- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11
Рачна бомба кашикара утрово околу пет часот е фрлена на Широк Сокак во Битола, од засега непознат сторител. Повредени и жртви нема, а целосно се оштетени стаклата на излозите на модниот салон „Хепенинг“ и на трговскиот дуќан со бела техника „Електротехника“ од спротивната страна.
„Ме известија околу девет часот дека има оштетување на излогот од дуќанот, бидејќи некој фрлил бомба на шеталиштето. Не верувам дека било насочено против некого, бидејќи бомбата е фрлена на средина. Ако сакал да ја уништи стоката во дуќанот ќе го скршел стаклото и бомбата ќе ја фрлел внатре. Тука до наутро по кафеаните остануваат дечишта, ќе се опијат, ќе се скараат и потоа се можат да направат“, рече денеска сопственикот на „Електротехника“, Александар Ристевски.
„Јас на широк сокак поминав пред 7 часот, меѓутоа местото беше блокирано од полицијата. Кога го завршија уводот, видов дека бомбата експлодирала на среде од шеталиштето, а покрај оштетувањата излозите и дел од фасадите, вратата на „Хепенинг“ беше целосно уништена“, вели Христаќи Фундали, кој живее во близина на Широк Сокак.
Денеска полицијата изврши увид на местото на настанот.
„Допрва Ќе утврдуваме кој е сторителот и мотивите се преземаат сите оперативни мерки што ги имаме на располагање“, рече Борче Пешевски од МВР.
Битолските инспектори денеска ги сослушуваа сопстевниците на околните дуќани и кафулиња, како и станарите од станбените објекти.
Последен пат бомба кашикара во Битола беше фрлена пред две години, во дворот на приватна куЌа од полициски службеник во близина на црквата „Св. Тројца“.
Арно што била фрлена во 5 наутро кога нема голем метеж. Ќе се дознае за ден, два кои биле причините.