Економски раст од 7%

Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
7% e,ama so novi % vo zbirot.Pokazatelite sto im cinat gi mnozat so pogolem koef.,i obratno za sto ne im cini.

Realno sepak ima mal napredok-5%.
 
Член од
8 март 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
ke moze da dobijam inf za toa kade se naoga potocno ministerstvoto za ekonomija ?falaa
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ke moze da dobijam inf za toa kade se naoga potocno ministerstvoto za ekonomija ?falaa
После Капиштец продолжи само право, после првата раскрсница од лева страна ќе видиш бела зграда. Таму е.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Eкономски раст од 7% е тоа беа времиња.:)
Е тоа беа времиња се делеа кредити ко брашно пред избори, ама сега дојде наплата само што не заплака :icon_lol:.

Кредитите го правеа растот сг су паре скупе сг е оскудација :icon_lol:.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
за висок економски раст треба производство кое ние нажалост го немаме
Аман бе? Македонија да немаше производство одамна ќе немаше кој да ја храни цела администрација... Ние имаме многу производство. Не би навлегувала дали е тоа доволно или не- ама за една мала територија и малку население , имаме бајаги извоз што е секогаш верен показател.
Друг муабет е што кај нас младите се убедени дека треба да откриваме микро чипови, па повеќето од нив го игнорираат реалното Македонско производство. Е да, не е фенси, кај нас со мотика пари се прават, најмногу.

он. Немам следено, ама и да е 1, повеќе е од европскиве земји... Така што - ситуирајте ја бројката во макроситуацијата за да имате реална слика.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
5.117

Ево да добиеш претстава со кого сме во друштво според извоз, Босна има дупло поголем извоз од нашиот, Србија трипати поголем, Бугарија 8 пати, Словенија 10.

116
Mongolia $4,780,000,000 2011 est.
117
Cuba $4,679,000,000 2011 est.
118
Namibia $4,568,000,000 2011 est.
119
Macedonia $4,455,000,000 2011 est.
120
Aruba $4,348,000,000 2011 est.
121
U.S. Virgin Islands $4,234,000,000 2001
122
Chad $4,088,000,000 2011 est.
123
Nicaragua $4,071,000,000
2011 est..
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Каква индустрија какви бакрачи...земја која го има потенцијалот со своите репроматеријали и нивни производи да го прехрани населението увезува прехрамбени продукти??

Џабе сака Грујо да ја претвори Mакедонија во „силиконска долина„ и производен центар за хај тек продукти од азија ако земјата има други потенцијали. Македонија неможе никогаш да биде Германија.

Зашто не се бараат инвеститори кои од материјалите што ги нуди Mакедонија направат невероjатни квалитетни продукти. Зашто не се произведуваат сите продукти што можат да се направат од месото, зеленчукот и овошјето....затоа што мора да се импортираат од соседните земји...или бивша Југославија.

При импортиранње има локални парнери кои ја дистрибуираат палетата на продукти, тие партнери добиваат добар процент за остварениот профит од самата дистрибутери. Зашто тој процент да го добиваат тие неколку индивидуи (правни лица и политичари) а не безбројните земјоделци кои треба да прехранат уште толку гладни усти.

Во Македонија дистрибутерите се побогати од производителите...никаде тоа не сум го видел.

И ова со прехрамбената индустрија е само еден сегмент...има уште многу други вакви како примери.

Ти нахрани го населението за да произведиш квалитетни и образовани кадри а не само „квалитетот„ да то дава само одредена класа од населението која тој „квалитет„ го стакнала без труд.

Кога ќе видам доктор син- доктор татко, адвокат син (или ќерка) и адвокат родител, професор родител – професор дете ...исклучоци да ама не правило. Тоа кажува кои бранши се традиционално профитабилни во тоа општество.

Кога ќе седне некој на маса и дознаам дека е од таа и таа фамилија и дека е адвокат....гледам одма да го напуштам доа друштво. Не верувам во клански системи и специјални фамилии. Ова малку оф топик...кое влијае на структурите многу.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Ево да добиеш претстава со кого сме во друштво според извоз, Босна има дупло поголем извоз од нашиот, Србија трипати поголем, Бугарија 8 пати, Словенија 10.

116
Mongolia $4,780,000,000 2011 est.
117
Cuba $4,679,000,000 2011 est.
118
Namibia $4,568,000,000 2011 est.
119
Macedonia $4,455,000,000 2011 est.
120
Aruba $4,348,000,000 2011 est.
121
U.S. Virgin Islands $4,234,000,000 2001
122
Chad $4,088,000,000 2011 est.
123
Nicaragua $4,071,000,000
2011 est..
Види, гледај и колку население има... Словенија е богата држава, не играме во иста лига. Почнуваме ни со Бугарија да не можеме да се споредуваме, ама нејсе.
Не велам дека е се сјајно, ама не сме држава на сервиси, сеуште... Иако и тоа доаѓа.
Македонија си има производство во цела провинција, освен нели, кај што се Браќата Албанци кои преферираат да работат сервиси, па ресторани и бензински имаш колку сакаш кај нив :)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Е тоа беа времиња се делеа кредити ко брашно пред избори, ама сега дојде наплата само што не заплака :icon_lol:.

Кредитите го правеа растот сг су паре скупе сг е оскудација :icon_lol:.
Секој раст е кредитен Welcome to the age of debt money. Монетарниот Бог Богов ги спушта каматите и се спремаат да го дуваат меурот пак.
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
1.Македонија неможе никогаш да биде Германија.

2.Зашто не се бараат инвеститори кои од материјалите што ги нуди Mакедонија направат невероjатни квалитетни продукти. Зашто не се произведуваат сите продукти што можат да се направат од месото, зеленчукот и овошјето....затоа што мора да се импортираат од соседните земји...или бивша Југославија.

3.При импортиранње има локални парнери кои ја дистрибуираат палетата на продукти, тие партнери добиваат добар процент за остварениот профит од самата дистрибутери. Зашто тој процент да го добиваат тие неколку индивидуи (правни лица и политичари) а не безбројните земјоделци кои треба да прехранат уште толку гладни усти.

4. Во Македонија дистрибутерите се побогати од производителите...никаде тоа не сум го видел.

5. И ова со прехрамбената индустрија е само еден сегмент...има уште многу други вакви како примери.

6. Ти нахрани го населението за да произведиш квалитетни и образовани кадри а не само „квалитетот„ да то дава само одредена класа од населението која тој „квалитет„ го стакнала без труд.

7,Кога ќе видам доктор син- доктор татко, адвокат син (или ќерка) и адвокат родител, професор родител – професор дете ...исклучоци да ама не правило. Тоа кажува кои бранши се традиционално профитабилни во тоа општество.

8; Кога ќе седне некој на маса и дознаам дека е од таа и таа фамилија и дека е адвокат....гледам одма да го напуштам доа друштво. Не верувам во клански системи и специјални фамилии. Ова малку оф топик...кое влијае на структурите многу.
1. Точно.

2. Додека барате инвеститори ни сол во очи нема да може да си фрлиме. Доста се палите на странски бизМисмени, до што има некој што квалитетно произведува кај нас, наш човек е. Не ни е потребно некој да ни инвестира, не? А за увозот, сами сме си криви. Имавме млечна индустрија - Бране и остали ја дадоа на Браќата Срби, па сеа пиеме Српско и Босанско млеко. То је, јбг.

3. Има, да. Соу? Како иначе би тие биле мотивирани за да работат? Ако нема дистрибуција од кај ќе купуваш јадење - до село ќе одиш два пати неделно? Оваа точка ти е непотребна. Секој треба да си работи и да си го заработува лебот. Посебно во агроалиментарната индустрија. Секој во ланецот помага да дојде храната до кај тебе в пањца. И не се тоа правни лица и политичари, тоа се трговци, тоа е зборот кој го бараше :)

4. Аман бе? Carrefour да не е посиромашен од производителите во Европа? Или Метро?

5. На пример?

6. Измеша жаби и баби? Нахрани го за да произведеш кадри? И да, никој не го прехранува населението, Тито умре. Населението работи за да има нешто за јадење.

7. Ова нема никаква врска со муабетот, ама нека. Во Македонија ова никако не е точно, образованието е достапно за сите, без исклучок. Еден куп луѓе што нивните се со основно, имаат дипломи, магистратури, па и докторати. На Запад е таа приказна, точно, поради тоа што има професии каде не можеш да влезеш ако немаш силни (семејни) врски. Ама не ми вели дека не можеш да поминеш медицина ако не е татко ти лекар, нема никаква смисла во истото. После, дали ќе ти дадат од дома пари да си отвориш ординација, или ќе лепиш плакати пред избори за да те вработи партијата - тоа е друг муабет.

8. Да, оф топик е.
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
3. Има, да. Соу? Како иначе би тие биле мотивирани за да работат? Ако нема дистрибуција од кај ќе купуваш јадење - до село ќе одиш два пати неделно? Оваа точка ти е непотребна. Секој треба да си работи и да си го заработува лебот. Посебно во агроалиментарната индустрија. Секој во ланецот помага да дојде храната до кај тебе в пањца. И не се тоа правни лица и политичари, тоа се трговци, тоа е зборот кој го бараше :)

4. Аман бе? Carrefour да не е посиромашен од производителите во Европа? Или Метро?
изгледа се разликуваме во разбирањето на зборот дистрибутер. Дистрибутоер за одреден продукт има друга улога одколку еден продажен агент. Дистрибутерот ако има ексклузивни права и процентот кој го заработува го превзема и маркетингот и со тоа ги убива локалните играчи. Да не забегаме од темата ама кога се работи за дистрибутери и нивен начин на работа можам да ти поделам многу искуство затоа што јас имам секојдневна интеракција и тоа на глобално ниво со дистрибутери...нивен избор, договори, тренинг и сите други трикови за успешен развој на бизнисот како на пр. како да се дојде до продажба на начини кои не се незаконски кои сепак не се фер.

Неколку години имав менаџерски ингеренции на цел Балкан...многу добро знам како странски фирми влегуваат да „инвестираат„ преку дистрибутерот кај купувачот.

Нема фер плеј тука а што е најважно елитата во МК го подржува тоа.

Не ти ја признавам констатацијата дека дистрибутерите се побогати од производителите...процентот на нивната заработувачка може максимално да постигне 25% од крајната или договорена цена. Тие 25% сносат и сопствени трошкови околу гаранција, транспорт итн...

производителите добиваат минимално 50% од производните трошкови...од приликакај 70%. Значи еден медија маркт никогаш нема да ги стигне тошиба или сони итн.

Образование: во Македонија не секој ги има истите шанси за образование...до средно да ама не потоа. Можеш да кажуваш што сакаш ама не секој може финансиски да си го овозможи тоа.

друг пример би спомнал само ама нема да одам во деталности....рудникот САСА...негова цена на купување и негов степен на експлоатација и профит....најди информации па ќе ти е многу јасно горе наведеново.
 
Уел, јас секојдневно го работам тоа. Не во Македонија, ама на исто се сведува.
Нема инвеститори кои влегуваат да инвестираат преку дистрибутерот, што зборуваш? Инвеститор е кога е на лице место, да произведува тука. Инаку е едноставемн продавач кој пробува да си пласира свои производи. И едното и другото се сосема во ред, во секој случај.

Дистрибутерите СЕ помоќни економски од било кој продавач. Не се работи за цената, се работи за располагањето со пари.
Просто да објаснам - Веро кога купува кечап (глуп пример, ај ноу), го купува директно од производителот во Гевгелија за Х денари и има фактура, која треба да ја плати во најдобар случај за 30 дена. Ама, Веро, нема многу залихи - колку за да не остане со празен реон работи - значи они следат колку кечап им треба за неделата и секоја недела производителот им го носи тој кечап. Ти (или јас, уатевр), одиме во Веро и ни треба кечап. Го ставаме во количка и на каса го плаќаме Х*(1+ маржа%), ОДМА, а не за 30 дена.
Значи, во случајов, еден дел од заработувачката на маркетот е маржата - друг дел е располагањето со средства. Тоа вртење на пари ги прави да мжќат да ги искористат тие пари на еден куп начини.

Производителот од друга страна, авансира пари (често со кредити кои ги отплаќа со, во Македонија, изгор камата) и чека 30 дена минимум да биде платен ОТКАКО ќе продаде, а да не збориме ако има залихи.. А да, и плата ако не пушти на вработените до 5ти во месецот - казна му следува...
 
да не ја влечиме темава во погрешен правец...само едно: и маркетингот е инвестиција. Покрај буџетот за развој на нови продукти втор е буџетот за маркетинг...се работи за големи пари...кај мене се за една година одприлика 10 милиони долари само за „giveaways"...широк поим а:)

тие производители кои авансираат оставаат дистрибутерот да им менаџира "cash flow" тие произведители не се глобални плејери

не сум работел во такви фирми ами во фирми каде јас му диктирам на дистрибутерот колку очекувам од него...тој е под константен притисок да ги исполни зацртаните 20-40% пораст (во споредба со лани) и тоа под строги критериуми за плаќање. Ако не...го менувам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom