Електричните и Хибридните автомобили како економски исплатливо превозно средство

Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Знам дека се зборува за Електричните возила од еколошки аспект, но еве и една тема за нивната економска исплатливост во земји со ефтина тарифа на струјата. Ова е доста занемаруван аспект во САД и нивните медиуми поради ниската цена на горивото за галон (околу 4 литри). Доста време таа цена беше испод 2 долари (100 денари) за 4ри литри. Но сега со поскапувањето на нафтата повторно се враќа како валидна тема. Сега не ги знам точните цени кај нас на струјата, но знаеме дека Тесла автомобилите имаат 100киловатни батерии кои ако се наполнат полни со цена од 3 денари на евтина тарифа (да речеме ја полниш колата навечер од 22 до 6 часот наутро што е сосема валиден и чест начин), 100кв ќе те чинат околу 300 денари, за тие денари добиваш можност да поминеш околу 400милји или измеѓу 600-700 километри, во зависност од теренот, пошто имаат т.н регенеративно кочење, кога си на удолнина се полни батеријата и кога возиш во градски сообраќај. Кои се вашите размислувања на оваа тема?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
5.247

Тесла модел 3 е околу 50 000 евра. Некои 10% од Македонија во најдобар случај можат да си пришутат автомобил од 50 000 евра.

Во македонските градови претежно се живее во станови. Истите тие објекти поради "ненамерни" пропусти едвај имаат доволно паркинг за жителите на истата зграда или евентуално немаат никаков паркинг и паркираш кај најдеш простор. Прашањето е како ке ја пуниш, со продужен кабел од 500м?

Регенерацијата е валиден аргумент само за возење во град каде што имаш кочење, електричните автомобили на отворено се контра од автомобилите со бензин/дизел односно се помалце ефикасни на автопат бидејќи не регенерираат енергија туку само трошат и излегува дека ти на секои 300 макс 400км мораш да застануваш и пуниш. А при тоа не секаде имаш супербрзи полначи, а тек посебно ако фатиш пример у лето на одмор на Јонски острови како што од Кожани до некаде Лефакада нема ќора бензинска, со среќа на тој што ќе се нафати.

Се дури не се направи на секоја бензинска да има супербрзи полначи и полнењето батерија да е еквивалент или барем приближно како полнењето гориво (брзина), според мене нема логика да се префрлиш целосно на електричен автомобил.

И уште еден многу битен фактор што се занемарува, горивото расне да ама барем има залиха на светско ниво. А струјата не баш. Едвај 4ти квартал од 2021 преживејаа државите, тек сега што ќе се случува баш ради тие "зелени политики".

И доколку некој има аргумент за зачувување на околината со електричен автомобил нека се запраша прво како е дојдено до производството на истиот и за да се движи автомобилот од каде се црпе таа енергија.

Се на се погубно е целосното префрлање барем уште некои 5-10 години. Дури не достигнат ниво кое што го спомав погоре. Тогаш и да се направи цела планета да има 200% продизводство на енергија од обновливи извори за у случај на кризи да не шкрипи негде е тогаш може да дискутираме за сите позитивни страни на електрични автомобили.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.658
Поени од реакции
38.839
тотален булшит е ова. Све е убаво додека рикне батеријата по 3 години, после 30,000 долари ако имаш дај за нова ако не колата за делови. Либтардиве се палат на овие коли као револуционерно нешто, али нема никаква придобивка на долг рок за сопственикот. Изгор скапи батерии, споро полнење, за разлика од точење гориво.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Колите се скапи бидејќи се оди на висока технологија во нив, може да има поефтини како на пример 100кв батерија во кола со опрама како Голф 4ка, но сите коли што излегуваат се со најнова технологија што ја дига цената многу. Добар баланс се хибридните автомобили кои имаат плус и бензиски мотор, така да за движење низ град можеш да одиш на батерија а на подолга релација со бензин. Добар аргумент е ова со живеење во зграда, да идеално е живеење во куќа каде можеш да си вградиш брз полнач, така и ги рекламираат автомобилите во САД. И да струјата е дефинитивно многу скапа и во недостаток, но се очекува пад кога ќе проработат нуклеарните централи на ториум кои се поефикасни и не се опасни за околината.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.910
Поени од реакции
1.762
Одлична тема.Елекричните возила се иплатлива инвестиција.цените се движат од 30000 евра до......зависит од колку кв е батеријата,опремата и нормално која марка.Значи ќе си купиш према потребата.Многу се пишуват колку км ке поминиш,ако возиш 70 км на час не трошит многу ако возиш над 110.... тогаш 50 посто повеке.Полнење најдобро е на полнач 7 кв 11 кв или 22 кв .Ако полниш на 50 кв е побрзо меѓутоа рокот на траење на батеријата е пократок.
Можеше државата да помогнит на зградите да се постават соларни панели и на куките така да струјата ке и им беше џабе.
Нажалост во Македонија тоа е .....АБЕР СЕ НЕМАТ ЗА ОВА,од корумпирани и криминални влади.
 
Епа колата ти не ја зимаш само за во град да се возиш со неа, во Европа веќе се иде и на исклучување на колите од сообраќајот во најбитни квартови во центрите. Се стеснуваат улици и се приморува да се користи трамвај или точак.

Зградите може да биднат колку сакаш на соларни панели ништо од тоа не го решава проблемот на полнење батерии. И како во зграда ќе се распредели потрошувачката на струја, не можеш да му забраниш на комшијата колку струја да користи.

Полнач може во куќа само и тоа да си направиш математика колку ќе ти е исплатлив, вака џабе све. Америте ја пумпаат оваа приказна многу ама знаеме како се живее кај нив, куќите се живо џабе затоа што се од картон, државата дава кредити на млади за да се осамосталат да купат своја куќа и тогаш е друга приказна. Во Македонија едвај доаѓаш до кредит за веќе постоечки бизниси со историја на ликвидност и профитабилност а не па вака на млад човек рандом да му се одобри некоја голема сума. Утопија е тоа
 
Добро е шо коментираш на темава, негативен си,ама гледам дека не се разбираш а и пишуваш утопија е,а секаде низ Европава растур напраја.Мислам дека 2025 г многу автомобилски индустрии ке престанат да произведуваат дизелаши и бензинаши....све ке бидит на батерија така да тие повеке знаат ЗШ престануваат со бензинаши и дизелаши.
Секоја нова и добра кола е од 40 до 60 илјади евра(имат и поскапи ,,,тесла,мерцедес...)....значи батеријата е од 62 до 75 кв и километража од 400/500 килиметри.Проста математика ОХРИД-СКОПЈЕ 370км ....полнење на 22кв 6 саати....на брзи полначи од 50 кв (од 40 мин до 1 саат),до 80 посто е ок после тоа и на брзите полначи по споро е.Тоа е тоа,секој си купуват према потребата и џебот,ако слушаш паметни и тие шо се 10 чекори пред тебе ке одит подмачкано ако не .....
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.942

Пред недела дена имав прилика да се возам за прв пат во Тесла 3, внатре од самиот ентериер не бев нешто фасциниран. Интересно е што и напред може да се стави троа багаж, али колку за 1 торба или мало куферче.
Разговарав со човекот што ја има колата, спомна дека му е многу ефтино самото возење, но за одржување уште немал потреба (батеријата е далеку од промена, нема ни 2години старост). Инаку има многу добро забрзување, и од звук се слуша само триењето на гумите по подлогата.

Инаку ова со зградите ќе биде огромен проблем во мкд, веројатно ќе мора да се решава со улични полначи, или пак да се вадат кабли после саатите, и да се носат до паркинг местата (ова би било страшна главоболка). Во Скопје еднаш ми затреба во зградата да уклучам фен за да исушам вода што ми се истури во колата, немаше каде да го поврзам, на заедничко светло ќе те обесат на кабелот :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Шо ќе ви е електрична кола кое едвај оди во радиус 400км ! Да речеме одиш на одмор до Неа Мудања и после кај ќе полниш ? Сигурно и таму има станица за полнење ама ќе трае минимум 8часа и кое цената за струја во таа туѓина? А за враќање и попатно по шопинзи да речеме во Солун и колку ќе остане батеријата да се враќаш во Скопје ? Сега засега електрична кола е БУЛШИТ се додека да има можност барем 1200км во радиус да пројде
 
Ќе биде и тоа, сега максимумот е околу 700км, но напредува брзо индустријата, требаше да има и нов модел со над 600милји рејнџ од тесла, но Елон се повлече, немало потреба за тоа, доволно било 400+милји рејнџ. Технологијата за брзо полнење доста напредува, ефтината тарифа е достапна кај нас, не би било проблем во наредните години да видиме и 200кв батерии со 1500км рејнџ, како и полначи за дома (ова би било проблем во САД кои имаат никаква 120волтна мрежа, кај нас е подобро со 240,дупло повеќе на иста ампеража).
 
Во ред е тоа, но работава е што батеријата си има век на циклуси минимум 4/5 години и после колку ќе чини замена за нова батерија кое вреди пола цена од истата нова кола и истата кола за половна за продавање толкку чинат новата батерија , значи е неисплатива за да купиш електрична кола барем сега засега. Јас ќе купам дури кога ќе има електрична кола со безжична струја и ќе се движам било каде на светот истото како кај мобилни телефони со глобален роаминг интернет така и колата безжична струја тоа е поисплатива. Безжична струја мислам буквална смисла како далновод ама безжична кое е измислен и патентиран од Никола Тесла ама корпорациите не сакаат да применува таква технологија бидејќи тие живеат и делуваат и збогатуваат од нафтата на сметка со војни и жртви.
 
Oд кај ти се изворите дека 4/5 год е век на траење? 8 год имаш гаранција на батеријата.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Oд кај ти се изворите дека 4/5 год е век на траење? 8 год имаш гаранција на батеријата.
Немам извори нешто за батеријата , но по логика слична е смартфоните , а за елек. Коли штом викаш 8 години и тоа е пак малку значи не вреди

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Немам извори нешто за батеријата , но по логика слична е смартфоните , а за елек. Коли штом викаш 8 години и тоа е пак малку значи не вреди

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
Околу 10 години е рокот на батеријата, но за 10 год батериите ќе бидат џабе, односно ќе се изработуваат од евтини материјали, неколку тимови работат на ова и ги решаваат сите недостатоци, под ова секако мислам на големи компании со неограничен буџет за РиД, како и големи држави како Кина и Индија, заедно со некои од најголемите универзитети. Големи ресурси се вложени во ова, еве едно истражување од универзитетот Мичиген и професорот Никола Котов,
Кој работи на истражување за литиум сулфур батерии. Така да немаш потреба да бидеш загрижен за после 10 години.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
5.247
а секаде низ Европава растур напраја.....
Далеку од растур. Германија имаше таргет да има 1 милион електрични возила до 2020 на нивните патишта. 2022 имаат околу 600 000. (Државата е скоро 90 милиони)

Мислам дека 2025 г многу автомобилски индустрии ке престанат да произведуваат дизелаши и бензинаши....све ке бидит на батерија така да тие повеке знаат ЗШ престануваат со бензинаши и дизелаши.
Кој ќе се префрли, Јапонците? Не се баш релевантен фактор на Европскиот пазар. Германија со целата нивна индустрија и генерациско инвестирање во дизелаши ќе се откаже од ооогромни суми потрошени на усовршување на истите? Не би се сложил баш. Дали хибридите ќе ко-егзистираат? Тоа да. Дали електричните ќе надвладеат? Не у наредни 50 години.

Добро е шо коментираш на темава, негативен си,ама гледам дека не се разбираш а и пишуваш утопија е
Правев истражување дури бев на студии во Холандија, ако ти помага за некаква кредибилнсот на моите ставови, една од државите кои пропагираат политики за хибриди и електрични возила. И се покажа баш тоа, дека електричните возила кои "ja штитат околината" е утопија. Зошто? Затоа што масивно зголемување на електрични возила значи зголемување на побарувачка за електрична енергија, и тогаш предвидовме дека пораст на возилата ќе донесе товар кој што не ќе можат државите да го поднесат бидејќи нема доволно електрична енергија (ова беше 2018). Види види, 2021 пола континент се препоти дали ќе дочека период кај што ќе седи на свеќа.
Второ овие возила НЕ ЈА ШТИТАТ ОКОЛИНАТА. Зошто? Затоа што користат енергија која најверојатно доаѓа од загадувачи. Плус карбонскиот отпечаток што фабриките го оставаат за да се произведе еден електричен автомобил е огромен.
2.1 - Знаеш што се случува на околината кај што има литиумски рудници? Што мислиш луѓето у Србија зашто се кренаа на нозе?

Секоја нова и добра кола е од 40 до 60 илјади евра(имат и поскапи ,,,тесла,мерцедес...)....значи батеријата е од 62 до 75 кв и километража од 400/500 килиметри.Проста математика ОХРИД-СКОПЈЕ 370км ....полнење на 22кв 6 саати....на брзи полначи од 50 кв (од 40 мин до 1 саат),до 80 посто е ок после тоа и на брзите полначи по споро е.Тоа е тоа,секој си купуват према потребата и џебот,ако слушаш паметни и тие шо се 10 чекори пред тебе ке одит подмачкано ако не .....
Кажи ми колку македонци денес можат да влезат у салон и да искешираат 60 000 евра за нова кола?

Ранг од 400 км во ГРАДСКИ УСЛОВИ, на отворено за 30% помал сигурно. Тури му пепел на муабетот ако ја за да одам до Белград морам после Лесковац да чекам неколку саати да допунам батерија за да стигнам до Белград.

Не дај боже за негде подалеку.

И ако више купувам Мерцедес Ц класа (40-60 иљади) или Е класа (основни верзии околу 50тина иљади) сигурно не го купувам да се моткам по Дебар маало со него. Туку да ми врши работа за патувања на долг пат. Помалите коли се многу поевтини од голем дел целосно електричните коли (а да не се од најмалиот сегмент на Ајго,Ап,Мии и слично)

Ја земавме Тесла 3 за споредба рамо до рамо Ц класа, Теслата губи од аспект на квалитет на изработка, корисничка подршка и трошоци за оддржување. Интересна е дури иде кога ќе ти дојде фактурата за сервис, нека ти е со среќа. А секое чепкање од страна на неовластен сервисер ти ја елиминира гаранцијата на Тесла и можеш да се сликаш само. Плус во Македонија баш ме интересира кај ќе ја сервисираш.

Електричните мали автомобили од типот на Skoda CityGo/Vw Up или Toyota Aygo се добра опција за КОМПАНИИ, за нивни вработени да вршат работа по град и тоа под услов да има компанијата свои соларни панели кои ќе ги напојуваат електричните панели или да има некаде бесплатен полнач у близина/соработка со евн. Све останато е пуфкање перја и мода без логичка издржливост.

Добро е шо коментираш на темава, негативен си,ама гледам дека не се разбираш а и пишуваш утопија е
Ако уште после објаснувањава мислиш дека НЕ СЕ РАЗБИРАМ нарачај некоја пинаколада дури си уживаш покрај езерото со розевите наочари.

Не мешај реалност со негативност, т.е. ако си die-hard оптимист секој реален став ќе ти е негативен така да .. тоа е :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom