Едуарда „Дуда“ Аморим и Никола Карабатиќ ракометари на годината според IHF

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Ilumious, 25 февруари 2015.

  1. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    73.999
    Допаѓања:
    148.137
    [​IMG]
    Со 35.2% oд гласовите, репрезентативката на Бразил и лев бек (како и идна македонска снаа :icon_lol: ) на унгарски Ѓер, Дуда Аморим, ги остави зад себе Романката Кристина Неагу со 25.8% и Норвежанката Хајди Локе со 16.8% од гласовите и го доби признанието од IHF за најдобра ракометарка на светот за 2014 година. Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров иако ги скина предните вкрстени лигаменти на крајот од годината, сепак беше една од главните ракометарки кои му помогнаа на Ѓер да ја одбрани шампионската титула и во Унгарија и во Европа. Таа е втора Бразилка која го освојува ова признание по нејзината сонародничка Александра до Нашименто во 2012 година.

    Францускиот среден бек и играч на Барселона, Никола Карабатиќ, го освојува ова признание со 33.7% од гласовите по успешното завршено светско првенство во Катар за неговата Франција, како и водењето на Барселона на Ф4 турнирот лани во Келн. Данецот Микел Хансен кој настапува за француски ПСЖ е втор на ранг листата со 21% од гласовите, додека најдобриот играч на штотуку завршеното СП во Катар, голманот Тиери Омејер е трет на листата со 19.5% од гласовите. Ова е втор пат како Карабатиќ го добива ова признание, по 2007 година.
     
    На jyvation, KembaW, ХулахопкиСоТочки и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.702
    Допаѓања:
    41.222
    Поздрав за @ElNinho од ИХФ :D
    Сосема заслужен избор и на двајцата...
     
    На ManUtdChampions и Ilumious им се допаѓа ова.
  3. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    73.999
    Допаѓања:
    148.137
    Исто и за @leandra може да се прати поздрав :D
     
    На Ivica^ и leandra им се допаѓа ова.
  4. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.594
    Допаѓања:
    38.364
    цццццццц
     
  5. ElNinho

    ElNinho Мадридиста!

    Член од:
    17 јули 2009
    Мислења:
    19.746
    Допаѓања:
    51.064


    :kafence:
     

Сподели преку: