Еминем

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Oва повеќе некако ми се допадна од новиве песни

Ја нема на новиот албум насловен „The Marshall Mathers LP 2“.Песнава се наоѓа само во пакетот кој доаѓа со видео играта „Call of Duty: Ghost Bundle“ . Но ја има на интернет пираткси по торенти и јутјуб :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
Прочитав некој добри 2-30 страни од темава и малце се изненадив, незнаев дека толку го хејтате Ем ебаве тоа Агилеровците. Ем, бил срање да не била МТВ немало да бил никој и ништо, ел о ел. Да не го земел Дре у студио и да не потпишел за издавачка куќа жими тасево што ќе успеел ќе си останел некој рандом дилер, наркоман од Детроит.

Кога ги слушам песните на Ем, осеќам некое чувство на соживување со животот на Еминем секоја песна е дел од него, од неговите емоции, расположение во моментот кога ја пишувал. Слушајки ги албумите од прв до последен гледаш како созрева и се менува, менува, менува...цело време се менува секој албум е приказна за себе, приказна за неговиот живот. Како што кажав погоре според тоа во како период поминувал така и пишувал. Тие што му се послаби албуми како Енкор и Релепс се периодите кога и бил најслаб IRL.

Ствар до вкус е тоа, мнозинството го сакаат стариот Ем т.е неговото алтер его Шејди, но мене повеќе ми правио мерак сериозниот Ем па и затоа Recovery ми е доста добар албум додека на многумина им е, мех.

Ем ќе си остане најбоље се додека не направи некоја песна кај што ќе сере колку пари има и ова она разбираш рандом глупи муабети.

Еве како за крај продолжението на Стан, се надевам ќе има и трето продолжение сеуште ми е некако недовршено па потоа да стави крај на неговата реп кариера па да се фокусира на други работи.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
583
Поени од реакции
246
за

(y) за ова , искрено да кажам затоа и јас го сакам еминем затоа што тој во песните пее за својот живот а не за други глупости и тоа што го кажува е се вистина. А и многу ми се допадна тоа што ги подржа феновите и направи Стен 2 затоа што стен беше доста голем хит.

Mockingbird и When i'm gone се исто така големи хитови поради текстот(lyricsot) на песната

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Во февруари ќе го видам Еминем во живо! Една од најголемите желби отсекогаш ми била да појдам на негов концерт зашто стварно уживам во неговата музика. Само се надевам дека освен Lose Yourself ќе ме израдува и со некоја друга постара песна.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во февруари ќе го видам Еминем во живо! Една од најголемите желби отсекогаш ми била да појдам на негов концерт зашто стварно уживам во неговата музика. Само се надевам дека освен Lose Yourself ќе ме израдува и со некоја друга постара песна.
Лелееее колку сум љубоморна во моментов. :( :D Убаво да си поминеш!
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Лелееее колку сум љубоморна во моментов. :( :D Убаво да си поминеш!
Фала! :)
Искрено не ни мислев дека ќе начекал билети зашто обично за брзо време се продаваат ама имав среќа овој пат. Ќе споделам слики ветувам :)
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
583
Поени од реакции
246
Фала! :)
Искрено не ни мислев дека ќе начекал билети зашто обично за брзо време се продаваат ама имав среќа овој пат. Ќе споделам слики ветувам :)
обавезно слики да споделиш :( него каде е концертот?
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Слики кои ги најдов во мојот компјутер па да ги споделам со вас :D

333235.jpg 337824.jpg 337825.jpg 337827.jpg 338073.jpg
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Само што се вратив од концертот и морам да кажам дека беше едно незаборавно искуство! Поминав скоро 5 часа чекајќи додека поминаа воведените изведувачи (Кендрик Ламар и Џеј Кол) додека не дојде Еминем на сцена. Иако морам да кажам дека Кендрик има добра вештина, не сум негов фан и ми беше доста досадно чекајќи за кулминацијата. Џеј Кол имаше добри траки со мешавина на поп/рок и рап, но тоа не е тоа. Сигурно не дојдов него да го видам. Имаше доста здосадени лица на кои им беше прекипено од чекање но се се заборави кога Еминем стапи на сцена :)

Прво што можеше да се забележи е дека Еминем има претерано многу енергија за човек во 40-те. Еден ипол час растрчуваше и скокаше како тинејџер, секоја му чест. Гледајќи го можеше да се забележи зошто е легенда, одличен изведувач со педигре и харизма. Изведе мешавина на стари и нови песни, со малку повеќе стари него нови изведени на задоволство на мнозинството. Испеа преку 30 песни, па некои мораа да бидат скратени во интерес на времето што даде и еден посебен шмек. Имаше момент кога ја испеа Стен (некоја незнајна мома беше вокал за строфите на Дајдо), па мала пауза и потоа во серија Without Me/The Real Slim Shady/My Name Is што ги доведе сите до делириум :). Исто за пофалба беше и изведбата на Rap God, која машина е човекот само за да го изрецитира сето тоа наеднаш.

Крајот секако беше резервиран за Lose Yourself, која комотно можам да кажам дека е музичка химна на цела една генерација од огромни размери. Немаше живо суштество што не беше на нозе на крајот на концертот. За жал не испеа уште неколку други песни што сакав да ги слушнам (Cleaning out my closet, Hailie's Song или комбинација на Stan и Bad Guy) но разбирливо е зашто не може на секој да му се удоволи. Исто замерка имам и за озвучувањето. За хипхоп настан мислам дека имаше премногу бас и останати ефекти што не оставаше многу простор за вокалните способности на изведувачите, посебно ако публиката не ги знаеше текстовите на памет па така да биде во тек. Да беше рок настан сигурно ќе имав други импресии до звукот.

За на крај едно видео од настапот. Не е мое, но се што снимив е или со низок квалитет или е од лош агол, а и не ни сакав да ги поминам најдобрите делови од концертот со камера во рака наместоа да рипам и пеам :)

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
@^Exotic^

Случајно да не имаш по некоја фотка да не почестиш...?
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
@^Exotic^

Случајно да не имаш по некоја фотка да не почестиш...?
Нема проблем, ќе прикачам што имам фатено посолидно. Ме мрзи да пишувам од мобилен искрено, а и ми се спие :) Ќе ги префрлам сликите на компјутер и ќе ги постирам тука утре.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Нема проблем, ќе прикачам што имам фатено посолидно. Ме мрзи да пишувам од мобилен искрено, а и ми се спие :) Ќе ги префрлам сликите на компјутер и ќе ги постирам тука утре.
Одлично, ти благодарам многу!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
27
Поени од реакции
7
Еве и од мене една фотка од концертот вчера у Сиднеј.. Ке закачам и некои видеа ако сте заинтересирани да видите што се случуваше.. Пошто го имав слушано у 2011 исто у Сиднеј доле во зоната за стоење пред бината, овој пат решив да го следам концертот од друга перспектива. Се на се, многу добар концерт но едино што не ми се свигаше е тоа што песните беа 90% исти со концертот пред 2 години, али сепак имаше многу луѓе што го немаат гледано предходно и баш имаат дојдено за сите тие песни.

Kajgana Shop

На врв Bottom