НАСА да сакаше да ги открие сите свои тајни проекти и истражувања сега ние ке бевме многу понапред со технологијата. Исто така Америчката влада да ги покажеше сите изуми кои Тесла ги направил,и не само он, и другите научници од другите земји за кои ние помалку знаеме, исто ке бевме многу понапредна цивилизација. Ама на некој му одговара народот да е глуп и да биде постојано под притисок, закана, да прави жртви во животот за да биде контролиран, послушен, програмиран робот кој ке следи некои политичарчиња кои директно влијаат врз квалитетот на животот на сите луѓе, т.е го успоруваат развојот на човештвото во секој поглед. Само, ние тоа им го дозволуваме, народот кој е 98 % од популацуијата во светот, а само оние 2% се "владетелите", и поради тоа се помоќни од нас. Свеста треба да се дигне....но тоа е поширока тема, да не одолговлекувам.
Наместо оган како енергија која го покренува моторот може да се сконцентрираат сончевите зраци преку конкавни огледала
во една точка каде ке има голема топлина на металната површина и со тоа ке се покрене моторот и понатаму таа механичка енергија може да се користи или претвори во која друга енергија.
Засекогаш ќе има нафта...
Од друга страна пак кога тие еколошки возила ќе се распространат...цената на нафтата ќе падне така да повеќе нема да биде важно на што возиш,освен доколку не те гризе еколошка совест
А ако на еколошките возила гледаш од аспект на загадување, само да напоменам дека таканаречените еколошки возила загадуваат многу повеќе.
Ако сакаш најевтин превоз тогаш користи точак или автобус.
Сепак водата ке биде поефтина и подостапна од нафтата на било кое место во било кое време, освен во Сахара и слични области.
исто и bmw има напраено на водород серија 7 само што bmw го користи во течна форма а не како гас односно го лади првин па потоа го става во резерварот како бензин што ставаш.
Ладењето е скапо, водородот за да биде течен треба да се олади на -172 Целзиусови степени (отприлика), а за тоа е потребна многу потрошена енергија во некој замрзнувач, што значи скап производ т.е скапо течно гориво.
Постојат едни нови истражувања, произведен е материјал во вид на сунѓер кој го апсорбира водородот од гасна состојба и го претвара во цврста како цигла. Потоа со загревање на тој материјал (не знам за колку степени) самиот водород се одвојува и пак се враќа во гасна состојба. Целта е да не се користи боца под притисок,бидејки е премногу опасно да се става под притисок водородот, поготово ххо гасот што е составен и од водород и од кислород, што всушност таква боца би била еден вид водородна (хидрогенска) бомба, а знаеме колку водородните бомби имаат појако разорно дејство од атомските, така да тоа е многу опасна комбинација, туку со употреба на евтин материјал да се воведе во врста состојба и потоа да се испушта како гас во количини онолку колку што му е потребно на моторот нормално да работи.