Емиграција во Канада

Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Значи вака:

Сакаме цела фамилија да емигрираме во Канада. Најдовме некој човек што ја врши таа постапка за емиграција во Канада. Е сега гледам по интернет дека кружи вест дека имало многу преваранти. Па би ве замолил за совет што да правам.
Ние првин сакавме да му ги дадеме парите откако ќе ја заврши работата и откако ќе добиеме визи. Но тој ги бара унапред. Но мене тоа ми изгледа ризично. Бара по 2.000 евра од човек. Значи 8.000 евра за 4-ца. Ни рече дека виза би добила за 6 до 12 месеци најкасно. Може ли да се добие некоја гаранција од него дека ова ќе се среди? Тој дал гаранција само на збор.

Некој со вакво искуство или да ми дадете совет то да правам? :confused:
Не давај никакви пари на посредници.
Да ги преведеш сите документи би те коштало околу 700евра а може и помалце.
Единствен проблем на кој сега јас налетувам е нострификацијата на дипломата. :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.088
Поени од реакции
3.623
А го знае некој човекот?
Постар, со бела коса.

Тука видов дека некој напиша од 12 до 18 месеци се давало виза. А тој ни кажа дека сега по најново за 6 до 12 месеци ги давале.
А какви документи треба да ми покаже за да ме увери дека е официјален посредник?
Од амбасада им даваат нешто?
Ако е деклариран посредник значи треба и документ да има таков, нели?
 
Член од
3 септември 2014
Мислења
28
Поени од реакции
13
Мене ме заклаа така за австралија , ни ги земаа парите и чао.... Мене и на уште 2000 луѓе по 500 евра и човекот си избега од богданци беше моронот со канцеларии кај хрватска Амбасада... И правец јужна африка... Сега да дознаам дека е тука ... Ке му се одмиле животот.
ПАРИ УНАПРЕД НИКОГАШ

iPad Air
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
478
Поени од реакции
492
[DOUBLEPOST=1413941708][/DOUBLEPOST]
А го знае некој човекот?
Постар, со бела коса.

Тука видов дека некој напиша од 12 до 18 месеци се давало виза. А тој ни кажа дека сега по најново за 6 до 12 месеци ги давале.
А какви документи треба да ми покаже за да ме увери дека е официјален посредник?
Од амбасада им даваат нешто?
Ако е деклариран посредник значи треба и документ да има таков, нели?
Toj izmamnikot tebe izgleda ti go ispral ubavo mozokot, site ti vikame da begas I ne davas odnapred pari a ti pak uporno.

Otidi na web sajtot http://www.iccrc-crcic.ca/home.cfm?setLanCookie=En

I stavi go negovoto prezime I lokacija I ako ne najdes nekoj so toa prezime znaci ne e registriran posrednik.

I bas me interesira sto mu e planot i za koj vid na viza ke aplicira za dobies viza za 6 meseci, koja ti e strukata, znaes deka samo odredeni struki mozat da emigriraat I treba da imas odlicen anglsiki ili francuski jazik
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
6
Поени од реакции
3
Тука видов дека некој напиша од 12 до 18 месеци се давало виза. А тој ни кажа дека сега по најново за 6 до 12 месеци ги давале.
По најново Канада е кнап со апликации за виза така што некои од нив имаат лимит од 200 апликации по професија. Значи тоа побрзо дека ги давале од обично не е точно.
Друга работа, ја сум моментално во Канада со студентска виза. Апликацијата ја направив сама, сама ги собрав документите и аплицирав онлајн. Ако имаш проблем со аплицирањето можеш да платиш и да ја пополнуваш документацијата со помош на вработените во Canada Visa Office во Скопје. Мада не би се потпирала на нив многу зашто и тие малку се изгубени.
Најдобра работа ти е да читаш на официјалниот сајт од Канада, cic.gc.ca и да читаш искуства на canadavisa.com форумот. Имаше и некој македонски форум за имигрирање во Канада мада мислам дека не е активен.
Наместо да ги дадеш тие 8.000 евра на некој рандом човек, чувај ги. Колку поголема сума на пари покажеш кај виза офицерот толку подобри шанси имаш. Ако имаш роднини во Канада уште подобро.
 
Кумот ми е таму. Уште од кога ме крстел си отишол таму. Не го ни знам кај е што е итн. Се поголема е веројатноста да се откажам. :(:confused:
Англиски 70% знам. Француски само "Добар ден" да кажам знам.
На посреднициве не им верувам. Нема да фрлам пари по нив. Ти викаш дека пренатрупано е со апликации за виза. Ќе видам од амбасада кои документи ќе ми ги бараат, како иде постапката, колку е можноста за да добијам виза итн.
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
6
Поени од реакции
3
Амбасада нема во Македонија има само Виза Офис и тие ги препраќаат документите до Виена. Можеш да се распрашаш кај нив слободно, меѓутоа колкави се шансите да добиеш виза никој не може да ти каже. Се зависи на која нога е станат виза офицерот.
Сега не знам на кое ниво англиски си, меѓутоа не ти требаат двата јазика, доволно е само еден.
Како и да е, ако можеш некако контактирај го кумот, ако попримил нешто од канаѓаниве би требало да ти помогне. Од тоа што го читав најважно им е да покажеш пари односно дека нема да бидеш на питачки стап кога ќе стигнеш у Канада. Ако немаш доволно пари барем да има кој да гарантира за тебе. Ако ги немаш и двете тешко веројатно е да добиеш виза.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Ако имаш познаници таму зар не можат да ве повлечат. Имам комшии кој одамна се заминати во Канада и колку што разбрав од нив во Канада било најлесно да заминеш ако имаш познаник и ако он гарантира за вас, така они ги повлекоа роднините , веќе неколку години се таму и они.
 
Е тоа е главниот проблем кај мене. Дали ќе сака некој да гарантира за да одам таму. Кумот го немам видено од кога ме крстел. А ме крстел на 1 годинка. На ФБ не можам да го најдам. Контакт никаков немаме. Така да, ќе си емигрирам во Канада, никад.
Овој посредникот што е, вика дека од 1 Јануари се менувале законите за иселеничка виза. Точно е тоа?
И ако се сменат, јас кога ќе ги подадам документите којзнае и дали и кога ќе ги видат.
Он ја форсира работата што побрзо да уплатиме. o_O
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
190
Поени од реакции
278
Знaчи кoлку пaти ти нaпишaa декa пoсредник не ти е никaквa гaрaнцијa зa визa? Те чешaaт излеa тебе пaрите вo џебoт.
Еве ти кoј е единствен вo држaвaвa нaшa релевaнтен и oвлaстен oд кaнaдскaтa влaдa дa ти пoмoгне oкoлу aплицирaње зa кaнaдскa визa,нo не и гaрaнцијa декa ќе јa дoбиеш.
http://www.vfsglobal.ca/canada/macedonia/index.html

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
6
Поени од реакции
3
Овој посредникот што е, вика дека од 1 Јануари се менувале законите за иселеничка виза. Точно е тоа?
И ако се сменат, јас кога ќе ги подадам документите којзнае и дали и кога ќе ги видат.
Он ја форсира работата што побрзо да уплатиме. o_O
Нон стоп ги менуваат законите за визи. Ја кога аплицирав ги менуваа законите за студентска виза. Ако ти аплицираш пред 1 јануар, секако дека ќе ти ја разгледаат апликацијата. Тие што аплицираат после 1ви ги фаќаат новите закони.
А овој те брза за да ти ги земе парите. 8.000 евра не се воопшто мала пара, мене ми бараа 11.000 евра за ЦЕЛА година во Канада. Овој што ќе прави за 8.000 евра не знам....
 
M

Moon Child

Гостин
И јас размислувам во последно да му ја литнеме за Канада, или некаде каде што не е толку населено, па полесно даваат иселенички визи.
Е сега кај мене е проблемот тоа што јас сум од Македонија, а сопругот мој од БИХ, моите документи уште не се заведени со новото презиме и мене не ми е јасно ако на пример, ние сакаме да заминеме заедно, можам ли јас со МК пасош, а тој со БИХ, како брачен пар а различни државјанства? :confused: Ако воопшто игра некаква улога тоа, мислам.
Немаме никој таму. И еве нека не биде таму, би отишле било каде да живееме каде што полесно се даваат визи и каде што има работа, би работеле било што.
Малку оф топик, каква е состојбата со Исланд на пример, знам дека на времето лесно се добивало таму документи, само да сакаш да останеш.
 
Toa sto vo tvoite dokumenti ne ti e smeneto prezimeto a soprugot ne e od MK ne e nikakov problem vo pogled na aplikacija za Canada ili bilo koja druga zemja. Pogolem problem moze da bide poznavanjeto na jazik I vo slucaj na CA toa e angliski I franscuski I dali imate struka koja se bara momentalno vo Canada.

Vo vrska so Island mislam deka toa vreme pomina pred mnogu godini. No mozes da dobies informacija tuka http://www.mcc.is/media/frettir/Fyrstu-skrefin-prufa/FS/non_EEA&EFTA_IS_EN_web.pdf
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
478
Поени од реакции
492
Ova e isecok od novina vo koj dosta realno se opisuva apliciranje za Canada.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пишува Виктор Трифуновски

ВНИМАВАЈТЕ! Работата во Канада за која пишуваат порталите толку често, подразбира иселеничка виза која е за наши стандарди скапа, и НЕ се добива за кратко време. Канада е земја неколку пати поголема од Европа, а има 30-тина милиони жители. До 2030 година имаат намера да достигнат до 40 милиони. Значи навистина земјата има намера да даде државјанство на милиони луѓе од целиот свет.
МЕЃУТОА, постои ригорозна селекција која подразбира дека и покрај сите трошоци, има огромни шанси да бидете одбиени, а парите да НЕ ви бидат вратени. Досега имаат аплицирано над 22 милиони кинези и приближно толку индијци. Кога не би постоела ригорозна селекција, канадската имигрантска квота одамна би била исполнета. Бирократските процедури на Канада мора да бидат платени, без разлика дали ќе добиете позитивен или негативен одговор.
Постојат овластени имиграциони консултанти кои целата работа ја бркаат за вас, и наплатуваат од 6.000 до 10.000 американски долари. Во тие трошоци НЕ е вклучена авионската карта, ниту трошоците за првиот месец од вашиот предстој. Точно, инвестираната сума се враќа брзо доколку ја добиете фамозната I-M1 виза. Со таквата виза, кога ке стапнете на канадска територија, имате право на неограничен предстој и сите граѓански права и обврски како и останатите канадски граѓани, освен пасош и право на глас кои ги добивате по три години.
За да може целата процедура да започне, потребно е да полагате IELTS тест по англиски јазик на кој треба да постигнете задоволителен резултат. Одкако тоа ќе го направите, треба да покажете потврда за неосудуваност и податоци за брачниот статус. Предност имаат брачните парови со деца, и тоа особено оние со универзитетска диплома и минимум 5 години евидентиран работен стаж. Потоа се бара работен профил адекватен на вашите квалификации на канадскиот пазар на труд.
Одкако ќе бидат задоволени ваквите критериуми, дури тогаш можете да аплицирате и да се надевате на успех. Во спротивно, заборавете на целата идеа. Ја уплатувате целата сума однапред на имиграциониот консултант, кој можно е да ви наплати плус 300 до 500 долари само за еден час консултации преку СКАЈП. Во тој разговор ги добивате одприлика овие информации кои ги пишувам во овој текст.
Консултантот е вашиот линк со канадското биро за имиграција, кое пак е поделено по различни држави. Секоја сојузна држава во Канада има посебна имиграциона политика, посебни трошоци и бенефиции, посебен пазар на труд, итн. Најатрактивни и најбогати држави се Онтарио и Брит.Колумбија, додека најмногу шанси за успех имате во Алберта, Манитоба и Јукон. Сите тие имаат и посебни сајтови со многу информации околу имиграционата политика, од кои само дел би биле интересни за вас.
Консултантот е тој кој треба да ви ја понуди најдобрата и највозможна варијанта на аплицирање која би добила позитивен одговор.
Доколку се одлучите, јас би ви го препорачалMilorad Borotaкој живее во Ванкувер и работи како овластен канадски имиграционен консултант. Човекот е од овие простори и лесно можете да се разберете, а и не е многу скап. Доколку се одлучите за друг консултант, побарајте го неговиот регистрациски број под кој е регистриран во канадското имиграционо биро. Истиот број понатаму можете да го проверите на сајтот на канадското министерство за имиграција. Доколку консултантот нема таков број, има шанси да бидете измамени.
http://www.cic.gc.ca/…/inform…/representative/verify-rep.asp
Треба судски превод на сите ваши документи, дипломи, признанија и уверение за неосудуваност, заверени на нотар. Истите ги испраќате преку брза пошта на консултантот одкако ќе ја извршите уплатата. Целата процедура трае од 6 до 18 месеци. Доколку бидете одбиени имате право да аплицирате уште еднаш, со тоа што ќе треба да доплатите од 30 до 60% од претходно уплатената сума (зависи како ќе се договорите со консултантот).
Канада секоја година прима меѓу 150 и 190.000 имигранти, од кои скоро половина се во Манитоба и Алберта. За нашите луѓе далдисани по социјализам, посебно се интересни социјалните бенефиции, кои во Канада се огромни. Детскиот додаток во секоја држава е различен, и обично добивате од 400 до 700 долари месечно за секое дете. Статусот кој го добивате подразбира бесплатно здравство на цела територија на Канада, како и бесплатно школување за децата. Квебек е особено дарежлив на социјален план, каде добивате и додаток доколку издржувате старо лице во вашиот дом. Но, за во Квебек ќе треба да знаете и француски јазик за што се полагаат и посебни тестови.
Внимателно разберете се со вашиот консултант дали договорената услуга вклучува и барање работа. Постои опција консултантот за Вас да побара работа, но сето тоа може дополнително да ја пролонгира и искомплицира целата процедура. Опцијата за барање работа незначи дека работа ќе добиете пред да дојдете. Доколку ја побарате таквата опција, а консултантот не успее да ви најде работа, ќе добиете известување дека нема потреба од вашиот профил на пазарот на трудот. Таквото известување влегува во вашето досие, и поради тоа можете да бидете одбиени. Значи барањето работа од овде е меч со две острици и подразбира дополнителен ризик, а не сигурност.
Бидете внимателни, и многу среќа за оние кои ќе се обидат!
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
173
Поени од реакции
54
aaa cenzura znaci pravite? bravo bravo,.... mi go izbrisavte postot mnogu kanadsko-demokratski!!!
postot za toa kako reklamirate bezpari?
ok nazdravje...briste go i ova
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom