Во градинка одев од 2 годинки, моите работат па немаше кој да ме чува. Си најдов едно другарче и многу се сакавме, што не и правевме на учителката заедно :nesvest:
Таа кутрата, ептен крупна женичка ама немажена.. И насекое купуваше некои апчиња за да ослабе. Заедно со тогашниот “дечко„ и ги земавме апчињата и ги истуравме во вц то. Еднаш имаше купено апчиња од 4000 ден, кога и ги истуривме дојде кај мене дома и мајками мораше да и ги плати:jaj:
Исто во градинка мораше да спиеме по 1 и пол саат, во една просторија бевме и машки и женски само со завеса бевме поделени. Кога ќе легнеа сите и воспитувачките си заминеа, си легнував во креветчето кај дечкоми, се гушкавме и така заспивавме

Кога ќе не видеа така ги викаа неговите и моите на разговор

Како да не одделеле :pos2: Мама знаеше колку се сакаме па им рече да ни спојат 2 креветчиња и да не остават да спиеме заедно :je:
Сега ептен многу се дружиме со „бившиот„ многу си го сакам :back:
Со него “одевме„ 2 години... Оооо љубоввв :pos2: