некој надрилекар лаже и мами.[DOUBLEPOST=1429884126][/DOUBLEPOST]
А Плацебо Ефектот што е ???
Нели е тоа најголем доказ дека телото само може да воспостави рамнотежа а со тоа се губат и проблемите ....
Не е, туку плацебото се однесува на повеќе различни механизми кога само привидно се мисли дека излекувањето е резултат на третманот, а всушност тоа се болести и состојби кои самостојно завршуваат дури и да немало никакви третмани, болести чии симптоми се намалуваат и зголемуваат со текот на времето и ако третманот е земен кога симптомите се најсилни нормално е да следи намалување на симптомите, или чисто залажување дека симптомите се намалиле или исчезнале.[DOUBLEPOST=1429884251][/DOUBLEPOST]
Епа тоа сакаме да го докажеме, дека мозокот може сам да ги излечи психичките проблеми и да ги ублажи физичките (на пример болката да се намали), не ти треба тука "Космичка енергија", "Лековити кристали" и т.н. А има и лоша страна Плацебо ефектот, ако навистина веруваш дека си болен, може вистина да се разболиш, но не од вирус туку мозокот да предизвика симптоми на болест... Тоа му се има случено на дедо ми, од А до Ш сите тестови што можат да се направат ги направи, сите укажуваа дека срцето му беше 100% во ред (имаше многу кондиција, многу планинареше), а тој цело време кажуваше дека е болен, дека му нема лек и дека го боли срцето, дури и му ставија пејсмејкер по негова желба, но беше под голем стрес од тоа што веруваше дека е болен и .....
Значи телото не може само да воспостави рамнотежа во сите случаи, но во голем дел од нив може самото да се опорави или да си ги ублажи последиците по здравјето... (претежно проблеми со психата (не мислам на синдроми кои се предизвикани од недоволна развиеност или оштетување на мозокот...))
Не може мозокот да излечи ништо, се работи за сугестија и привидна поврзаност. Тоа дека мозокот може да излечи се приказни излезени од контрола и не се вистина.
Некаде во екстремни случаи може да се работи за намалување на стрес и со тоа да се намалат некои симптоми предизвикани од стрес, ама тоа е сосема друго.
 
Последно уредено:

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
Не може мозокот да излечи ништо, се работи за сугестија и привидна поврзаност. Тоа дека мозокот може да излечи се приказни излезени од контрола и не се вистина.
Некаде во екстремни случаи може да се работи за намалување на стрес и со тоа да се намалат некои симптоми предизвикани од стрес, ама тоа е сосема друго.
Епа ако прочита внимателно реков дека некои психички проблеми (еве ти ме надополни, прв пример е стресот) можат да се излечат а на физичките да им се намалат последиците, пример да се намали болката, но во овој случај хе ја лечиш болеста, ги лекуваш симптомите предизвикани од мозокот...
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.240
Поени од реакции
14.210
Хахаха знаев дека нешто "научно" ке ископаш за да ми докажеш колку сум замаен, прелажан и изманипулиран. Не ми е тоа целта али никогаш нема да си докажеме која е вистината и реалноста а и не ми е тоа битно толку. Те почитувам како човек ако не се согласувам со твоите убедувања и ставови.
Не бе, уживај, си правиме муабет само. :D

Следен пат кога ќе разговараш со тој маестро Буда, учителот твој кој ти ги отворил очите (како што имаш кажано и претходно, во други теми), и кој имал моќ да симне и овозможи "проток на космичка енергија" низ твоето тело, можеш слободно во фаца да му кажеш да не ти продава муда за бубрези, бидејќи тој "проток на енергија" се нарекува autonomous sensory meridian response, и дека истото можеш да го постигнеш и сам, со обични слушалици. :D

Така да, нема тука ништо мистично пријателе, ништо натприродно. Да не сакаш и за чакрите да те просветлам, да ти објаснам што се уствари? :D
 
B

Bafra

Гостин
840223 Значи според медицината: Мозокот неможе да излечи болест , а може да предизвика болест . :cautious:

А за тоа другото што збореше "тоа се болести и состојби кои самостојно завршуваат дури и да немало никакви третмани, болести чии симптоми се намалуваат и зголемуваат со текот на времето " - Со апче ќе ти помине за 7 дена , а без апче за недела дена.

Време е да прифатите дека пред се ние сме Енергетски суштества и место фокусот на последиците/ефектот ,пробајте на причините да биде
 
Ааааа што била работата сега веке ми е јасно дефинитивно во кој замки сум живеел долго долго време не беше џабе тоа што ми укажуваше на грешките со месеци по форумов. Фала ти респект за тебе и се гледаме да ти се заблагодарам со некое скромно подароче зошто ме избави од темнината на лагата. Нема зборови со кој би ти се заблагодарил. Се гледаме и ова шири го на секој можен начин нека знае народот што и како е а јас стојам зад тебе и те поддржувам се разбира. Да си жив друже.[DOUBLEPOST=1429970142][/DOUBLEPOST]
Затоа што не е етички. Ако одиш на лекар сакаш да те советува правилно, или лажно?
Но, всушност плацебо ефектот и се користи во медицината, ама друго е кога стручњак го контролира текот на болеста, друго е кога некој надрилекар лаже и мами.[DOUBLEPOST=1429884126][/DOUBLEPOST]
Не е, туку плацебото се однесува на повеќе различни механизми кога само привидно се мисли дека излекувањето е резултат на третманот, а всушност тоа се болести и состојби кои самостојно завршуваат дури и да немало никакви третмани, болести чии симптоми се намалуваат и зголемуваат со текот на времето и ако третманот е земен кога симптомите се најсилни нормално е да следи намалување на симптомите, или чисто залажување дека симптомите се намалиле или исчезнале.[DOUBLEPOST=1429884251][/DOUBLEPOST]
Не може мозокот да излечи ништо, се работи за сугестија и привидна поврзаност. Тоа дека мозокот може да излечи се приказни излезени од контрола и не се вистина.
Некаде во екстремни случаи може да се работи за намалување на стрес и со тоа да се намалат некои симптоми предизвикани од стрес, ама тоа е сосема друго.
Апсолутно апсолутно се согласувам ме раздрмавте со вистината до степен да немам зборови и признавам официјално дека бев во заблуда.
 
Последно уредено:
Член од
20 јануари 2008
Мислења
455
Поени од реакции
456
840223 Значи според медицината: Мозокот неможе да излечи болест , а може да предизвика болест . :cautious:

А за тоа другото што збореше "тоа се болести и состојби кои самостојно завршуваат дури и да немало никакви третмани, болести чии симптоми се намалуваат и зголемуваат со текот на времето " - Со апче ќе ти помине за 7 дена , а без апче за недела дена.

Време е да прифатите дека пред се ние сме Енергетски суштества и место фокусот на последиците/ефектот ,пробајте на причините да биде
Не може ни да предизвика болест. Немам многу време за пишување, ама тие психосоматски заболувања се ограничени на стресот како фактор за општ дискомфорт и состојби на намалени одбрамбени механизми заради неурогени хормони, и нема тука многу мистики и болести кои порано се поврзувале. На пример чирот на желудникот се мислело дека е од стрес, ама излегло дека е од хелокобактер пилори.
http://en.wikipedia.org/wiki/Psychosomatic_medicine
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.892

http://en.wikipedia.org/wiki/Why_Zebras_Don't_Get_Ulcers

И после испаднало дека сепак стресот има врска.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
455
Поени од реакции
456
http://en.wikipedia.org/wiki/Why_Zebras_Don't_Get_Ulcers

И после испаднало дека сепак стресот има врска.
Да, како што кажав, психосоматските болести ограничени се на дејството на стресот преку неурогените хормони, како глукокортикоидите врз одбрамбените механизми.
За чирот клучно е да постои бактеријата која при намален имунитет или стрес (не само психолошки, туку пред се физички) кој предизвикал намален имунитет, таа значително се размножила и го продупчила желудникот.
Мозокот во смисла на мислењето има влијание само за залажување и сугестија, не и во физичко лекување и создавање на болести.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.530
Поени од реакции
4.492
Ова не е во директен контекст со типичен начин на енерго терапија, но сепак е алтернативен начин на лекување со помош на енергија, (некаква енергија).
Брацо се смета за еден од најголемите лечители (исцелители) на планетава. Од Хрватска е човекот и неговите лечења низ целиот свет функционираат така што тој стои на повисоко од присутните кои се на сеансата и по објаснување на луѓе што биле присутни на негови сеанси едноставно само зрачи нешто негово кое лекува без да зборува, објаснува, кажува, укажува, кара луѓе итн. Поради ваквиот начин на негово лекување доста многу луѓе го осудуваат како и секој алтернативец, исцелител дека е измамник, лажов и преварант. Погледнете што Драго Плечко кажува за него. Инаку Драго Плечко е светски познат алтернативец, истражувач и научник во областа на паранормалните појави и феномени. Магистер е по Био хемија и речиси секое негово истражување должи научно објаснување тоа можете лесно да го проверите, прочепкате. Автор е на преку 300 ТВ-филмови и прилози, соучесник на 8 светски состаноци за парапсихологија, автор на 6 книги итн. Неговите средби со Далај Лама, Саи Баба, Махариши Махиши Јоги и безброј многу врвни јогини му причиниле интерес за да почне да работи медитација. Погледнете: https://www.youtube.com/watch?v=ARo6xEtmJXE , https://www.youtube.com/watch?v=3S2GIbLKie4
Не се работи за никакви мој лични ставови интересно е да се слушне мислење и став од светски признат научник, истражувач за било каков начин на алтернативен начин на лекување со енергија.
 
На врв Bottom