Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101

Балканска рафинерија, хотели, преработувачки капацитети. Емирот од Катар подолго време ја скенирал Македонија како можна инвестициска дестинација.

За неговиот тим најважна била стратешката положба и одличните услови за производство на храна. Во малата држава на Балканот сака да инвестира над половина милијарда евра.
Како што дознава Сител, главен проект била рафинеријата која ќе треба да го снабдува со нафта целиот Балкан. Уште пред четири години биле утврдени можните локации за изградба.
Паркингот пак во строгиот центар на Скопје според Хамад бин Калифа ал-Тани било идеално место за изградба на хотел со трговски центри и забавен парк. Иако побараната парцела за изградба на рафинеријата била слободна за облакодерот на постоечкиот паркинг пред Холидеј ин немало согласност.
По направените анализи емирот и лично ја посети Македонија да се увери каква храна произведува. Јагнето кое во Катар било увезувано од истокот ни од далеку не било како нашето. Затоа половина од предвидените инвестиции биле планирани токму за земјоделството. Според нашите информации Катарците сакаат да одгледуваат околу 10 илјади јагниња кои ќе се колат според ХАЛАЛ во новоизграден објект.
Водата исто така била интересна за бизнис. Емирот сака да финансира и во домашното образование, посебно во дефицитарните гранки во Катар, по што дипломците ќе може да бараат работа на истокот.

Како и да е според упатени доколку се остварат половина од првично предвидените проекти македонската економија значително ќе закрепне. Економистите уверуваат дека европскиот пазар не треба да се напушта, но секогаш треба да се има соодветна алтренатива.
sitel
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Одлично, ама што кој *** ќе ни е хотел со забавен парк?

И ја има ли информацијава на било кој друг медиум освен Шител?
На Интернет нема ништо, изгледа Шител имаат специјални извори, Ивана изгледа се преправила во Жаде и го прислушкува од харемот.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.723
Поени од реакции
9.759
Што му требало...не знае ќе му запалат и хотел и јагниња опозиционериве од мака :icon_lol:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Многу розова ни е државава според сител... дај боже да се оствари гореспоменатото, 20,000 работни места се во прашање.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Одлично, ама што кој *** ќе ни е хотел со забавен парк?

.
што ќе ни е Трговски центар, што ќе ни е Хотел, што ќе ни е забавен парк ...
ШТО ВИ Е НА ВАС БЕ ЛУЃЕ ?
се работи за над половина милијарда евра! ако воопшто имате замисла колку се тие пари

кога читам вакви коментари ми оди да си ја лупнам главата од ѕид
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Одлично, ама што кој *** ќе ни е хотел со забавен парк?

И ја има ли информацијава на било кој друг медиум освен Шител?
На Интернет нема ништо, изгледа Шител имаат специјални извори, Ивана изгледа се преправила во Жаде и го прислушкува од харемот.
За да има кај да престојува коа ќе дојде нареден пат, он или таквите како него... Зошто сакаме добар туризам а хотелите ни се катастрофа...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Многу розова ни е државава според сител... дај боже да се оствари гореспоменатото, 20,000 работни места се во прашање.
Баш тоа ни треба 2-3 вакви инвестиции и ќе има работа, мала држава сме супер (y)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
што ќе ни е Трговски центар, што ќе ни е Хотел, што ќе ни е забавен парк ...
ШТО ВИ Е НА ВАС БЕ ЛУЃЕ ?
се работи за над половина милијарда евра! ако воопшто имате замисла колку се тие пари

кога читам вакви коментари ми оди да си ја лупнам главата од ѕид
Знаеш колку се половина милијарда евра?
Третина од годишниот трговски дефицит на Република Македонија.
Не сме до толку очајни, ни требаат странски инвестиции, но паметни инвестиции, не дај што даш.
--- надополнето: Oct 24, 2011 2:24 PM ---
За да има кај да престојува коа ќе дојде нареден пат, он или таквите како него... Зошто сакаме добар туризам а хотелите ни се катастрофа...
Во Македонија нема голем потенцијал за странски туризам, немаме нит море, нит некое светско или географско чудо.
Треба да се концентрираме на домашниот и селскиот туризам кој се премногу запоставени.

Хотел со 5 ѕвезди нема никако да и помогне на македонската економија или на туризмот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Знаеш колку се половина милијарда евра?
Третина од годишниот трговски дефицит на Република Македонија.
Не сме до толку очајни, ни требаат странски инвестиции, но паметни инвестиции, не дај што даш.
еднаш викате во пеколот живееме очајни сме, другпат викате не сме толку очајни... и незнам колку паметно ќе биде да му прибираме на емирот, не сакаме тоа ова сакаме -.-

ни самите незнаеме што сакаме
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ова со рафинеријава би било добро.Ама пошто нашиве политичари се алчни и неписмени, мислам дека ОКТА имаше некаков ексклузивитет до 2016-та или грешка сум, да не се работеше само за дизел со послаб квалитет?Некој поупатен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom