Хахаха, леле деца
. Шајноски ви изгледа лош, затоа што бара знаење, добро малку повеќе и гњава на предавањата, ама сепак е многу подобар од другите проф, мислите дека нешто повеќе сте научиле од Фотов, Мицески или Милан.
Доволно е да слушате на предавањата на Шајноски и дома да прочитате барем еднаш, ќе го минете предметот без гајле.
Yeah right
!.. Кажи им го тоа на 50-60те души што го презапишаа од лани, без право на завршен. Типот можеби има добри познавања и разбира некои работи, ама џабе е се' кога пола генерација лани ја турна без окото да му трепне. Ќе ти се мочам и у знаење и у се', негова работа е да го објасни материјалот за саат време, да каже што е битно-што не, на што посебно да се осврне внимание, да објасни подетално некоја комплексна материја и крај приче. А не цело предавање да тропа за нафтата на Блискиот Исток и опстанокот на американскиот долар само поради тоа што е врзан со неа, или па зошто Џонсон Контролс ја одбрал Мк, а не Полска за инвестирање. Who needs this bullshit ? Кој го интересира, нека чита колумни. Капитал-Матипал има илјадници економско-политички магазини од каде може да се црпа додатно знаење, кое не е врзано со факсот. Учениците се тука дојдени да ти го слушаат и разберат предметот, а не да водат дебата на Маркет 168 и решаваат економски кризи.
Горе гледам си го спомнал/а Милан. Понаместо професор, здравје. Лани ми држеше 2 предмети. Типот цела година се појави можеби само 5 пати на предавање, ама тие 5 пати му вредеа дупло за сите 20ина предавања на Шајноски. Ќе си дојдеше човекот, најбитното ни го потенцираше, тешкото ни го објаснуваше, ни кажуваше да не речам апла што е клучно и ќе се падне на колоквиум и сите насмеани се одевме. Одлични резултати му вадевме, а замисли случајно астрономското Трговско Право да го држи Шајноски (а не Милан)
.. Еден студент нема да дипломира. Тука би го спомнал и Круме. Ѕвер е човекот, лани Историја 3-4 предавања одржа само, ама сите беа на место. Тоа и тоа е клучно велеше, го раздроби учебникот со презентациите т.е. излезе во пресрет на студентите за да положат и покажа разбирање, свесен дека книгата е никаква и од неа бубаа тие што бркаа 9ки-10ки. Тоа е за мене професор, а не гореспоменатиот.