Елен скок: умешноста на македонските ѕидари

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Za mene najubavoto mesto vo Makedonija!!!



МOГОРЧЕ - Мостот Елен скок, изграден на Мала Река, наспроти селото Могорче, а шестотини метри од месноста Бошков Мост на регионалниот пат Гостивар - Дебар, со невообичаена градба, архитектура, материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот го плени вниманието на посетителите. Многумина специјално доаѓаат и се воодушевуваат на мостот Елен скок и на волшебната убавина на природата. Бистрите и пенливи води на Мала Река, која ја сочинуваат Тресонечка и Гарска Река, целосно го има исполнето коритото. Така ќе биде во наредните месеци додека се топи снегот на планините Бистра и Стогово.

„Пролетта порано ни дојде”, ни вели Ќазим Цапо, кој работи во единствениот рибник, изграден пред пет години во непосредна близина на мостот Елен скок. Сонцето пече, прошетката покрај реката е мошне пријатно, природата се буди. „Жал ми е што ќе го напуштам овој крај”, вели Енис, син на Ќазим Дацо, од Дебар, сопственик на рибникот. Рибникот го продаваме и се селиме во Њу Џерси, САД. Таму се наоѓаат нашите најблиски, брат ми, мајка ми, жена ми, децата.

Тука, од жителите на село Могорче, ја слушнавме и легендата за изградбата на мостот Елен скок, пренесувана од колено на колено од нивните предци. Мостот бил изграден пред 3- 4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство. Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба и архитектура.

http://www.utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=A95FBDF2F2AEFC418C8B02F301ADCC59
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Ја имам таа среќа и привилегија да имам лазоровско потекло и секој слободен момент го користам да тркнам натаму. Еден од поголемите ќефови ми е кога застанувам покрај Елен Скок и уживкам во рајот земјин.
 

Attachments

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Eda dobroo, lozorosko momale! I velish zastanuvash na Elen skok?! Slaba tochka mi e toa, duri sega sakam da pomuabetam so tebe! A shto mislish od arhitetonska gledna tochka? Kazhi neshto povekjke kako go dozhivuvash...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom