Економска политика на Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Веројатно за овде е линков. Распадот на државава изразен преку цифри.

Дали Македонец повеќе троши во кладилница или во супермаркет?

Трите најголеми обложувалници во земјава лани собрале облози во вредност од 173,6 милиони евра! Ова се официјални податоци за ланското работење на обложувалниците: „Моцарт“ на „Делта Бет“, „Спорт лајф“ и „Златна копачка“. За да стане појасно колкав е бизнисот со обложувањето ќе споредиме вака: трите најголеми обложувалници имаат промет за малку помал од двата најголеми ланци на супермаркети „Кам маркет“ и „Тинекс“.

https://faktor.mk/dali-makedonec-povekje-troshi-vo-kladilnica-ili-vo-supermarket

 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Нема прогресивно оданочување од јануари?
Објавено: 31-08-2018, 13:26

Владата со месеци молчи за прогресивното оданочување. Зголемувањето даноци не е благопријатна тема за одоброволување на гласачкото тело прво да излезе, а потоа и да гласа „за“ на претстојниот референдум. Ама тоа значи и доцнење во чекорите за значајната даночна реформа. Уште нема ни предлог верзија на новиот закон за оданочување на личните примања и не е дефинирана ниту границата над која ќе се пресметува повисоката даночна стапка. Министерот Драган Тевдовски, пак, неполни четири месеци пред 1 јануари 2019 година, за кога се најавуваше стартот на прогресивниот персоналец, ништо не зборува на оваа тема. Само прашањето за персоналецот на ИРИ ја актуелизираше оваа тема и го покажа пулсот на народот.
- Точно е дека е статус кво, не се дискутира, не се отвораат теми за зголемување на даноците, иако во програмата на Владата стои тоа прашање. Сме се нагледале и тоа во текот на јануари да се донесе закон што важи од први јануари, но сметаме дека тоа е минато време. Реално, за правење на бизнис планови, за калкулација на трошоци, за бизнисот воопшто навистина е доцна новата регулатива да важи од почеток на следната година - вели Павле Гацов, даночен консултант.

- Не постои некој што би се согласил да плаќа повеќе данок ако не мора. Така да, ако го прашувате бизнисот, секогаш одговорот ќе биде „не треба прогресивно оданочување, дури ако можете намалете“. Работата е да се убеди бизнисот дека треба такво нешто или, ако не треба, да се прејде на внимавање на расходите, можеби на опфат на сивата економија. Факт е дека Македонија има премалку даночни, буџетски приходи во однос на трошењето. Оттука и дефицити, задолжување. Треба да се зголеми учеството на приходите во бруто домашниот производ (БДП). Кај нас, учество е меѓу 34-36 отсто. Во Словенија - 56-57 отсто. Ова е доволен сигнал дека кај нас има простор за поголем опфат во делот на оданочувањето - укажува Гацов. Но за него повисоко оданочување нема смисла ако истовремено не се зафати сивата економија, ако не се удри по нерационалното, по тендерското трошење.

Вели „бизнисот е алергичен на она ‘ајде да зголемиме даноци, а како ќе трошиме, тоа е наша работа’“.

- Тој филм беше и заврши. Би се согласиле ако видиме дека работите се движат во добра насока, дека престанува толеранцијата кон неплаќачите, дека нема тендери ‘мој на мојот’, од фирми регистрирани три дена пред јавната набавка. Затоа бизнисот бара прво таму да се запре, па потоа да видиме колку пари треба дополнително да додава - аргументира Гацов.

Славко Лазовски, даночен експерт, вели дека европска пракса е година до година и пол пред да стапи во сила законот, јавноста да биде информирана за него, за да се подготви.

„Незголемување на даноци е закочување на општиот развој, природно е даноците да се зголемуваат. Поголемите даноци создаваат услови за остварување на повисок доход. Кога не се зголемуваат даноци, тогаш се оди на алтернативни извори на приходи - наместо да се укинуваат парафискалните давачки, полека ќе се зголемуваат. Ќе се оди на намалување на ослободувањата. Политиката на ниски даноци е непристојна коалиција со бизнисот - малку ќе давате ама да не гледате што правам како власт. Политика на високи даноци повлекува прашања ‘каде се моите пари?’, кој ги троши?’. Ако официјално водиш политика на ниски даноци, ти всушност кажуваш ‘Не притискајте, не ги наметнувајте своите приоритети, јас како власт знам што правам. Ви земам само 10 отсто и гледајте си ја својата работа’. Во услови кога растат даноците веќе се врши притисок врз власта да биде транспарентна за трошењата“, смета Лазовски.

Од институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“, велат дека консултативниот процес на тема прогресивно оданочување сè уште не е отпочнат, а деталите за промената се сè уште на ниво на шпекулација.

„Владата може да ја подготвува регулативата и да биде подготвена со план за нејзина имплементација, но имплементацијата ќе може да започне по исцрпувањето на дебатата и сеопфатните консултации. Ова е важно од два аспекти. Прво, не постои консензус околу оваа политика, односно постои став 'против' од многу засегнати страни. Второ, владата не успеа да стекне кредибилност за потезите во економската сфера, што придонесува општата и стручната јавност да има скепса кон предлозите за промени во политиките.

Во голема мера, двата аспекти се сврзани и со погрешниот пристап да се стави ексклузивен фокус на тоа како да се приберат повеќе пари во буџетот, а скоро ништо не се зборува како да се троши рационално и ефикасно. Во тој контекст, избрзаната промена кон прогресивно оданочување ќе има исклучително неповолен политички ефект за владата. Уште поважна дебата е економската дебата: дали прогресивниот данок соодветствува на сегашното ниво на развој на економијата. Нашиот став е дека не соодветствува и тој став може понатамошно да го елаборираме кога ќе се отвори таа дебата“, укажува „Фајнанс тинк“.

Анита Салтировска
https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/08/83876/
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932
Се одложува воведувањето на прогресивниот данок
Воведувањето на прогресивниот данок нема да оди според најавеното поради политичките процеси кои течат во моментов и затоа нема да стапи на сила од почетокот на идната година како што беше најавено. Премиерот Зоран Заев смета дека е потребна широка дебата и доволно време да се запознаат граѓаните за да може да се донесе одлуката а потоа и период за подготовка на економијата за негово импелемнтирање.

Околу различните гледишта за ребаланс на Буџетот кои минатата недела се појавија меѓу премиерот и министерот за финансии Драган Тевдовски, Заев изјави дека сега засега Буџетот има стабилни перформанси а единствена слаба точка е реализацијата на капитални инвестиции. Сепак тој нагласи дека токму во периодот до крајот на годината се реализираат најголемиот број од капитални инвестиции и затоа треба да се почека. За таа цел формиран е и специјален комитет кој го води вицепремиерот Кочо Анѓушев а во кој учествува секој ресор во државата во чиј буџет има капитални инвестии како и Јавни претпријатија.

На денешната прес конференција, премиерот Заев и економскиот тим соопштија дека растот на бруто домашниот производ е зголемен за 3,1 отсто и дека до крајот на годината ќе се постигне планираното зголемување.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека станува збор за наголем пораст во последните четири години и дека секторите индустрија, земјоделство и трговија имаат исклучително позитивни резултати за разлика од градежништво каде допрва почнуваат главите проекти.

Според податоците од Владата годинава странските инвестиции изнесуваат 327 милиони евра што е двојно повеќе споредено со минатата година а се бележи и зголемување во наплата на даноците.



Огнен Чанчаревиќ
https://telma.com.mk/se-odlozhuva-voveduvaneto-na-progresivniot-danok/
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Како се стопија и државни пари со стечајот на ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018




inShare

Не само Топлификација АД, Комерцијална банка и турската компанија Гама Гуч, туку долга е листата на компании и институции на кои ТЕ-ТО им останал должен во времето кога е правен планот за реорганизација годинава. Сега, откако овој план и судски е прифатен, сите тие остануваат со празен џеб, затоа што согласно одредбите, долговите кон необезбедените доверители се бришат за дури 90 отсто. Она што е симптоматично е што во листата доверители на гасната централа во стечај се и државни институции. Во планот за реорганизација кој Фактор го има, стои дека заклучно со 1 март долгот на компанијата само кон Управата за јавни приходи (УЈП) изнесува над 16 милиони денари или над 260.000 евра. Тоа се пари кои УЈП нема да ги наплати воопшто односно од нив ќе земе само десет отсто или само 1,6 милиони денари (26.000 евра). Останува прашањето дали со планот за реорганизација на ТЕ-ТО за кој доверители веќе тврдеа дека е со низа пропусти не се злоупотребуваат и народни пари. ТЕ-ТО има долг и кон Водовод и канализација, МЕПСО, телекомуникациски компании, адвокати, нотари, осигурителни фирми.

УЈП всушност е во доверителите кои се со необезбедени побарувања. Кон сите нив, ТЕ-ТО должи речиси 170 милиони евра.





„За побарувањата на необезбедените доверители ќе се направи целосен отпис на сите камати, како законски казнени така и договорни како и отпис на главниот долг во висина од 90 отсто. Останатите десет отсто од главниот долг ќе бидат исплатени во текот на 2028 и 2029 година, односно после целосната исплата на обезбедените доверители и за нив не се пресметува никаква камата, стои во Планот за реорганизација на ТЕ-ТО.

Според ова, УЈП за долгот кој ТЕ-ТО го имал пред стечајот во вредност од 260.000 евра, во 2028 и во 2029 година ќе добие само по 13 илјади евра или вкупно 26.000 евра. Така ќе бидат обесштетени и сите други доверители кои се во класата необезбедени.




Во другата група, пак има доверители чии побарувања се обезбедени, а ним ТЕ-ТО им должи 54 милиони евра.

За случајот со стечајот на ТЕ-ТО, најгласно рерагираше Топлификација, но и акционери. Сите тврдат дека стечајната постапка е водена низ незаконски процес. Како што веќе објави Фактор, Апелациониот суд ги одби жалбите на Топлификација, Комерцијална банка и Гама гуч и ја потврди одлуката на првостепениот суд, според која ТЕ-ТО може да оди во стечај и да работи по предложениот план за реорганизација. Овие поголеми доверители тврдат дека и одлуката на апелација е скандалозна. Ним, ТЕ-ТО им должи околу 40 милиони евра, а само кон Топлификација долгот е 30 милиони евра. За случајот веќе се поднесени кривични пријави, а на него работи и Управата за финансиска полиција. Инаку во текот на судската постапка од страна на друг доверител беше предложен алтернативен план за реорганизација, кој предвидуваше целосно надмирување на сите доверители, без никаков отпис а истиот беше одбиен од судиката Сашка Трајковска. Тогаш се тврдеше дека по тој план немаше да има никаква штета за ниту еден доверител.

Од ТЕ-ТО вчера реагираа на ставовите на доверителите со тврдење дека планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и дека предвидува рамноправен третман на сите доверители. Велат дека со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го подржале со огромно мнозинство.

А.Т.

https://faktor.mk/kako-se-stopija-i-drzavni-pari-so-stechajot-na-te-to-
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Држ те се храбро тоа што нема да наплатат од ТЕ ТО ќе наплатат од вас рајата. Гледај долг од 170 милионин евра се намалува на 17 милиони и да се наплати од 2028/29, а ти ако си должен 1000 денари има да те одерат казни камати можи до 15 000 денари да дојди.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Се намалиле цените на храната претходниот месец, поскапел само шеќерот
https://a1on.mk/archives/962217


насловот е благопријатен чиниш ни тргнало
тоа ФАО во светски рамки, :pos:
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
The Global Human Capital Report 2017
https://weforum.ent.box.com/s/dari4dktg4jt2g9xo2o5pksjpatvawdb

How nations develop their human capital can be a more important determinant of their long-term success than virtually any other factor. The Global Human Capital Index 2017 ranks 130 countries on how well they are developing their human capital on a scale from 0 (worst) to 100 (best) across four thematic dimensions and five distinct age groups to capture the full human capital potential profile of a country. It aims to be used as a tool to assess progress within countries and point to opportunities for cross-country learning and exchange.

By “human capital” we mean the knowledge and skills people possess that enable them to create value in the global economic system. Human capital is not defined solely through formal education and skilling.
It can be enhanced over time, growing through use—and depreciating through lack of use—across people’s lifetimes. The Global Human Capital Index featured in this Report thus treats human capital as a dynamic rather than fixed concept.

последни :(
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Идеолошки сметам дека прогресивниот данок е праведен и дека треба да се врати назад во Македонија АМА вака напишаната реформа е најидиотското нешто што го имам прочитано во животот. Овој што ја пишувал реформата, не само што треба да лета од министерство, туку треба да добие забрана за бавење со било каква економска дејност како би го заштитиле од самиот себе. За ваква глупост мора оставка да лета, година ипол имаше да спреми даночна реформа и он ни презентира документ со вредност на искористена тоалетна хартија. Само во ФИРОМ може даночни реформи да се носат во декември без да има било каква најава од кога ќе важат истите. Правната сигурност која носи поени на идиотски листи ко дуинг бизнис у гз си ја начукале.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Идеолошки сметам дека прогресивниот данок е праведен и дека треба да се врати назад во Македонија АМА вака напишаната реформа е најидиотското нешто што го имам прочитано во животот. Овој што ја пишувал реформата, не само што треба да лета од министерство, туку треба да добие забрана за бавење со било каква економска дејност како би го заштитиле од самиот себе. За ваква глупост мора оставка да лета, година ипол имаше да спреми даночна реформа и он ни презентира документ со вредност на искористена тоалетна хартија. Само во ФИРОМ може даночни реформи да се носат во декември без да има било каква најава од кога ќе важат истите. Правната сигурност која носи поени на идиотски листи ко дуинг бизнис у гз си ја начукале.
А што очекуваш да прават ?
Прогресивен данок е ок во држава каде работите се средени, каде данок се троши како треба, кај нас е обратно.
И со овој данок нема ништо да постигнат, луѓето ќе најдат начин да ги заобиколат работите и тоа е.
Наместо да се фатат на средување на судството и инспекцијата, работи кои ќе вродат со подобра бизнис клима и нормално странски инвестиции, они ги креваат даноците.
Кога некој ќе бира дали Бугарија или Македонија, нормално дека ќе избере Бугарија бидејќи Бугарите имаат помали даноци. Ако некој сака да инвестира во средена држава како Германија ќе инвестира во Германија, а не на Балканот.
Толку утнати економисти имаме тоа е чудо, професори т.е доктори на науки воведуваат мерки, ко ние да сме небаре Германија, се функционира ко сингерица, па сега на буџетот му треба малку зајакнување па ајде некои мерки.
На државата и треба странски капитал од околу 20тина фирми што ќе вработуваат 1 до 5.000 луѓе и да почне да се качува платата врз база на конкуренција на берзата на трудот. За 2 години ќе се осети разлика во животниот стандард.
Ама за ова да се случи треба средува судство и инспекција што е доста тежок проблем, барем така го прават политичарите, мада мислам дека ова најлесно може да се среди.
 
B

Bafra

Гостин
Многу сте песимисти, не сте фер. Па видете нашиот докажан економски гуру Бранимир Јовановиќ што кажува:

Еве ќе ви кажам и нешто друго, сега не сакам да испадне дека се фалам, ама денеска утрово ми се јавија од една истакната, голема амабасада и ми честитаа за тоа како го водиме процесот, рече синоќа во дебата на 1ТВ, советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ. Тој зборуваше за тоа дека носењето на промените во даночната сфера ги водат најтарнспарентно па се пофали (иако не сакаше) дека имале доста пофалби.

„Ми се јавија и ми кажаа дека не виделе до сега толку транспарентен и толку инклузивен процес. Законот го објавивме на нашиот сајт уште пред да биде ставен на ЕНЕР. На ЕНЕР пет дена треба да стои најава за закон, па после се објавува текстот. Ние го објавивме пред тоа. :vozbud: Ни кажаа и дека сме направиле анализа како никогаш до сега што не е направена, не пофалија што сме отворени за јавноста. Да не испадне дека се фалам ама добро го менаџираме овој процес, речe Јовановиќ. :bravobe:


Стварно сме неблагодарни, дечкото како докажан економиски гуру, се грижи за сиромашните. Тоа што фамилијарно само возен парк им е ц.ц. 100.000 еур е лична работа. :pipi:

Да бидеме реални, сега за сега нема потреба од даночна евазија а и можностите се ограничени во дигиталната ера.
Како ќе ескивирам данок на дивиденда ...
Како ќе избегнеш плата да ти е под 90.000 .... за на рака да ти ги даде, газдата ќе треба да ги извади од сметка, а тоа се оданочува.
Како ќе намалиш износ на киријата ...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Од кога стапува во сила тоа со 15 посто на заштеди со камата над 15000, на годишно ниво и за 15 посто на игри на среќа?

И како они мислат да го спречат тој што има таква камата да ги подели парите на два, три или колку и да треба акаунта? (на лица од сопствена фамилија и сл.)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Од кога стапува во сила тоа со 15 посто на заштеди со камата над 15000, на годишно ниво и за 15 посто на игри на среќа?
Од 2020
И капиталната ќе биде тогаш, барем според Тевдо.
 
B

Bafra

Гостин
Од кога стапува во сила тоа со 15 посто на заштеди со камата над 15000, на годишно ниво и за 15 посто на игри на среќа?

И како они мислат да го спречат тој што има таква камата да ги подели парите на два, три или колку и да треба акаунта? (на лица од сопствена фамилија и сл.)
Па целна група не им се тие што имаат помали заштеди. Имаш луѓе со заштеди од неколку 100ци илјади евра, па на колку луѓе треба да подели и од кај е сигурен дека ќе му ги вратат :D. Или самци, или некои немаат деца, фамилии блиски па да делат.
Население во МКД има ц.ц. 4 милијарди евра депозити, па сеа ти види.

А можно е и намерата да им е, народот да ја финансира државата (како банките што купуваат). Со оглед на тоа што данок на тие камати не се плаќа, многу да се префрлат таму.
Е сега, државата има право и моќ, доколку има проблеми, да ја пролонгира исплатата ;)
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Народот попрво ќе ги извади влоговите и ќе ги чува парите под перница, неголи да плати данок на камата.
Нема да земе камата, ама и државата нема данок да земе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom