Едрење - празник за душата или...

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489










Иако ја нема бруталноста која што ја има рагбито и физичката способност која е барана кај боксот, верувале или не, едрењето се важи за еден од најопасните спортови во светот.

The-round-the-world настанот, кој започнува овој месец во Аликантес, Шпанија, секогаш ни ги прикажува на виделина способностите, кондицијата и издржливоста на секој од натпреварувачите кои ќе мораат да се докажуваат се до јули, 2009-та година.

Колку само да дадам претстава на кајганџиите колку опасен може да биде овој спорт и што би можело да ги очекува екипите кои во наредните 9 месеца ќе се борат за врвот, ќе напоменам само неколку трагедии што се поврзани со овој навидум лесен и пријатен спорт за око. Но тука нема двоумење - ова не е спорт за "слаби" луѓе.

Септември 2008 - Régates Royales-Trophée Panerai
Жртви: Една


Вилфред Тулхурстбеше убиен во Régates Royales-Trophée Panerai трката со едрилици, која се оддржа во Медитеранско Море. Движејќи се по 8 метарската едрилица, Тулхурст доби удар по главата од дел што се откачи од едрилицата. Иако спасителите дојдоа набрзо и сторија се да му го спасат животот, Тулхурст им подлегна на повредите.
Случајот е се` уште под истрага од полицијата за да се дознае причината за неисправноста на бродот.


Декември 1998 Sydney to Hobart Race
Жртви: Шест


Еден од најтажните деновиво едриличарскиот спорт е 26-ти декември, 1998, кога се оддржа годишната Сиднеј до Хобарт едриличарска трка.
Силни ветришта и невремиња го погодија Австралискиот Залив и само 44 брода успеаја да ја завршат трката. Да преминеме на темната страна: 5 брода потонаа, 66 се повлекоа од трката, 6 натпреварувачи загинаа а 55 беа спасувани со помош на хеликоптери.
Загинаа: Мајк Бенистер, Глен Чарлс, Џон Дин, Брус Гај, Џим Лолер, Филип Скигс, а бродовите што потонаа беа: "Winston Churchil"l, "VC Offshore Stand Aside", "Sword of Orion", "Miintinta", и "Midnight Special".



Август 1979 Fastnet Yacht Race
Жртви: Петнаесет


Суровите бури во Ирското Море, успеаја да одземат 15 човечки животи и да потонат дури 300 бродови. Мирното летно августовско попладне се претвори во вистински ноќен кошмар кога сонцето се покри со густи и темни облаци.
Како што бурата беснееше, едрилиците, бродовите за спасување, рекламните бродови и дури и хеликоптери кои се наоѓаа на западната страна од Англискиот Канал беа вклучени во дотогаш најголемата операција за спасување од страна на владата на Велика Британија. На крајот, 125 едриличари беа спасени и пренесени на безбедно, додека животите на 15 не можеа да бидат спасени.
Со оглед на епилогот на трката, сосема неважен податок е дека 69 брода не ја завршија трката.



И, дали (ако сте имале) се` уште имате желба да се занимавате со едрење или па се` уште мислите дека е еден од најрелаксирачките спортови?
Дали некогаш сте имале можност за едрите?
Знам дека во Македонија има неколку едриличарски клубови, кои имаат тренинзи на Охридското Езеро, но сепак тоа е езеро и нема бури какви што би настанале на отворено море или океан.

Јас само од моето досегашно искуство со спортови на вода, можам само да кажам дека со вода не се игра. Колку и да си добар пливач, таа е уште подобар убиец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom