Елена и Костадин

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637


Приказна за две личности растени без родители, eдниот во дом, другиот со својата баба, и нивниот не многу разумен избор за правец во животот - тоа е темата на новата љубовна серија, со работен наслов „Елена и Костадин“, која почна да се снима вчера.

Режијата и сценариото се на Владо Младеновски, а продуценти се Виктор Грозданов и Сашо Богданоски.
- Елена и Костадин се млади луѓе преку кои се расветлуваат и се заплеткуваат настаните, случките и главните дејства во серијата. Во почетокот тие живеат одделни животи. Немаат никаква заедничка точка, освен, на некој начин, идентичните проблеми, финансии - вака накусо го објаснува сценариото режисерот Младеновски.

„Елена и Костадин“ ќе биде приказна снимена во три сезони. Секоја сезона е поделена од 22 до 24 епизоди, во времетраење од 35 до 40 минути. Секоја епизода, пак, има своја приказна и тек со која временски се поврзува со дејството од наредните епизоди.

- За да го објаснам минатото на главните ликови, наменски користам навраќање пред повеќе години, некогаш преку нив самите, како размислување, потсетување, а многу често и преку нивните стари познаници. Љубовната врска што ќе се роди меѓу главните ликови ја поставувам како главно дело, преку нивната пожртвуваност еден за друг, страсни љубовни сцени, многу потенцирана нежност, која главните ликови претходно не ја ни познавале. Покрај комичните и љубовните ситуации, низ серијалот поминуваат и многу експлицитни криминални сцени - вели Младеновски.

Тој додава дека во серијата не мешаат политика, туку дека станува збор за класична урбана, криминална и љубовна скопска приказна.
- На места монтажата е многу динамична, кадрирањата се брзи, но каде што има љубовни сцени меѓу Елена и Костадин, кадрирањето е бавно, со благи рамномерни движења на камерата. Кога се враќам во времињата од нивното детство користам избледена фотографија. Кадрите од градот, урбаните локации и самите дијалози се со назначена сина нијанса. На градилиштата и парковите назначена е жолтеникава нијанса - го објаснува снимањето режисерот Младеновски.

Во серијата ќе се појават околу триесет ликови, од сите профили на луѓе.
- Кај нас многу малку се снимаат серии, што не е практика и кај другите балкански земји. На пример, во Хрватска серии се снимаат со континуирано темпо. Оваа серија е една од малкуте што годинава се снимаат кај нас - додава Младеновски.

Серијата се снима на повеќе локации, во Загреб, Софија, а преостанатите ќе бидат снимани во Скопје.
На први октомври „Елена и Костадин“ ќе биде пуштена во телевизискиот етер.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71614153792&id=49&setIzdanie=23227
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
:cuc: :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Конечно производ со ,,сонценце,, без разлика што и да е,во време на странски сапуници ова од моја страна е добредојдено (y) ,па веќе параноичен станав од ТВ-то страв ми е да го вклучам:eek:
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
BIG LIKE за овој проект !
но.....
малце ми е страв да не заглави серијата на 5-та епизода* :unsure:
имаше и претходно онаа “Oд денес за утре“ - снимија некоку епизоди(16) и толку од серија и сезони и се‘ :oops:
Приказната на хартија може да изгледа супер а сосема поинаку на филмското платно затоа што нашиве глумци некако не го даваат максимумот (или мене така ми се чини :confused:) ,прават чудни фаци и имаат неприроден тон на гласот кога глумат - се приметува дека немаат искуство (n):(

Еве погледнете ја последната епизода (има некои добри делчиња ама мене ми е тапа :tapp: мое мислење):
________________________________________________________
* така иде зборот ;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
A soap opera, or simply a soap, is a serial drama, on television or radio, that features related story lines dealing with the lives of multiple characters.
Сега не само индиско-турско-колумбиско-хрватско-шпанско-американско-иштотизнамкакво ѓубре ќе имаме и наше.
мене ми се допаѓаа Македонски народни приказни - зошто такви не снимаат? Тие не се скапи продукции
Или да снимаат документарни серии. Тие можат и во странство да се продадат
А сапунски опери сите имаат
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
мене ми се допаѓаа Македонски народни приказни - зошто такви не снимаат? Тие не се скапи продукции
Снимени се Македонски народни приказни нови верзии т.е по ново сценарио, режија и глумци .

Се прикажуваат на Канал 5 и на Сител .
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
BIG LIKE за овој проект !
но.....
малце ми е страв да не заглави серијата на 5-та епизода* :unsure:
имаше и претходно онаа “Oд денес за утре“ - снимија некоку епизоди(16) и толку од серија и сезони и се‘ :oops:
Приказната на хартија може да изгледа супер а сосема поинаку на филмското платно затоа што нашиве глумци некако не го даваат максимумот (или мене така ми се чини :confused:) ,прават чудни фаци и имаат неприроден тон на гласот кога глумат - се приметува дека немаат искуство (n):(

Еве погледнете ја последната епизода (има некои добри делчиња ама мене ми е тапа :tapp: мое мислење):
________________________________________________________
* така иде зборот ;)
Театарски глумци тоа ти е максимумот што можат да го дадат не ни можат повеќе од тоа, едно е театарска глума друго е за на тв а сосема трето е за на платно.
Театарот освен помнење на текст не ни бара нешто многу, додека останативе две ите како треба да те бива.
Башка што и се останато им е очајно од монтажа до звук тоа е веќе сосема 15 проблем.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
На места монтажата е многу динамична, кадрирањата се брзи, но каде што има љубовни сцени меѓу Елена и Костадин, кадрирањето е бавно, со благи рамномерни движења на камерата. Кога се враќам во времињата од нивното детство користам избледена фотографија. Кадрите од градот, урбаните локации и самите дијалози се со назначена сина нијанса. На градилиштата и парковите назначена е жолтеникава нијанса - го објаснува снимањето режисерот Младеновски.
Кога режисер ќе се изрази на овој начин, се ми е јасно колку е способен и писмен. :(
Театарски глумци тоа ти е максимумот што можат да го дадат не ни можат повеќе од тоа, едно е театарска глума друго е за на тв а сосема трето е за на платно.
Театарот освен помнење на текст не ни бара нешто многу, додека останативе две ите како треба да те бива.
Башка што и се останато им е очајно од монтажа до звук тоа е веќе сосема 15 проблем.
За работата на глумците е одговорен режисерот. Нашиве глумци итекако знаат добро да одглумат на филм, само треба да играат добар лик и режисерот да го извади тоа од нив. За добар глумец нема голема разлика во изведбата дали игра на театар или пред камера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom