- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.041
- Поени од реакции
- 6.519
Во денешно време кога важноста на тестостеронот доживува значителен пад, милиони млади мажи се најдуваат во чудна, досега непозната ситуација. Се повеќе е присутно немањето на role model во животот па затоа на сцена стапуваат ликови како Ендру Тејт за кого дознав на интервју со Пирс Морган. Поранешен спортист (ако млатење може да се нарече спорт) овој лик е пример за огромен број мажи, веројатно меѓу нив барем пола инсели. Ендру е морална вертикала, треба да се следи и слуша, алфа маж, бог и батина, лик кој знае како треба да се однесуваме со жени но не само тоа. Неговото солење памет не се ограничува на жени, тој е и борец против "матриксот", некаков светски заговор (!?) насочен да го дискредитира Тејт и да воспостави една светска влада!
Што мислите за Ендру Тејт?
Како еден ваков тип наводно биднал најбарано име на срч енџинс пред некоја година, во што е финтата?
Што мислите за Ендру Тејт?
Како еден ваков тип наводно биднал најбарано име на срч енџинс пред некоја година, во што е финтата?