Едно прашање по ''физика''

В

Вештерот

Гостин
Професорот ви дал одлично прашање од кое можете да научите многу за вртежен момент.
http://en.wikipedia.org/wiki/Torque
На горниот линк ќе најдеш една формула која вика дека колку повеќе си оддалечен од оската на вртење толку помала сила ти треба да завртиш нешто. На ист принцип делува и лостот. Не за џабе рекле дај ми голем лост и ке ја подигнам земјата.
Што е тука поврзано со прозорецот?
Епа ако го отвараме нанадвор рачката треба да биде кај пафтите (инаку не ќе можеме да ја дофатиме па да го затвориме прозорот. Кај вратите е сеедно дали е навнатре или нанадвор бидејќи можеш да се помрдниш. Прозорот е едноставно надвор и не би можел да ја фатиш рачката, ако е како кај денешните прозори на спротивна страна од пафтите). Значи битен е положајот на рачките одноосно на кваката на вратата. Ако е кваката кај пафтите тоа значи дека ќе ни треба поголема сила да ги отвараме и затвараме прозорците. Вака како што се сега кваките наместени на спротивна страна од пафтите ни треба минимална сила.
Исто важи и за вратите.
Професорот малку ве збунал. Требало да ве праша зошто кваките од вратите не се до пафтите туку на спротивната страна.
Друго објаснување не постои
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За тоа кога ќе земе жена ти да ги брише комшијата да ја гледа поубаво. :vozbud: :нинџ:
 
В

Вештерот

Гостин
Аха заборавив уште нешто. Ова второво што го пишувам и не е толку важно ама ако е прозорот отворен на надвор и ако ти се тегниш во некои незгодни положаи го влечиш прозорот под некој агол. И тоа допринесува да мораш да употребиш поголема сила. Види таму синуси косинуси има во формулите. Навнатре ако се отвара прозорот можеш да се помрдниш и да си цело време под прав агол и со тоа ти треба помалку сила при вртење.
Ако случајно некаде грешам нека ме поправи некој кајганџија али 99% сум сигурен дека горното објаснување е доволно. Ова второво е како надополнување.
И со среќа утре на тестот ;)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
а овај професорот да не ве дупчи малце а ???
мене така ми мириса работата.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
А што правиме со прозорците на машински факултет? Таму ротираат околу средишната оска, така да идат истовремено и нанадвор и навнатре отворени.
Чист ПАРАДОКС!!! :eek:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.050
Поени од реакции
4.700
Професорот ви дал одлично прашање од кое можете да научите многу за вртежен момент.
http://en.wikipedia.org/wiki/Torque
На горниот линк ќе најдеш една формула која вика дека колку повеќе си оддалечен од оската на вртење толку помала сила ти треба да завртиш нешто. На ист принцип делува и лостот. Не за џабе рекле дај ми голем лост и ке ја подигнам земјата.
Што е тука поврзано со прозорецот?
Епа ако го отвараме нанадвор рачката треба да биде кај пафтите (инаку не ќе можеме да ја дофатиме па да го затвориме прозорот. Кај вратите е сеедно дали е навнатре или нанадвор бидејќи можеш да се помрдниш. Прозорот е едноставно надвор и не би можел да ја фатиш рачката, ако е како кај денешните прозори на спротивна страна од пафтите). Значи битен е положајот на рачките одноосно на кваката на вратата. Ако е кваката кај пафтите тоа значи дека ќе ни треба поголема сила да ги отвараме и затвараме прозорците. Вака како што се сега кваките наместени на спротивна страна од пафтите ни треба минимална сила.
Исто важи и за вратите.
Професорот малку ве збунал. Требало да ве праша зошто кваките од вратите не се до пафтите туку на спротивната страна.
Друго објаснување не постои
Ако е за така, лесно се решава проблемот со една врвца врзана за прозорот. :) Или рачка сеедно. :)

Инаку, употребената енергија е иста во двата случаи. Во едниот случај само поминуваш помало растојание, а повеќе сила, во другиот случај поголемо растојание, а помала сила.
 
Одговорот ти е добар. Исто и твојот одговор со бомбите е добар.
Меѓутоа ова е прашање за во средно школо или основно и мотивот е повеќе педагошки. Причината е да учениците полесно запамтат некои основни работи и принципи. Затоа се одлучив за објаснување со вртежен момент отколку за практични и технолошки решенија со рачки и слично. Сепак во пракса е подобро да е силата помала отколку растојанието. Едноставно е полесно да искачуваш 10 помали скали отколку 3 повисоки.
Ако е прозорот отворен нанадвор истотака постои опасност да го откорни ветар. Ама и ова е повеќе практичен проблем отколку проблем кој би бил решение на некоја задача по физика во средно.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
za da mozat zenite ds gi mijat od nadvoreshnata strana a i zaradi roletnite.End of story
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ако е за така, лесно се решава проблемот со една врвца врзана за прозорот. :) Или рачка сеедно. :)

Инаку, употребената енергија е иста во двата случаи. Во едниот случај само поминуваш помало растојание, а повеќе сила, во другиот случај поголемо растојание, а помала сила.
Одговорот ти е добар. Исто и твојот одговор со бомбите е добар.
Меѓутоа ова е прашање за во средно школо или основно и мотивот е повеќе педагошки. Причината е да учениците полесно запамтат некои основни работи и принципи. Затоа се одлучив за објаснување со вртежен момент отколку за практични и технолошки решенија со рачки и слично. Сепак во пракса е подобро да е силата помала отколку растојанието. Едноставно е полесно да искачуваш 10 помали скали отколку 3 повисоки.
Ако е прозорот отворен нанадвор истотака постои опасност да го откорни ветар. Ама и ова е повеќе практичен проблем отколку проблем кој би бил решение на некоја задача по физика.
одговорите и на двајцата ви се слични и мислам дека се точни друго ни неможе да биде .Анализатор нема да правиме тест не се секирај беше само да размислиме за дома али ја размислуваф едно 5 мин и сватив дека не сваќам и си велам ај тука да си прашам има паметни луѓе и еве се најдоаа. фала ногу :cuc:;)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.050
Поени од реакции
4.700
Одговорот ти е добар. Исто и твојот одговор со бомбите е добар.
Меѓутоа ова е прашање за во средно школо или основно и мотивот е повеќе педагошки. Причината е да учениците полесно запамтат некои основни работи и принципи. Затоа се одлучив за објаснување со вртежен момент отколку за практични и технолошки решенија со рачки и слично. Сепак во пракса е подобро да е силата помала отколку растојанието. Едноставно е полесно да искачуваш 10 помали скали отколку 3 повисоки.
Ако е прозорот отворен нанадвор истотака постои опасност да го откорни ветар. Ама и ова е повеќе практичен проблем отколку проблем кој би бил решение на некоја задача по физика во средно.
Да, да целосно се согласувам.
Само мала корекција на болдот, подобро е да поминиш повеќе растојание притоа употребувајќи помалку сила. :)
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
А ти заеби го професорот и речи му "кај нас у село,сите прозорци ги отвараме на надвор".
 
Kajgana Shop

На врв Bottom