Електронско плаќање на персонален данок

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Сакам да платам данок онлајн. Акаунт на e-pdd.ujp.gov.mk имам. Успешно внесов податоци за приходот и ми стигна мејл дека ми е одобрена пресметката и износот што треба да се плати.
Пробав да се најавам со истиот акаунт од Е-ПДД на etax-fl.ujp.gov.mk но не сака. Пробав да се регистрирам, пополнувам податоци и заглавувам на ова поле:

Знае некој што треба да се внесе овде?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185

Па штом на е-пдд си внел податоци, си изработил пресметката, си ја потпишал, потврдил и поднел, имаш таму опција "печати" . Ќе ти се испечати фолио со број.
Тој број од фолиото го внесуваш во електронското банкарство и износот, а десно има поле превземи од ујп.

Во ел.банкарство имаш опција да избереш (мислам беа 3 опции) кој налог сакаш да пополниш, па одбери го тој каде лево имаше број фолио, а десната страна превземи ујп (пп 10 и пп 30 не се, мислам со 5 почнуваше).
 
Фала за одговорот! Воопшто не ми текна дека можам да искористам електронско банкарство, мислев дека мора преку сајтот на УЈП.

За која банка се однесува напишаното? Мојата е НЛБ Тутунска.

На Е-ПДД има "Печати Рекапитулација", најдоле ми дава Фолио број.

На електронското банкарство од НЛБ има опција "Плати со фолио број". Ама тамо кога ќе го внесам фолио бројот искача порака "Се појави грешка, не постои таков фолио број."

А има и со налог ПП53, тоа да не треба да се пополни?

Член од
21 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
18
ПП53, кога ќе го внесеш фолио бројот автоматски ќе го пронајде налогот и ќе ти ја извади сумата што треба да ја платиш

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
Тој пп53, левата страна пополнуваш број на фолио, износ и број на налози (или друг израз беше), бидејќи само за еден човек правиш и е за персонален, тогаш би требало во фолиото да ти стои 2 и ти во тоа поле од пп53 да ставиш 2 (или колку ти пишува во самото фолио).

Во десниот дел од пп53 имаш "превземи од ујп" стискаш на него и треба да ти го даде истиот износ лево што си го впишал, па на плати.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Одлично, фала, функционира! Само го внесов фолио бројот и веднаш ги пополни автоматски другите податоци како износ итн.. Сега за да платам ми бара мТокен ама тоа е друга тема, ќе се снајдам понатака :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Која им е валидна мејл адреса? Пошто добив мејл од оваа, ама не можам да им вратам на истата, постмастерот ми вика не постои :pos:

e-ppd@ujp.gov.mk
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Која им е валидна мејл адреса? Пошто добив мејл од оваа, ама не можам да им вратам на истата, постмастерот ми вика не постои :pos:

e-ppd@ujp.gov.mk
Да, од таа адреса стигаат пин кодовите и потврдите за даночни пресметки. Мислам дека треба да ги контактираш на info@ujp.gov.mk
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Да, од таа адреса стигаат пин кодовите и потврдите за даночни пресметки. Мислам дека треба да ги контактираш на info@ujp.gov.mk
Таму на 3 мејла чекам одговор со години :pos:
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Јас имам акаунт на etax-fl.ujp.gov.mk ама не можам да се логирам со истиот на e-pdd.ujp.gov.mk
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Јас имам акаунт на etax-fl.ujp.gov.mk ама не можам да се логирам со истиот на e-pdd.ujp.gov.mk
Па ни јас не можам, различни акаунти се.

Денес го платив данокот, малку се оддолжи зашто имав проблеми со активирање на мТокен во НЛБ. Платив преку погоре опишаната постапка, со образец ПП53 преку е-банкингот на НЛБ и внесување на фолио бројот од пресметката. Во "Документи" веднаш прикачив ПДФ од уплатницата како доказ за уплатата.
Е сега, дали некој знае после колку време ќе се промени статусот на пресметката во "Платена"?

Kajgana Shop

На врв Bottom