Енерго терапија

Член од
24 мај 2014
Мислења
4.513
Поени од реакции
4.480
Темава не би можела подобро да започне од начинот "Што е енерго терапија ?" Огромна чест ми е што се овозможи ваков подфорум и го ценам ова. Во наредниве неколку реченици ке пробам да дадам комплетна слика на прашањето што и како е енерго терапијата како метода на алтернативно лекување.

Енерго терапија е алтернативен начин на лекување кој најчесто се служи со положување на рацете на терапевтот на одредени позиции или болно место на пациентот. Енергијата која всушност лечи преку терапевтот е космичка енергија во зависност од техниката на енерго терапијата различно се насочува и се користи космичката енергија како непресушлив извор. Енерго терапевтски техники се именуваат и разликуваат најчесто според потеклото. Енерго терапија или (третман, сеанса) смее и може да прави само инициран (обучен) човек кој ке знае точно,сигурно и безбедно да го спроведува третманот. Лекувањето со енерго терапија се користи кај секакви видови на болести и заболувања. Најпознати техники (начини) на лекување со космичка енергија се: Reiki, Seikhim и Sekhem, Farum Buddha и многу други. Лекувањето со космичка енергија се базира најчесто на прочистување и профункционирање на чакрите, прочистување на аурата и балансирање на енергијата преку енергетските меридијани кои исто така се познати од традиционалната кинеска медицина и акопресура и акопунктура методите. Исто така голема улога играат и кристалите кај овој тип на лечења каде точно се знае кој кристал на која чакра се става за точно определена цел на лекување. Најчесто се редат по телото според бојата на кристалот и чакрата. Исто така енерго терапија се врши и на животни и на билки па дури и на храна пред јадење.

Која е разликата помеѓу Енерго терапија и Био енергија ? Биоенергијата функционира така што човекот што лекува со биоенергија лекува со својата сопствена енергија додека луѓето што лечат со космичка енергија лекувањето функционира така што космичката енергија ја црпат (ја повикуваат) од космосот и од нивните дланки ја распоредуваат и балансираат низ целото енергетско тело на пациентот и онаму каде што има највеке потреба односно застој на енергијата.

Каква поврзаност има Енерго терапијата со љубов, светлина, молитва, мантра, пријатни бои, традиционални симболи од старите култури ? На ова прашање чекам одговор и претпоставки од вас.

Какво е објаснувањето на луѓето што лечат со космичка енергија за тоа како функционира процесот на лекување ? Објаснувањето е тоа што кога терапевтот ја отвора аурата на пациентот ако е доволно искусен и добар ги гледа (чувствува) сите застои, аномалии, енергетски патишта во енергетското тело на пациентот, отвореноста или затвореноста на чакрите, општата состојба на функционирање на чакрите, бојата на аурата итн. Епа во зависност од тоа на енергетското тело колку голем енергетски застој има и зависи каде е таков проблем се јавува (се реплицира) на физичко ниво. Значи прво настанува проблем на енергетско ниво па на физичко ниво.
Ако имате прашања слободно прашајте во врска со било што од оваа област а јас колку што знам толку ке ви објаснам и помогнам.

Наенергизирани раце. (монтажа е, но вака изгледа и вистински доколку може да се види.)
energy-therapies-1069.jpg
Позиција на давање енергија над главата.
energy-healing.jpg
Седумте чакри нивните бои, значењето на секоја и поврзаноста со засебна емоција.
7chakra.jpg
chakraposternewest3.jpg
Лекување со кристали - полу драги камења (Кристало терапија.)
crystalhealing-1.jpg
crystal-tmt_001.jpg
 
H

HoT IcE

Гостин
Кај беше темава кога ја барав пред две години, првин браво за трудот и воведот, убаво скоцкано.

Имав стара повреда на колено добиена при фудбал, сум бил на многу прегледи низ различни болници и специјалисти меѓу кои и Систина, Ремедика кај Боро Илиев и ред други, едноставно нема кај кој не сум бил. Според слики, магнетни резонанци коленото ми беше комплетно здраво, а цело подувано од вода. И никој не знаеше што конкретно е, плус беше застарена повреда, и секој доктор си предлагаше свој третман, имаше некои екстремни предлози пр. кај Боро Илиев кога бев ми рече дека некој мускул ми правил проблем и требало да правам операција да се среди ама дека е ризично оти сум млад и постои шанса развојот на мускулите на таа нога со таа операција да се спречи, значи страшно. Нормално одбив.
Една вечер, сосема случајно татко ми сретнал некој дедо од маало за кој му кажале дека имал некаква енергија, и ми рече да се симнам да ме види. Човекот дојде на кратко во авто оти беше многу стар да види што ми е коленото и ми рече дека може да ме лекува. И така почна мојата енерго терапија. Пред да се деси ова бев скептик околу било каков тип на алтернативна медицина, особено од енергетски тип. Бев скептик и првите терапии кога идев кај дедово. Терапиите не траеа долго, кога ќе отидев разговаравме првин петнасетина минути како сум, што мислам итн. После човекот ставаше рака на коленото и мислам затвораше очи во мирна положба, исто како кога медитираш. Како што реков првин бев скектик, и не верував. Ама почнав да чувствувам како благо пецкање низ колено, како нешто да ми струи, и дури мислев дека ме јебе психа. Ама не, ова е возможно. И така неколку терапии правев и почнав се повеќе да се интересирам и да го потпрашувам. Ми рече дека енергиите не ми биле избалансирани и повеќе преовладувала негативна енергија и песимизам со што самиот мој организам се борел против таа енергија односно балансот бил нарушен и затоа неможел самиот од себе да почне да се лечи. И ми рече дека додека траат терапииве он ми ги балансира енергиите и ми дава космичка енергија со која го потикнува организмот сам да се лечи. Првин си реков шукурац бајо мој, ова е немогуѓе. Ама прогрес се виде уште првата недела, отокот сплана и самиот се чувствував некако подобро. И тапа поминаа 20тина дена додека траеше терпаијата и коленото ми заздраве комплетно. Од подувано како да сум го пумпал со стеориди сега ми е коска и кожа, неверојатна работа, ден денес се чудам како е возможно. Да потенцирам дека беше повреда стара 5-6 години.
Самото ова лекување после тоа потикна ланчан број на реакции кај мене, станав свесен за овие работи, не ги демантирам, не сум скептик и идам со позитивна мисла. Терапијата навистина како да ме препороди. Ми треба пак затоа што пак се мачам со повреди на другото колено и рака, ама не познавам човек со ваква способност во Македонија.

Се извинувам за долгиот пост и долгиот вовед ама сметам дека е неопходно да се пише особено за оние што се скептици за овие работи да пробаат да сфатат дека е возможно затоа што некогаш и јас бев во нивна кожа а буквално ме смени и препороди терапијава.

Прашање до тебе @Црноризец Храбар доколку си запознаен навистина со ова, дали знаеш некаде во Македонија да се држат курсеви по ова или слично, или некој начин да се совлада овој начин на лечење, без разлика на тоа колку време ќе биде потребно за да се стекне со ваква способност, сметам дека е неопходно што повеќе да има луѓе што ја користат енергијава затоа што нејзината сеопфатност е неверојата, дава решение навистина кај што медицината крахира колку и чудно да звучи тоа.
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
Некој со позитивно, некој со негативно, баба ми имаше мака со вратот нешто мислам појде на вакво лечење јас си реков нема ништо да биди ама ајде да се уверам. Се совпадна со моите очекување... Нешто и ставал кристали со рацете и правел нешто ама ништо на крај...
И вака, сите што со сигурност го познаваат овој начин на лечење, нека аплицираат и нека се збогатат...:P
http://web.randi.org/the-million-dollar-challenge.html
The James Randi Educational Foundation will pay US$1,000,000 (One Million US Dollars) ("The Prize") to any person who demonstrates any psychic, supernatural, or paranormal ability under satisfactory observation. Such demonstration must take place under the rules and limitations described in this document. An applicant can be from or in any part of the world. Gender, race, and educational background are not factors for acceptance. Applicants must be at least 18 years of age and legally able to enter into binding agreements.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.509
јас знам за 2 успешни случаи на луѓе што им помогнале со ваква терапија, пријател/сосед од детството и колешка.
Дечкото исто имаше проблеми со зглобот на ногата, а колешката како помала имала проблем со окото.
 
H

HoT IcE

Гостин
Toa nema nikakva vrska so ova Teodore. On moze i milijarda da stavi i 100 luge da mu otidat pak nema da ima efekt. Poentata e da se ima verba i pozitivna energija koga si na energo terapija, so bilo kakov demant, sumnjanne u takvata energija istata sr blokira i tvojata nemoze da se izbalansira i potikne organizmot samiot da se leci. Energo terapija ne e elektro shok i ima slucai kade sto nemoze da se primenj i e potrebna operacija i slxicno. Nejzina rabota e sa gi otvori cakrite, izbalansira tvojata energij i ovozmozi nejzin neprecen protok so sto ke potikne self healing na samiot organizam i reddrugi pridobivki.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.223
Поени од реакции
14.085

Поентата е дека не се работи за никакви чакри, никакви космички енергии и пички матерни, тука за моќта на сугестијата. Психолошките ефекти кои ги предизвикува, како и физичката манифестација, се субјективни. Затоа нема ефект кај сите, и затоа никој не може да ја освои таа награда од милион долари што ја спомена Теодор006. На ист принцип функционира и молитвата.

Врската тело-ум е заебана работа. :)
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
bash taka, sugestija, i toa sto ne raboti kaj skeptici, toa e dokaz deka se raboti za sugestija i najverojatno Placebo effect...
 
H

HoT IcE

Гостин
Ke sakav da vi pisam nesto ama iskreno me mrzi da se objasnuvam i zosto smetam deka ne e placebo. Citnete go uste ednas mojot prv post.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.513
Поени од реакции
4.480
Кај беше темава кога ја барав пред две години, првин браво за трудот и воведот, убаво скоцкано.

Имав стара повреда на колено добиена при фудбал, сум бил на многу прегледи низ различни болници и специјалисти меѓу кои и Систина, Ремедика кај Боро Илиев и ред други, едноставно нема кај кој не сум бил. Според слики, магнетни резонанци коленото ми беше комплетно здраво, а цело подувано од вода. И никој не знаеше што конкретно е, плус беше застарена повреда, и секој доктор си предлагаше свој третман, имаше некои екстремни предлози пр. кај Боро Илиев кога бев ми рече дека некој мускул ми правил проблем и требало да правам операција да се среди ама дека е ризично оти сум млад и постои шанса развојот на мускулите на таа нога со таа операција да се спречи, значи страшно. Нормално одбив.
Една вечер, сосема случајно татко ми сретнал некој дедо од маало за кој му кажале дека имал некаква енергија, и ми рече да се симнам да ме види. Човекот дојде на кратко во авто оти беше многу стар да види што ми е коленото и ми рече дека може да ме лекува. И така почна мојата енерго терапија. Пред да се деси ова бев скептик околу било каков тип на алтернативна медицина, особено од енергетски тип. Бев скептик и првите терапии кога идев кај дедово. Терапиите не траеа долго, кога ќе отидев разговаравме првин петнасетина минути како сум, што мислам итн. После човекот ставаше рака на коленото и мислам затвораше очи во мирна положба, исто како кога медитираш. Како што реков првин бев скектик, и не верував. Ама почнав да чувствувам како благо пецкање низ колено, како нешто да ми струи, и дури мислев дека ме јебе психа. Ама не, ова е возможно. И така неколку терапии правев и почнав се повеќе да се интересирам и да го потпрашувам. Ми рече дека енергиите не ми биле избалансирани и повеќе преовладувала негативна енергија и песимизам со што самиот мој организам се борел против таа енергија односно балансот бил нарушен и затоа неможел самиот од себе да почне да се лечи. И ми рече дека додека траат терапииве он ми ги балансира енергиите и ми дава космичка енергија со која го потикнува организмот сам да се лечи. Првин си реков шукурац бајо мој, ова е немогуѓе. Ама прогрес се виде уште првата недела, отокот сплана и самиот се чувствував некако подобро. И тапа поминаа 20тина дена додека траеше терпаијата и коленото ми заздраве комплетно. Од подувано како да сум го пумпал со стеориди сега ми е коска и кожа, неверојатна работа, ден денес се чудам како е возможно. Да потенцирам дека беше повреда стара 5-6 години.
Самото ова лекување после тоа потикна ланчан број на реакции кај мене, станав свесен за овие работи, не ги демантирам, не сум скептик и идам со позитивна мисла. Терапијата навистина како да ме препороди. Ми треба пак затоа што пак се мачам со повреди на другото колено и рака, ама не познавам човек со ваква способност во Македонија.

Се извинувам за долгиот пост и долгиот вовед ама сметам дека е неопходно да се пише особено за оние што се скептици за овие работи да пробаат да сфатат дека е возможно затоа што некогаш и јас бев во нивна кожа а буквално ме смени и препороди терапијава.

Прашање до тебе @Црноризец Храбар доколку си запознаен навистина со ова, дали знаеш некаде во Македонија да се држат курсеви по ова или слично, или некој начин да се совлада овој начин на лечење, без разлика на тоа колку време ќе биде потребно за да се стекне со ваква способност, сметам дека е неопходно што повеќе да има луѓе што ја користат енергијава затоа што нејзината сеопфатност е неверојата, дава решение навистина кај што медицината крахира колку и чудно да звучи тоа.
Хот Ајс мило ми е што си го нашол лекот на вистински начин... Да брат медицината е таква само знае да сече одзема не да ја види суштината и вистината на проблемот. Има има курсеви кај нас за лечење со космичка енергија највеке во Реики пошто Реики како техника и правец е и низ целиот свет најраширена и најпозната. Точно незнам околу иницијациите што и како али има тема во психологија и филозофија со име Реики и таму иницираните можеш да ги прашаш се што опфаќа обуката (иницијацијата).[DOUBLEPOST=1429734383][/DOUBLEPOST]
Некој со позитивно, некој со негативно, баба ми имаше мака со вратот нешто мислам појде на вакво лечење јас си реков нема ништо да биди ама ајде да се уверам. Се совпадна со моите очекување... Нешто и ставал кристали со рацете и правел нешто ама ништо на крај...
И вака, сите што со сигурност го познаваат овој начин на лечење, нека аплицираат и нека се збогатат...:P
http://web.randi.org/the-million-dollar-challenge.html
Наведи кој бил терапевтот и која била техниката со која и помагал... Дали третманот бил дома кај некој чичко, батко... или во просторија регистрирана и призната како терапевтско студио.[DOUBLEPOST=1429734754][/DOUBLEPOST]
Поентата е дека не се работи за никакви чакри, никакви космички енергии и пички матерни, тука за моќта на сугестијата. Психолошките ефекти кои ги предизвикува, како и физичката манифестација, се субјективни. Затоа нема ефект кај сите, и затоа никој не може да ја освои таа награда од милион долари што ја спомена Теодор006. На ист принцип функционира и молитвата.

Врската тело-ум е заебана работа. :)
Како фармакологијава и модернава ера на медицината го акна тој амблем на плацебо ефект тоа чудо едно е на сите заблудени им се запечати судбината на лекување со осакатување, но тоа е веке друг муабет... Ако исклучиво овие терапии функционираат сугестибилно или пак по принцип на плацебо ефект зошто кога ке ги стави терапевтот рацете на телото се чувствува енергијата али баш вистински се чувстува ?
 
Последно уредено:

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
eve, ako vernicite vistina mozat da gaeve toj so saka predizvikot na Randi da go pomine neka nosi nekoj vernik so sebe neka se vrsat opservacii vrz nego. Patem kosmickata energija t.e. kosmickite zraci se najopasni od celiot elektromagneten spektar, imaat ogromna joniziracka mok, ne bi go narekol toa lekuvanje, patem taa ne ni prodira vo atmosferata na zemjata, znaci tie sto navodno lekuvaat so nea nemaat pristap do nea... ;)[DOUBLEPOST=1429736963][/DOUBLEPOST]Patem, za baba mi ke vi pisam koga ke ja prasam...
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.223
Поени од реакции
14.085
Ако исклучиво овие терапии функционираат сугестибилно или пак по принцип на плацебо ефект зошто кога ке ги стави терапевтот рацете на телото се чувствува енергијата али баш вистински се чувстува ?
Треба да наведеш малку повеќе детали. Каква е таа енергија? Што чувстуваш уствари?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.513
Поени од реакции
4.480
eve, ako vernicite vistina mozat da gaeve toj so saka predizvikot na Randi da go pomine neka nosi nekoj vernik so sebe neka se vrsat opservacii vrz nego. Patem kosmickata energija t.e. kosmickite zraci se najopasni od celiot elektromagneten spektar, imaat ogromna joniziracka mok, ne bi go narekol toa lekuvanje, patem taa ne ni prodira vo atmosferata na zemjata, znaci tie sto navodno lekuvaat so nea nemaat pristap do nea... ;)[DOUBLEPOST=1429736963][/DOUBLEPOST]Patem, za baba mi ke vi pisam koga ke ja prasam...
Не се работи за верници и неверници во овие патишта. Постои разлика помеѓу духовна свесност и религијска духовност на некој начин патиштата се исти само религијата како и се организирано од човек е со огромна ограниченост додека патот до духовна свсност е сосема поразличен и функционира на начин што се се случува со работа на себе. Јас ти гарантирам дека е космичка енергија тоа што се симнува со некој вид молитва пред третманот затоа што дефинитивно е сосем различно од био енегетски третман ако енерго терапевтот е многу искусен и добар и симне многу енергија низ рацете му се гледа енергијата баш како на сликата од воведот на темава ова лично ти го гарантирам затоа што сум имал прилика да видам. Темава тргна кон оф топик али ако не ви возврати човек со објаснување си ги величате ставовите почитувам различни мислења и споротивности но темава премина во докажувања и омаловажувања.[DOUBLEPOST=1429738549][/DOUBLEPOST]
Треба да наведеш малку повеќе детали. Каква е таа енергија? Што чувстуваш уствари?
Каква е таа енергија... Космичка е... Во зависност од техниката таков карактер е и енергијата. Некаде поблага некаде поагресивна. Опишувањето е всушност најтешката работа нема ништо на земјава никое задоволство и уживање не го носат тоа чувство кога се симнува енергијата сум размислувал и дефинитивно најслично нешто на ова чувство е кога ке допреш наелектризиран стар телевизор на екранот не е буквално исто но ете во споредба најслично.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
4.223
Поени од реакции
14.085
Каква е таа енергија... Космичка е... Во зависност од техниката таков карактер е и енергијата. Некаде поблага некаде поагресивна. Опишувањето е всушност најтешката работа нема ништо на земјава никое задоволство и уживање не го носат тоа чувство кога се симнува енергијата сум размислувал и дефинитивно најслично нешто на ова чувство е кога ке допреш наелектризиран стар телевизор на екранот не е буквално исто но ете во споредба најслично.
Баш така. Е сеа, тоа чувство, таа неверојатна сензација која ти причинува такво уживање и задоволство се нарекува autonomous sensory meridian response.

За да почувстуваш такво нешто, не ти е потребен енерго-терапевт кој ќе те "лечи" со камења и ќе ти земе пари за џабе, можеш и дома истото да го постигнеш, со обични слушалици и YouTube. Има различни тригери кои стимулираат таква сензација: тивко шепотење, гребење, масажа на скалпот, на телото и тн.

Таа енерго терапија е уствари комбинација од сугестија и autonomous sensory meridian response. Сугестијата лечи, ова другово прави да доживееш "мозочен оргазам". :)

H

HoT IcE

Гостин
Дечки ја едно нешто ќе ви кажам, најлесно е да бидеш скептик и да демантираш вакви работи. Го знам ова затоа што исти и ја бев како вас, гуглав за милион работи што ќе ми потврдат дека вакво нешто не е возможно. Ама не демантирајте, особено не пробујте тоа да го правите со луѓе како мене и Црноризец што сме осетиле на сопствена кожа дека е можно.
Јас сум мака мачел со години со повреда, и вакво нешто ми помогнало. А вие што не сте осетиле, и сте толку конзервативни што нејќете ни да прифатите дека вакво нешто постои, задржете си го себе, сепак темава е за енерго терапија и искуства со неа, а кога лично ја демантирате, и немате искусено на своја кожа искрено не гледам поента да коментирате.
 
На врв Bottom