Емиграција во Канада

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Јас лично отидов затоа што многу повеќе ми се допаѓа Канадијскиот менталитет на луѓето него тој во Европа, мојот карактер и начинот на размислување е пблиску до нив, можам повеќе таму да се однајдам, има повеќе можности и државата е многу повеќе настроена да им служи на луѓето. Работа има на секој чекор и секаде можеш да напредуваш. Законите се носат во служба на граѓаните, сме заштитени и нашите права се почитувни. Луѓето што работат во влада се таму да ни помогнат и тоа е нивниот менталитет, и јас не сакам да живеам во држава кај што треба да се плашам од тетка на шалтер зашто ќе ми се понаша ко да ми прави голема услуга што си ја работи работата.

Освен тоа, израснав во Македонија и учев англиски цел живот, Полски научив од гледање телевизија и тоа што мајка ми ни збореше по дома. Никогаш не одев во Полска школа да учам да читам и пишувам, така да ако одлучев да живеам во Полска ќе требаше да одам во школо да научам да читам и пишувам. Освен тоа, не ми се допаѓа менталитетот на луѓето во Полска, владата им е многу религиозна и законите кои ги носат се често во служба на црквата. На пример ништо не смее да работи во недела ашто очекуваат сите да одат во црква и тоа е ден за Бога. Ако имаш бизнис, само сопственикот на бизнисот смее да работи и не смее да ги тера вработеите да работат. Ниту сум религиозна ниту ми се допаѓа тој начин на живот.
Нацијата има проблем со алкохол и жените тука гледаат на маж кој не пие ко да е направен од злато.

И да ти кажам искрено, АПСОЛУТНО никогаш во животот не ми било, ниту ќе ми биде битно да бидам блиску до твојот кур, така да можам со задоволство да кажам дека ме дели цел океан од такво мало нешто.

;)
Автоматски споено мислење:
Каде живееш во Канада?
Мојот впечаток за Канада, е дека е многу контролирано општество.
Незнам дали е исто во сите области, ама рестрикција на алкохол, продажба само во овластени продавници, претпоставувам дека се државни, забрана за пиење на алколхол на јавни места, а во исто време цел град смрди на трава, бездомници на секој чекор, и полиција со автоматски пушки на улицата кај шо е главната викенд шема, мене не ми се свиѓа баш, да ти кажам право.

Тоа што ми се свиѓа, е што имаа некакви "nation building" преку "neighbourhood building" активности. Нешто, као секој викенд се собираат "маалски", регионално, по нивно, и се дружат. Концерти, спортски активности, маалски пазари, и слично.
Во Полска не сум бил, ама сум бил во Англија, и пошто си живеела во Англија можеш да ги споредиш тие болдираните делови. Разлика, небо и земја, нели?

Е сега, се ова погоре напишаново е базирано на кратки, едномесечни, туристички искуства во споменатите дестинации. Ти сигурно можеш подобро да ги објасниш разликите, пошто се имаш стретнато со двата система, имаш живеено на двете места.

Мене Англија, во споредба со Канада, ми остави впечаток на она што американците го викаат "free country". Шо сакаш прај, никој кур не го боли, а ако прекршиш некој закон, има кој да се замара со тоа. Е сега, пак ќе речам, друго е туристички, друго е кога живееш и работиш таму.
Баш ме интересира како ти ги доживеа, каква разлика ти прават, како ги гледаш овие разлики?
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011

Живеам во Торонто.

Алкохолот почнува да биде малку порелаксиран, сега можеш да купиш во поголеми маркети ако имаат лиценца. Не можам да речам дека не ме нервира особено што бев научена во Македонија да купам вино во трафика, ама не можам да кажам дека ми е толку битно во животот за да не се преселам некаде. Инаку истото се случува во Шведска, кога бев таму на одмор бев зачудена а ми кажуваат на времето дека имале тефтерчиња за кој колку алкохол смее да купи месечно :)
За тоа дека не е дозволено на улица да пиеш мсилам дека тоа е нормално, никој не сака да преземе одговорност ако ти си пијан и одиш да се тепаш, или решиш да возиш итн. Можам да кажам дека ние кога се собираме во парк во лето и пиеме, често има полиција што поминува ама никогаш не ни прават проблеми, се релаксирани и нема да ти прават проблем освен ако ти не правиш проблем во кој случај се тука да ги заштитат другите граѓани.
За разлика на пример, во Полска кај што имаат проблем со алкохоличари и алкохол се продава на секој чекор, можеш да видиш пијаници што пијат од 6 сабајле во парк, се дерат, закачаат луѓе што поминуваат итн. Да не почнам да зборам за сите тие што имаат влезено во кола и возат под дејство на алкохол, убиваат луѓе и умираат.

Стварно не знам кај те имаат однесено кај што смрди на трева цело време. Фала Богу си пушат, особено сега кога е легално е многу порелаксирано ама не би рекла дека сум наишла на место кај што е така цело време. А стварно не знам кај има полиција што шета со пушки на улица o_O Има полиција или обезбедување на големи настани, ама не со пушки.....

За жал имаат проблем со бездомници кои се најчесто зависници и колку и да им нудиш храна, секогаш бараат пари.

Не знам зашо ми се испрати мислењево, пишувам продолжеток
Автоматски споено мислење:

Нема да седам тука и да тврдам дека Канада е идеална држава, многу лошо ги имаат третирано нативните луѓе, до ден денес има лош однос преа нив, расиза и дискриинација. Им имаат украдено многу земја, им ги краделе децата и многу други глупости.
Едноставно ја прферирам Канада поради работи кои ги набројав во претходните постови и мене лично повеќе ми одговара. Нема тоа да е случај со сите, секој си има свој поглед на овие работи, многу луѓе не сакаат да се далеку од европа итн.

Тоа дека се дружат и си помагаат е точно, секогаш нешто се дешава, некој организира нешто, има многу фестивали, луѓе сакаат да кампуваат, патуваат. Многу ми се допаѓа што се пријателска нација.

За болдираното, пак ќе кажам дека не ми е толку битно. Што ако можеш да купиш алкокол во секоја продавица или да пиеш на улица (иако не верувам дека ова е легално,може не е регулирано) кога имаш многу други општествени проблеми.
Англија е многу помала држава на пример ама ми се чини дека има повеќе расизам, дискриминација на база на националност. Јас имам искусено национализам таму, за разлика во Канада кај што сите се емигранти и највеќе се заинтересирани какво јадење и пиење има твојата држава. Секој ќе ти каже дека знае некој од Македонија.
Колку глупости се дешаваа кога донесоа одлука да излезат од унија. Да не спомнам дека ИЗЛЕГОА ОД ЕУ... :несвест: Тоа допрва ќе им поебе се, од рестрикции за патување, поскапување на многу продукти, проблеми со работа итн.
Освен тоа, како што спомнав, Англија е малечка држава. Јас сакам еден ден да живеам во куќа која има неколку спални да речеме, двор. Во англија не е баш можно пошто е ненормално скапо. Се им е скапо додуша, помали можности за работа ....

За тоа дека англија е "free country" ... Не знам каква мислиш дека е Канада.. Ако прекршиш закон мислиш дека ниој не се замара? Не разбирам.
Според мене, ако е тоа што мислиш, за мене Канада е порелаксирана држава и полицијата е исто порелаксирана. Не се таму да сеат страв туку да му служат на народот. Ако направиш грешка, не е крај на свет и ќе те пуштат со предупредување. Ако имаш некаква казна поврзана со возење, можеш да одиш да се бориш во суд и најчесто им попуштаат и не им бараат да им ја платат цела сума. Менталитетот не им е дека си криминалец и они само треба да те фатат на дело, тука претпоставуваат дека си добар човек и сакаат да ја разберат ситуацијата.
Не можев да се начудам дека гласање им трае 1 недела пошто јас сум навикната на полнење гласачки кутии, пукање, убиства, корупција, непотизам....и се тоа кога се гласања во прашање. Кога им кажав на другари и другарки, не им беше јасно зошто некој би полнел гласачки кутии и ме гледаа ко да сум од Марс.

Со емиграција се исто порелаксирани, знаат дека има луѓе што се таму нелегално ама не ги ловат. На пример имамат центри за бесплатно тестирање на сексуално преносливи болести, за трудни жени без документи и ао ти треба помош како жена. Знаат дека овие луѓе постијат и делуваат во нивна корист, ги третираат како луѓе а не како непријатели. Фала богу дека ако прекршиш закон додека си нелегално таму ќе те депортираат, ама тоа е нормално во секоја држава.

Мене ми се допаѓа дека прифаќаат бегалци без проблем. Да, некогаш нервира дека они имаат подобри бенифити, ама секогаш ми текнува на војната во Македонија кога моето семејство беше спакувано и премно да бега колку добро би ни се нашла држава која би не прифатила и би ни пружила можности и би ни помогнала....

Пак ќе кажам, секој со своите плусеви и минуси. Јас ја сакам Канада и таму се осеќам највеќе како дома. Ми е жал што мајка ми не е со мене пошто ми фали многу, ама знам дека среќата ми е таму.
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
1. Да, програмата се вика International Experience Canada. https://www.canada.ca/en/immigration-refugees-citizenship/services/work-canada/iec.html
Во зависност од каде си, ти даваат отворена работна виза за 1 или 2 години и можеш да работиш што сакаш. Можеш да најдеш работа пред да дојдеш или откако ќе дојдеш. Не ги интересира што, идејата е да добиеш искуство и да прошеташ да ја видиш Канада.
Патем, програмата со која си заминала ти, неможат да ја искористат тие со Македонски или Бугарски пасош.
Претпоставувам дека си заминала благодарејки на Полскиот пасош?
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Мојот впечаток за Канада, е дека е многу контролирано општество.
Незнам дали е исто во сите области, ама рестрикција на алкохол, продажба само во овластени продавници, претпоставувам дека се државни, забрана за пиење на алколхол на јавни места, а во исто време цел град смрди на трава, бездомници на секој чекор, и полиција со автоматски пушки на улицата кај шо е главната викенд шема, мене не ми се свиѓа баш, да ти кажам право.
Не е така. Далеку од некое контролирано општество. Инаку сега може алкохол да се купи и во "Walmart" и во други продавници. А не гледам што е проблем. Знам некои македонски цркви продаваа Скопско на пример (неколку, не цели гајби - им требаа за забави/свадби и слично :icon_lol: ). Сега не знам дали уште прават такви работи. А полицијата дека со пушки шета, па не. Во Канада полицијата ти е генерално добра, учтива и коректна (имам Канаѓани пријатели на кои им смета кога полицајците добиваат бесплатни оброци по некои места, дали МекДоналдс, Бургер Кинг, Харвис, или некои мали локални места :icon_lol:). Јас сум видел на улица еден полицаец вртеше кругови и одеше по една жена и и ја носеше ташната. Таа, издрогирана муфљуз направена, плаче, се расправа сама со себе и врти кругови, а овој полицаецов по неа оди и и ја носи ташната плус. Едно 8 круга направија околу, а мене грев ме фати за полицаецот искрено.
Она што не го сакам во Канада, освен глупавото ладно време, се забарите и начинот на кој повеќе места сакаат да ќарат од тебе. Ама океј, во Македонија може тоа без проблем да се направи.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Споредено со стандардот и тука дерат некои.
Автоматски споено мислење:

Патем, програмата со која си заминала ти, неможат да ја искористат тие со Македонски или Бугарски.
Претпоставувам дека си заминала благодарејки на Полскиот пасош?
Express Entry барај за од тука.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Express Entry барај за од тука.
Тешко иде таа работа. Не даваат Канаѓаните работна виза лесно како Германија, башка и ја не сум нешто високо квалификуван. Имам БГ пасош па ќе си ја барам среќата негде низ ЕУ, иначе да можев Канада би ми била No1 pick.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
@Magde.
Така е, секој со своите плусеви и минуси, на кого до што му дошло, има луѓе Мексико и Бразил, не ги мењаат за ништо. На крајот на краиштата, не е битно каде, туку како.

Секоја споредба е субјективна, те прашав пошто си живеела на двете места, ме интересираше колку ќе се поклопи со мојата.
Дури и за скапотијата имаме различни впечатоци. Мене цените ми се видоа тука некаде со Англија. А и тоа нивните цени, без данок, знаат да излажат.

@aletem
Џандарите, на аеродром беа со автомати, и кога стасав, и кога си одев.
На улицата кај шо им е целата шема, мислам дека беше Сабота, дојдоа, паркираа 2 коли попреку, и си стоеа таму со панцири и со автомати.
На двете места потполно непотребно, според мој субјективен впечаток, освен за покажување сила, а можеби мене така ми се погодило, баш тогаш да имаат некоја причина.
Е сега, судејки според вашиве коментари (твојот и на Магдето), изгледа канаѓаните си ги гледаат како "user friendly". Перцепција, јбг.

Тоа со алкохолот, мене ми нема никаква логика, да беше кај нас, прво што ќе помислев е дека некој прави пари од тоа, дека има некаква скриена приказна зад таа рестриктивна, монополистичка политика.
Кај нив незнам што е причината, и не дека сум некој голем пијач, ама ми сметаше и кај нас Грујо кога воведе ограничувања, би ми сметало и таму.
 
Да не си бил кога имало терористички напади или закани, па биле наоружани до заби?
Автоматски споено мислење:

Тешко иде таа работа. Не даваат Канаѓаните работна виза лесно како Германија, башка и ја не сум нешто високо квалификуван. Имам БГ пасош па ќе си ја барам среќата негде низ ЕУ, иначе да можев Канада би ми била No1 pick.
Без скилови секаде работата се сведува на мекдоналдс, бургер кинг, шофер на некое комбе, пумпаш на бензиска и сл.
Со скилови и во Европа ќе имаш подобра работа и повеќе пари + пожелно да го зборуваш нивниот јазик.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
Мојот впечаток за Канада, е дека е многу контролирано општество.
Незнам дали е исто во сите области, ама рестрикција на алкохол, продажба само во овластени продавници, претпоставувам дека се државни, забрана за пиење на алколхол на јавни места, а во исто време цел град смрди на трава, бездомници на секој чекор, и полиција со автоматски пушки на улицата кај шо е главната викенд шема, мене не ми се свиѓа баш, да ти кажам право.
Новиот свет е различен од европа пред се во тоа што е доста распростран и со тоа самите градови им се површински многу поголеми. Си бил во Канада, па ти е јасно што зборам за оние што не биле пример, Берлин е 883км2 а Торонто 7,142км2 или скоро 9 пати поголем површински иако има само милјон жители повеќе од Берлин... Секој живее во куќа секој ВОЗИ. Рестрикциите за алкохол ти се БАШ ради тоа. Значи овде многу се внимава на road toll она што во мкд го викате војна на улиците. Се вози, се гине... Статистички најлошо поминуваат тие под 25 год затоа и осигурање за кола е поскапо за нив. Пијат, се дрогираат возат... Незнам статистики за Канада али за АУС можам да кажам дека за некој 20тина проценти се намали смртноста одкако се воведе постриктно работно време и поголеми рестрикции. Ако продавниците се лиценцирани и тоа им е едина или главна дејност, многу помали се шансите да продаваат алкохол на малолетници или било како да го кршат законот. Некој пиша во МКД од трафика вино се купува, епа на тој у трафика гајле му е, и да го казнат и да му забранат вино да продава изгубил 2% од бизнисот а овој практично го затвараш. Пробувам да ти ја објаснам логиката зашто е тоа така, ваљда сфати.

Друга работа, ова сега од страна ти изгледа како ваууу полициска држава рестрикции итн... Кога ќе се преселиш за брзо време ќе се уходаш и ќе попиеш некој од добрите „навики“ на локалното население плус нема да ти е проблем со твојот нов стандард на живеење. Прво овде речиси секој има 2 фрижидера, нормална работа е да имаш втор у гаража. Второ секој е добро снабден со алкохол нема она еј гости ме изненадија кај да најдам итн... И да не пиеш бог знае колку не е проблем да имаш у секое време што ти душа сака. Не го гледам како проблем тоа што продавниците имале скратено работно време. Трето и навиките ќе ти се сменат со време и со фактот дека си во поголем град... ОК, сфаќам пиење во паркче или на камп ама тоа ќе биде исклучок.... Ако работиш таму нема да ти е проблем да си пиеш ко секој нормален у клуб, дискотека, стриптиз бар, казино.... Ако си во поголем град ко Торонто, Монтреал или Ванкувер имаш што ти душа сака, нема потреба да пиеш пред коперација или во парк во центар. Имаш пари ќе можеш да си дозволиш. Сакам да ти кажам дека тоа се ситници кога си веќе локален, како турист и ако си плус на буџет тогаш да може да фрустрира, јас последен пат кога бев во Ванкувер на пример пивото го плаќав скоро секаде некој 5 долари што за мене беше ефтино (овде ми е 15) али за некој од МКД тоа би било скапо.

Тоа што си видел полиција со аутоматско оружје во Канада е дел од поновата реалност. За жал светот секаде отиде у курац во последно време и тоа секаде полека ќе се менува. Канада има голем проблем со тоа што граничи со лудите амери што си сакаат и имаат оружје и во голема мера си го носат со нив и у Канада. Голем проблем на Канада е тоа што само делумно е легализирана тревата во УСА па често имаш амери што идат на „амстердам“ викенди во Канада, што шверуваат после трава назад и што ти не. Огромен дел од бизнисот со трева во Канада го држат јенките и со нив иде и проблемот. Мислам дека и кога си шетал те шетале по такви места, мада да и јас сум приметил дека Торонто многу повеќе смрди на трева него било каде...За разлика од Амстердам каде сите сакаат да седат и пушат во Торонто се пуши надвор и тоа е тоа.
Автоматски споено мислење:

Тешко иде таа работа. Не даваат Канаѓаните работна виза лесно како Германија, башка и ја не сум нешто високо квалификуван. Имам БГ пасош па ќе си ја барам среќата негде низ ЕУ, иначе да можев Канада би ми била No1 pick.
Па учи занает... 100 пати полесно ќе се снајдеш како водоводџија или електричар со оглед на тоа колку дефицитни струки стануваат секаде. Со БГ пасош можеш да отидеш во Канада, таму побарај поголема фирма и волентирај 2-3 дена колку да те видат дека знаеш што правиш и после е лесно.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
@Lester Freamon ти беше со градежен мислам дека некаде спомна. Што процедура треба за да ја прегледаат и признаат дипломата од Мк? Имам бачелорс на феит и мастерс на угд за електро. А и прочитав дека треба скилл ассестмент ако искуството ми е надвор од Канада. Треба да контактирам некоја агенција за ова и да им пратам портфолио или треба таму да ме тестираат колку си ја знам професијата? ИЕЛС неам ама пошто работам со англиски веќе 3 години не му се плашам.
Иначе имам 4 години искуство во мк и плус безмалку 3 години искуство во холандија за автоматизација и роботика.

Иначе @kekoman1234 не е финтата да излезиш од македонија само за да излезиш. Поентата е да заминиш некаде каде најмногу би ти одговарало. Јас сум холандија скоро 3 години ама ич не ме бендисува.
1. Холанѓаниве се беземпатични створења шо мора да се вмешаат во се, да исправаат криви дрини. Во глобала отворено расисти спрема сите дојденци
2. Јазикот им е небаре рка некој и е еден од најтешките јазици да се совлада. Порано според кажувањата на сите не се барал толку многу за работа, ама сега да. Дури и во ИТ индустријата еден од условите е јазикот, не го бараат официјално да го знаеш ама им е супер алатка да ти го прекинат договорот ако ги бендисува твојата работа.
3. Минијатурни недвижнини со ненормални цени.
Самата култура на општеството тебе те карактеризира како емигрант тука и колку и да се трудиш да се вклопиш со јазик и карактер ти си сепак дојденец кој според нив некогаш ќе си заминиш од таму. Тоа е за Холандија.
Во Канада не сум бил, најблиску сум бил до Америка кога работев како келнер за време на студиите пред 8-9 години. Од тоа што видов таму тогаш не ме бендиса, ама од оваа гледна точка радо би се сменил од тука за таму.

Фала @Magde. за исцрпниве одговори. По пишувањево излгеда како Канада да е стварно добро место за живеење. Не му се плашам на зимите и снегот, баш напротив ќе барам некое место што има скијачки центар во близина :icon_lol:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Патем, програмата со која си заминала ти, неможат да ја искористат тие со Македонски или Бугарски пасош.
Претпоставувам дека си заминала благодарејки на Полскиот пасош?
Да, заминав и ми беше полесно да добијам документи поради тоа што имам полски пасош.
Не сум сигурна кои држави имаат договор со Канада за програмата, ама знам дека често се менуваат како и правилата. Ако некој сака да емигрира за Канада најубаво е да си пробуричка низ страните, да види кои му се опциите, што нудат и какви барања имаат. Секој е различен случај, има различно образование, можности и способности итн. Има многу форуми на оваа тема така да ви препорачувам да си проучите кои се вашите лични опции.
Автоматски споено мислење:

Знам некои македонски цркви продаваа Скопско на пример
Каде!??! :place::place::place::place:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
@Lester Freamon ти беше со градежен мислам дека некаде спомна. Што процедура треба за да ја прегледаат и признаат дипломата од Мк? Имам бачелорс на феит и мастерс на угд за електро. А и прочитав дека треба скилл ассестмент ако искуството ми е надвор од Канада. Треба да контактирам некоја агенција за ова и да им пратам портфолио или треба таму да ме тестираат колку си ја знам професијата? ИЕЛС неам ама пошто работам со англиски веќе 3 години не му се плашам.
Иначе имам 4 години искуство во мк и плус безмалку 3 години искуство во холандија за автоматизација и роботика.

Иначе @kekoman1234 не е финтата да излезиш од македонија само за да излезиш. Поентата е да заминиш некаде каде најмногу би ти одговарало. Јас сум холандија скоро 3 години ама ич не ме бендисува.
1. Холанѓаниве се беземпатични створења шо мора да се вмешаат во се, да исправаат криви дрини. Во глобала отворено расисти спрема сите дојденци
2. Јазикот им е небаре рка некој и е еден од најтешките јазици да се совлада. Порано според кажувањата на сите не се барал толку многу за работа, ама сега да. Дури и во ИТ индустријата еден од условите е јазикот, не го бараат официјално да го знаеш ама им е супер алатка да ти го прекинат договорот ако ги бендисува твојата работа.
3. Минијатурни недвижнини со ненормални цени.
Самата култура на општеството тебе те карактеризира како емигрант тука и колку и да се трудиш да се вклопиш со јазик и карактер ти си сепак дојденец кој според нив некогаш ќе си заминиш од таму. Тоа е за Холандија.
Во Канада не сум бил, најблиску сум бил до Америка кога работев како келнер за време на студиите пред 8-9 години. Од тоа што видов таму тогаш не ме бендиса, ама од оваа гледна точка радо би се сменил од тука за таму.

Фала @Magde. за исцрпниве одговори. По пишувањево излгеда како Канада да е стварно добро место за живеење. Не му се плашам на зимите и снегот, баш напротив ќе барам некое место што има скијачки центар во близина :icon_lol:
Види на страната кои документи ќе ти требаат: преводи на дипломи, уверенија, студиска програма, потврди од работодавци, препораки, cv, извод од Авму, пријави и одјави од Авму, договори од работодавците...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
@Magde.
Така е, секој со своите плусеви и минуси, на кого до што му дошло, има луѓе Мексико и Бразил, не ги мењаат за ништо. На крајот на краиштата, не е битно каде, туку како.

Секоја споредба е субјективна, те прашав пошто си живеела на двете места, ме интересираше колку ќе се поклопи со мојата.
Дури и за скапотијата имаме различни впечатоци. Мене цените ми се видоа тука некаде со Англија. А и тоа нивните цени, без данок, знаат да излажат.

@aletem
Џандарите, на аеродром беа со автомати, и кога стасав, и кога си одев.
На улицата кај шо им е целата шема, мислам дека беше Сабота, дојдоа, паркираа 2 коли попреку, и си стоеа таму со панцири и со автомати.
На двете места потполно непотребно, според мој субјективен впечаток, освен за покажување сила, а можеби мене така ми се погодило, баш тогаш да имаат некоја причина.
Е сега, судејки според вашиве коментари (твојот и на Магдето), изгледа канаѓаните си ги гледаат како "user friendly". Перцепција, јбг.

Тоа со алкохолот, мене ми нема никаква логика, да беше кај нас, прво што ќе помислев е дека некој прави пари од тоа, дека има некаква скриена приказна зад таа рестриктивна, монополистичка политика.
Кај нив незнам што е причината, и не дека сум некој голем пијач, ама ми сметаше и кај нас Грујо кога воведе ограничувања, би ми сметало и таму.
Работев на аеродром Торонто Пеарсон од Октомври до Април (корона затвори граници и останавме без работа) и во сите тие месеци само еднаш видов полиција со пушки. Еднаш. Ако ги имаш гледано сериине за border security би се зачудил зашто не се таму 24/7. Ако го имаш поминато тренингот што го поминавме ние, ќе разбереш зошто е потребна вооружена полиција таму.
Ко да немаме чуено за терористи или за обиди за шверцување на дрога и оружје...

Алкохолот е регулиран од владата на Онтарио, ако работиш за LCBO (не сум 100% сигурна за beer and wine store) се смета тоа за владина работа.
Не ми е ова омилено нешто, би сакала да биде подостапен ама пак ќе кажам дека ако правам листа =за и против= ова не би ми било земено во предвид воопшто
Автоматски споено мислење:

@Lester Freamon ти беше со градежен мислам дека некаде спомна. Што процедура треба за да ја прегледаат и признаат дипломата од Мк? Имам бачелорс на феит и мастерс на угд за електро. А и прочитав дека треба скилл ассестмент ако искуството ми е надвор од Канада. Треба да контактирам некоја агенција за ова и да им пратам портфолио или треба таму да ме тестираат колку си ја знам професијата? ИЕЛС неам ама пошто работам со англиски веќе 3 години не му се плашам.
Иначе имам 4 години искуство во мк и плус безмалку 3 години искуство во холандија за автоматизација и роботика.
Не ме праша мене ама еве ти некои информации.

Овде имаш повеќе инфо за како да си ги акредитираш дипломите

Ама ќе те посоветувам нешто друго прво/
Отвори indeed.ca и барај работа таму. Аплицирај за се што е во твојата струка, напрај си алано резиме (би те советувала да најдеш некој што помага при резимеа пошто во Канада им се многу фенси) и праќај кај ќе стигнеш. Многу фирми не ги интересираат твоите дипломи туку искуството, ќе ти направат нивни тестови. Многу фирми бараат дипломи ОТКАКО ќе се заинтересираат за тебе и им треба заради документација. Многу фирми спонзорираат ако им требаш и си квалитетен работник, често имам видено како опција дека прашуваат дали ти треба спонзорство и ќе ти помогнат, дури некои плаќаат за релокација. Или пак одма пишуваат дека не спонзорираат и им треба некој што е веќе овластен да работи таму. Ама барем знаеш одма.

Напрај си профил на linkedin, напрај асално ресиме и таму и многу често таму имам слушано дека компании ловат луѓе и ги регрутираат во нивните фирми.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
@aletem
Џандарите, на аеродром беа со автомати, и кога стасав, и кога си одев.
На улицата кај шо им е целата шема, мислам дека беше Сабота, дојдоа, паркираа 2 коли попреку, и си стоеа таму со панцири и со автомати.
На двете места потполно непотребно, според мој субјективен впечаток, освен за покажување сила, а можеби мене така ми се погодило, баш тогаш да имаат некоја причина.
Е сега, судејки според вашиве коментари (твојот и на Магдето), изгледа канаѓаните си ги гледаат како "user friendly". Перцепција, јбг.

Тоа со алкохолот, мене ми нема никаква логика, да беше кај нас, прво што ќе помислев е дека некој прави пари од тоа, дека има некаква скриена приказна зад таа рестриктивна, монополистичка политика.
Кај нив незнам што е причината, и не дека сум некој голем пијач, ама ми сметаше и кај нас Грујо кога воведе ограничувања, би ми сметало и таму.
Ех, и на европскиве аеродроми сум видел такво нешто (не во Копенхаген, ама имам видено во Париз на пример). Ама не секогаш ги има на аеродромот (или јас не ги приметувам можеби, не знам).
А за на улица, тоа и ме чуди. Морало да има нешто во непосредна близина за да се носат автомати. Така за курч нема.

И во Скопје ги затвораат штандовите во Тинекс, Рамстор и слично после 8?? за алкохол. Да, може е безвезе што не ти е до двор буквално за да си купиш и да е било која продавница, ама па реално колку би ти требало да купуваш алкохол во една недела? Секој ден? Разбирам за општите ограничувања, ама ништо страшно.

Света Недела :icon_lol:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Одлична работа е тоа што не можеш од секаде да купиш алкохол, мене ми се допаѓа таа мерка, јас би го ставил тоа во плусеви. И голема грешка е кај нас што го сменија законот кога дојдоа овие на власт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom